Како и е крива ЕУ на Хрватска ?
Иначе малце е поинаква приказаната од златото во Беласица.Нафта и гас има во Јадранот и веќе се вади (Хрватска задоволува околу 30-35% од своите потреби со домашно производство). Италијаните веќе на нивната страна ја црпат,само што Италија е едно 12-13 пати поголема земја и потешко се задоволуваат нејзините потреби,а на северниот дел од Јадранот Хрватска и Италија веќе пола пола имаат платформи и вадат гас ако не се лажам.
Овие истражувања се за јужниот дел на Јадранот.Црногорците си најдоа веќе дека на нивниот дел има нешто.Уште од 70ти се направени истражувања кои викаат дека има нафта (мислам дека пред да се распадне Југославија требало да се направат нови,но војната ги има прекинато),но донесен е заклучок дека во тоа време не е комерцијално исплатлива да се вади.
Е сега од тогаш нафтата е едно 5 пати поскапа и тоа што некогаш не се исплатело сега се исплати.Башка и напредокот во технологиите за бушење и црпење и тоа што пред 40 години било скапо да се вади сега е ефтино.
Тие норвежаните што ги имаат правено снимњата се озбилна фирма која низ целиот свет прави снимања и во случај да најдат нешто интересно ги продаваат тие снимки на заинтересираните компании.
А чим решиле да ги понудат снимките и резултатите тука има нешто,само никој не знае колку е тоа нешто и дали ќе се нафати некој да го вади тоа.
Чисто се сомневам дека има доволно да ја направи Хрватска нова Норвешка или Дубаи,но верувам дека има доволно за да ја направат енергетски независна држава.Ова е далеку од готова работа и мали се шансите да се почне да се црпи таа нафта во наредните 5-6 години,а не па да станат нова Норвешка,но дека е озбилен муабетот и те како е.Многу посериозна работа од златото во Беласица и нафтата во Овче Поле.
p.s Што се однеснува до демографијата и таква покосена е меѓу најдобрите во регионот.