Јас имам проблем со мојов.неможам во раце да го фатам мн.гризе.Едвај сега некако се качува на куќата и ме грицка по раката па после се качува.А незнам што раса е.Кога го земав ми изгледаше како обичен глушец:nesvest:
Јас имам повеќе хрчаци и сите се различни. Едниот мажјак е многу питом, другиот е помал и е плашлив. Едната женка е многу радознала и сака да шета на секаде, питома е, а другата е подива и каса, но ме нема каснато до сега за среќа
, туку пенкалото со кое и го проверувам понашањето го има испокасано многу пати. Но тоа на почетокот...Сега ми јаде од рака и дава да се држи. Најлесно да се спитоми хрчак што каса е со тоа што највеќе го сакаат и ги интересира-храна
Само не треба да ти мириса раката на храна зашто можат да посегнат по неа.
Постепено ќе му даваш храна прво со прсти, после ќе ја ставиш на дланка да ја земе (исто така можат да каснат ако се исплашени, па ако почне да ти зема или јаде храна од раката не се плаши и има малку доверба во тебе). Нека помине некое време, ќе ти го научи мирисот на раката и постепено можеш да ја креваш раката и да ти седи, јаде, движи на дланка. Сите движења што ги правиш треба да бидат спори. Ако го кренеш малку и сака да скокне, пушти го , ќе пробаш пак. Ако го задржиш со сила (кога сеуште не е спитомено) може да се исплаши, испаничи или касне и ќе се раскине "довербата". Исто така кога му даваш храна во процесот на припитомување допирај го нежно постојано за да види дека ништо страшно не се случува. На крај, како резултат ќе добиеш питом и толерантен хрчак
--- надополнето ---
Има едни видови хрчаци што се напротив многу дружељубиви и паѓаат во депресија доколку нема уште еден хрчак со нив во аквариумот, не ми текнува како се викаа. Особено треба да се внимава ако се земе таков тип хрчак затоа што не сакаат да се мешаат со некои други видови бидејќи може да се степаат и тоа да доведе до смрт. Информирајте се убаво таму каде што ќе го купите затоа што неретко и продавачите не знаат каков тип е хрчакот.
Џуџести хрчаци. Тие живеат во заедница за разлика од "обичните"-сириски кои се големи територијалци и живеат сами. Џуџести хрчаци има два вида-Сибирски (или роборовски) и Tinkerbell.
--- надополнето ---
Од 10 до 15. И нормално дека се чуваат со мајката, пошто цицаат. Не се потребни посебни услови, само таткото не смее да е со нив пошто ќе сака да ги апне. За храна... си имаат во млекото се` што им треба.
И одбегнувај овошје и зеленчук да и даваш дур ги дои.
И не толку битна информација, пошто самите ќе почнат да си јадат... Веќе после 1вата недела ќе можат со нормална исхрана да почнат. И пожелно е витамин Ц да им давате.
И тоа би било тоа.
Ех, да раѓаа 10-15 немаше да бидат 500 ден по пет-шоповите. Од 1 до 6, обично 3-4.