Хрватска од утре 28 членка на Европската Унија

Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Полека, но сигурно се намалува поддршката за влез кон ЕУ и на се повеќе луѓе им се отвараат очите
за тоа како таа организација функционира и кои се нејзините цели.

Патетично е да се зборува како ЕУ ни е единствениот спас, а ако не сме влегле ќе се распадне државата.

Ние си имаме огромен проблем, кој произлегува од нас самите, од нашите политичари кои се немоќни, корумпирани
и незнаат/несакаат да ја направат Македонија економски и политички посилна.

Ако ние не си ја спасиме земјата, никој нема. Ако мислите дека чичковците од ЕУ се многу хумани и со добра душа,
па ќе ни го направат животот поубав, ќе ни дадат пари (без ништо да ни земат), страшно сте се излажале.

Влез во ЕУ ништо не би ни гарантирал. Ние и во ЕУ и без ЕУ би биле вукојебина. Пак се ќе зависи од нашите политичари,
а како народ сме покажале дека не сме способни од тука да произлезат способни и чесни луѓе кои ќе работат за доброто
на сите нас.

Македонија сега, и државава кога би била во ЕУ (под некое друго име) нема значајно да се разликуваат.. секојдневните проблеми ќе бидат исти гледано економски,етнички и политички.

Индивидуално на некои од нас, по евентуален влез во ЕУ би ни се посреќило па ќе избегаме да живееме во Западна Европа.. ама мнозинството пак ќе си живее во истото секојдневие (можеби малку подобро, или пак полошо).
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Реакции на хрватските бранители:

"Не постои ниту една оправдана причина заради која што Република Хрватска би требала да биде членка на унијата, со која владее чопор бескрупулозни шпекуланти и политички блефери"

"Ни ум, ни мудрост, ни глупост, туку страв, стравот од слободата долго и суверено владее меѓу хрватската политичка елита, кој не доведе сите заедно тука каде што сме денес на 1.јули 2013 година. Хрватската држава и Хрватскиот народ повторно го губат својот политички, економски и правен суверенитет - во замена за што?"

http://www.dnevno.hr/vijesti/hrvatska/90330-branitelji-o-eu-njome-vladaju-spekulanti-i-bleferi-generacije-iza-nas-pitat-ce-se-sto-smo-ucinili.html

.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Она што ми е најиронично кај екс-ју државите е што се потепаа за независност (во буквална смисла на зборот), се колеа, убиваа, мразеа, а сега сите сакаат да влезат во унија, во која горе-доле пак ќе бидат едно и ќе немаат граници. Не викам дали е добро или лошо, али интересна забелешка е.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Хрвативе нема да губат дур не влезат во Еврозона. Повеќе ќе земаат од фондовите него што ќе даваат.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Хрвативе нема да губат дур не влезат во Еврозона. Повеќе ќе земаат од фондовите него што ќе даваат.

Хрватска влегува во ЕУ, но се соочува со неизвесна иднина

...И покрај помпезноста, многу Хрвати се загрижени за финансиската иднина на земјата, а некои велат дека граѓаните можат да се разочараат откако ќе сфатат дека камиони натоварени со пари од Брисел не чекаа на словенечката граница за да влезат во Хрватска на полноќ на 1-ви јули .
Напротив, експертите велат дека граѓаните и властите треба да бидат подготвени за нови предизвици.

Пристапувањето во ЕУ претставува позитивна пресвртница за Хрватска. Растргната од конфликт пред само две децении, сега земјата е стабилна демократија, способна за преземање на обврските од членството во ЕУ и одржување на мноштвото стандарди на Унијата.

Но, остануваат значајни прашања со кои Хрватска ќе треба да се соочи, меѓу кои стапката на невработеност која изнесува околу 20 отсто, опаѓањето на животниот стандард, ендемската корупција кај нејзината политичка елита и меѓународниот кредитен рејтинг кој опаѓа.

Никола Вуљаниќ, еден од претставниците на Хрватска во Европскиот парламент, изјави дека граѓаните не треба да очекуваат големи пари од ЕУ.

„Никој во ресторан нема да ви понуди бесплатен ручек, нели? Ние треба да работиме многу, многу напорно за да ги добиеме парите од ЕУ. Позитивно е тоа што граѓаните ќе го искусат владеењето на правото во вистинска смисла за прв пат во историјата на Хрватска. Граѓанинот е во центарот на вниманието во европскиот правен систем и тој е заштитен со сите важечки закони. Исто така, постојаниот контакт со европскиот народ дефинитивно ќе биде корисен, изјави Вуљаниќ заSETimes.

Во моментов има 370.000 невработени лица во Хрватска, и таа бројка брзо расте. Од 1-ви јануари, 12.000 ги загубиле своите работни места. Просечната плата во Хрватска изнесува 700 евра месечно.

Работниците се надеваат дека ќе има повеќе можности за вработување за нив во Европа отколку во Хрватска. Иако членството во ЕУ значи слобода на движење, тоа не мора да значи слобода на вработување. Унијата им овозможува на земјите да го ограничат вработувањето на граѓаните на новите земји-членки до седум години.

На Хрватите нема да им биде дозволено да работат во Австрија, Белгија, Англија, Германија, Холандија или Словенија две години. Романија, Португалија, Финска, Шведска и Словачка рекоа дека нема да стават ограничувања за вработување на Хрватите.

Ладо Гојковиќ, 35-годишен невработен жител на Загреб, изјави дека ЕУ нема да донесе ништо ново за граѓаните.

„Во некои земји на ЕУ ќе има забрана за вработување... Сепак, луѓето треба да сфатат дека никој нема да затропа на нивните врати и да им понуди работа од соништата. Досега немав среќа да најдам соодветна работа во Хрватска, но сигурно ќе барам нешто во земјите на ЕУ“, изјави ГојковиќSETimes.

Иван Ковачевиќ, претседател на хрватскиот Сојуз на градежни работници, изјави заSETimesдека повеќе од 40.000 работници во градежниот сектор ги загубиле своите работни места во последните четири години и дека повеќе од 30 градежни компании банкротирале во изминатата година.

„Ситуацијата на која сметаме по 1-ви јули е дека нашата компанија ќе оди да работи во Европа. Поголемиот пазар на работна сила значи поголема конкуренција, но тоа е нашата единствена надеж сега. Можам да кажам дека иднината е неизвесна“, рече Ковачевиќ. ...

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/articles/2013/07/01/reportage-01
.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Аи аи, што не се изначитав како на Хрватите и на нас нени требало ЕУ таму лошо било, како демек ние сме биле спремни за преговори и експресно ке сме ги завршиле само Грција ни била једини проблем, прво секој што мисли дека не ни треба ЕУ со должна почит е глуп човек, зошто ни треба неми се ни објаснува али причините се милион и една, не само на Македонија, туку и на Србија и Хрватска и Босна и остали, друго што се изнасмејав демек сме биле спремни само Грција не кочела, еве рецимо со некое чудо Грците ја тргнат блокадата и почнеме со преговори, па колку сме утепани преговирите нема да ги исполниме следниве 20 години, кај нас ништо не функционира, почни од администрација, судство, полиција, обвинителство, владеење на право и правна држава, почитување на човекови права и други општествени институции, за се ова да се среди минимум 20 години со што да се работи домаќински и одговорно, али моментално како што гледам се работи се само домаќински и одговорно не.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.782
Поени од реакции
21.188

А извини што ке те прашам вака ама од кога тоа е битно за да влезеш во Еу. Мислам алоо тоа се приказни за мали деца.Ако беше тоа нешто битно досега пола членки немаше ни да бидат примени, а другите требаше сами да се исклучат. Искрено тој што мисли дека тоа е некој битен фактор е поприлично наивна личност. И незнам Хрватска што толку исполнува. Корумпирана до коска, задолжена до гуша. За Кипар и да не зборуваме какви проблеми има. Бугарија и Романија и ден денес се светлосни години зад тоа што се бара за да влезеш во Еу. Грција им е приказна сама за себе.
Логичен заклучок. Се е интерес и политика. Ако им требаш или имаат некој ќар од тебе внатре биди како труло јаболко ако сакаш, низ се ке прогледаат низ прсти. Ако не им требаш златен биди пак ке ти најдат мана.Турција чека веќе колку 20 години? Ако беше се така принципиелно досега ке беше внатре. Арно ама не е.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Day 1

http://www.osijek031.com/osijek.php?topic_id=45798

Čini se da se najave o prednostima ulaska u EU počinju ostvarivati. Jučer je Europska komisija odobrila prva dva projekta u Hrvatskoj koji će se financirati iz Kohezijskog fonda Europske unije.

Jedan od njih je izgradnja četiri postrojenja za obradu otpadnih voda u Poreču a drugi, mnogo važniji za nas u Slavoniji, je projekt proširenja i poboljšanja kanalizacijskog sustava u Osijeku i izgradnje postrojenja za obradu otpadnih voda.

Projekt u Osijeku vrijedan je 72,5 milijuna eura od čega 53 milijuna dolazi iz Kohezijskog fonda, a cilj projekta je poboljšati čistoću vode u Osijeku kroz smanjenje izlijevanja otpadnih voda u Dravu.

Projekt bi trebao biti dovršen tijekom 2016 godine. Očekuje se kako će od ovog projekta koristi imati više od 100.000 ljudi u osječkoj regiji. Također se očekuje da će tijekom provedbe projekata biti otvoreno i 300 novih radnih mjesta.

Projekti su morali biti odobreni od strane Europske komisije obzirom da im vrijednost prelazi 50 milijuna eura.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
А извини што ке те прашам вака ама од кога тоа е битно за да влезеш во Еу. Мислам алоо тоа се приказни за мали деца.Ако беше тоа нешто битно досега пола членки немаше ни да бидат примени, а другите требаше сами да се исклучат. Искрено тој што мисли дека тоа е некој битен фактор е поприлично наивна личност. И незнам Хрватска што толку исполнува. Корумпирана до коска, задолжена до гуша. За Кипар и да не зборуваме какви проблеми има. Бугарија и Романија и ден денес се светлосни години зад тоа што се бара за да влезеш во Еу. Грција им е приказна сама за себе.
Логичен заклучок. Се е интерес и политика. Ако им требаш или имаат некој ќар од тебе внатре биди како труло јаболко ако сакаш, низ се ке прогледаат низ прсти. Ако не им требаш златен биди пак ке ти најдат мана.Турција чека веќе колку 20 години? Ако беше се така принципиелно досега ке беше внатре. Арно ама не е.
За кого како, моментално ЕУ нема политички интерес да не прими експресно, туку ние имаме политички интерес да бидеме примени, плус на сето тоа Грците имаат интерес да се смени името инаку влез во ЕУ само на сон, друга работа тие работи треба да се доведат до некои стандарди во текот на преговорите кога се работи за нас, затоа што тоа ке бидат условите за да влеземе бидејќи несме во позиција за да влеземе без да ги средиме набројаните работи.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
А извини што ке те прашам вака ама од кога тоа е битно за да влезеш во Еу. Мислам алоо тоа се приказни за мали деца.Ако беше тоа нешто битно досега пола членки немаше ни да бидат примени, а другите требаше сами да се исклучат. Искрено тој што мисли дека тоа е некој битен фактор е поприлично наивна личност. И незнам Хрватска што толку исполнува. Корумпирана до коска, задолжена до гуша. За Кипар и да не зборуваме какви проблеми има. Бугарија и Романија и ден денес се светлосни години зад тоа што се бара за да влезеш во Еу. Грција им е приказна сама за себе.
Логичен заклучок. Се е интерес и политика. Ако им требаш или имаат некој ќар од тебе внатре биди како труло јаболко ако сакаш, низ се ке прогледаат низ прсти. Ако не им требаш златен биди пак ке ти најдат мана.Турција чека веќе колку 20 години? Ако беше се така принципиелно досега ке беше внатре. Арно ама не е.
Гледам овде некоj има отговор на моето прашане от повеке от 5 години... - Што е потребно,што се бара за прием во ЕУ?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.657
Гледам овде некоj има отговор на моето прашане от повеке от 5 години... - Што е потребно,што се бара за прием во ЕУ?

во случајот со Романија и Бугарија да биде истиснато влијанието на Русија во Европа,НАТО да се доближи до границите со Русија (ЕУ денес повеќе функционира како политичка заедница водена од големите без кои нема да опстои ни 1 минута)
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
во случајот со Романија и Бугарија да биде истиснато влијанието на Русија во Европа,НАТО да се доближи до границите со Русија (ЕУ денес повеќе функционира како политичка заедница водена од големите без кои нема да опстои ни 1 минута)
Ништо ново,и Југославија беше тампон зона,поблиску до западот отколку до Русија.И што лошо видовме тогаш,барем подобро живеевме за разлика од земјите од Варшавскиот пакт кои беа жива мизерија,додека ние иако бевме во социјализам живеевме како Американци,границите ни беа отворени и можевме било каде да одиме со Југословенски пасош.Зошто сега би се затворале и изолирале кога целиот свет и Европа се поврзува и глобализира?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom