едит-знаете кога ќе има реприза на тв? сакам да го гледам пак.
Гледав на пресконференцијата за концертот како кажуваат дека е дозволена една снимка да извршат телевизиите кои го пренесуваа концертот, но таа снимка мора да е извршена најдоцна со 6ти октомври. А само пинк даваа снимка, другите не даваа телевизии.
Веројатно ова е зашто ќе се издаде ДВД снимка од концертот (ова претпоставувам јас).
Како прво, ако се зачленуваш на форуми за да вреѓаш си го утнал форумот.
Како второ, ова е форум каде секој си го искажува своето мислење на одредена тема.
И како трета, дали на Марович му падна круната поради тоа што пееше на македонски или пак на Тржан што пола песна ја испеа на српски а пола на македонски. Доколку, како што викаш ти, беше ова концерт за сите зошто тогаш поголем дел од песните беа испеани на српско-хрватски? Зошто немаше пропорционалност од типот пола македонски пола српски? Зошто на никој освен на Гоца не му текна да ја испее песната на 2та јазика?
И само за ваша информација (не знам кој спомна) јас не бев дел од идиотите кои ги исвиркуваа Бугарите. И доколку продолжите да користите навреди на форумов мислам дека нема далеку да стигнате ни вие, а ни форумов. поздрав
Тие поголем дел од песните да те известам се вкупно 3 песни.
Значи не се ни 1/4тина од песните, а камо ли половина.
Прво беше Једина поточно Громови на душа на македонски, песна која што ја обожавам и навистина ми беше криво што ја пееја на српски. Но нашата публика си ја испеа целосно на македонски дури и го испомешавме пејачот. Но во моментот милиони обожаватели на Тоше од целиот балкански полуостров ја знаат таа песна на српски јазик. Зашто тие десетици милиони фанови да не се испочитуваат?
Втора песна беше Цреша што ја пееше Жејко Санарџич и повторно ние си ја пеевме на македонски.
Трето песната 1200 милји а Гоца Тржан ја испеја пола пола.
Срце није камен ја пееше Бугаринот, а од таа песна постои само српска верзија.
Чија си ја пееше Леонтина и таа песна има единствено српска верзија.
И секако Јесен у мени, една од омилените песни на Тоше.
Е сега овие се оправдани зашто Тоше ги отпеја само на српски а другите за кои има македонска верзија требаше на македонски така???
Епа малце треба повеќе да научиме што е тоа почит кон сите луѓе.
Концертот не беше за нас македонците, беше за фановите на Тоше.
И сите мислам дека се испочитуваа. Ама ние сме толку себични да не знаеме да сакаме.
Зашто никој не се лути за пеењето на италијански и англиски???
Зашто Тоше сакаше светска слава, а за да стигне до таа требаше да го освои прво балканот. Тој си пееше на српски и ние почитувавме, сега не треба да претеруваме.
Едноставно само треба да научиме една работа. Да ги цениме неговите фанови од секој крај на светов. Како што тие го сакаат Тоше и ние нив да ги сакаме.
И навистина ми е жал што го нема. Зашто голем дел од нас научија што беше целта на Тоше, но уште поголем дел не научија.
Барем мал дел од овие убави реченици да ги почитуваме и искрено да сакаме ќе биде сосема доволно.