Хрватска од утре 28 членка на Европската Унија

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.371
Поени од реакции
3.962
Од полноќ ЕУ ќе ја добие 28 та земја –членка Хрватска. По 10 годишно преговарање и исполнување на условите за прием, конечно се отвори вратата за влез на хрватите каде очигледно и припаѓат велат од европската комисија.
Според Баросо за граѓаните ова нема да има поголемо значење и тие нема да имаат голем бенефит но Хрватска како и останатите земји ќе има учество во креирањето на европските политики.

- Користа од членството на Хрватска во ЕУ е голема, бидејќи како релативно мала држава таа ќе биде на исто ниво како и другите и ќе учествува во донесувањето одлуки, презицираше претседателот на Европската комисија во изјава за хрватската државна теелвизија.

Хрватска со низа прослави ќе го одбележи влезот во унијата. Се загрева амтосферата на централниот плоштад во Загреб. Во земјата уште од петок пристигнуваат бројни странски државници од земјите - членки на ЕУ и од земјите во регионот. Гостин ќе биде и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

За забавата се ангажирани домашни и странски пеачи а на полноќ ке блесне и огномет. Вовден и е и посебене сообракаен режим а зсилени се и безбедносните мерки. Покрај Загреб, пригодни прослави ќе бидат одржани и во други градови.
Аналитичарите предвидуваат многу предизвикци, бидејќи земјата петта година се соочува со рецесија и со рекордна невработеност од 21 отсто. И бруто домашниот прозивод е 40 отсто под Европскиот просек па отткука Хрвстака во Унијата ке има економски параметри подобри само од Грција.

Епа нека им е со среќа , вака ќе дочекаме и за Србија и Албанија ,а ние ќе останеме засекогаш сами и изолирани. :(
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Не знам шо толку ко точаци на удолница се силите за во та европската?!

Ттури му кyр и бркај си работа...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.371
Поени од реакции
3.962
незнам шо толку ко точаци на удолница се силите за во та европската... тури му кур и бркај си работа.
Друже тие што не се силат за ЕУ се силат на бугарските пасоши , значи лошото е тука кај нас ние само можеме да им завидуваме и да си збориме дека не е убаво :)
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Aбе и бугарите вака скокаја за влез во рајот ама ене ги сега кукаат сегде.

Ги ебаја машки со стандардот, платите исти, а се друго поскапе.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.565
Поени од реакции
634
А следна членка после неколку години ќе биде Србија.(y) Па потоа Црна Гора, а БИХ,Косово,Албанија и МКД ќе видиме, можно е дури и Цел Западен Балкан да се интегрира во ЕУ,само МКД не, бидејки овдека има луди и неписмени политичари..:tapp:
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
10.034
Поени од реакции
15.135
Ни малце не се среќни Хрватите околу ова со Европската Унија.

Во принцип ЕУ е унија на лицемерие и неправда каде врз база на уцена се добива она што се сака.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
А следна членка после неколку години ќе биде Србија.(y) Па потоа Црна Гора, а БИХ,Косово,Албанија и МКД ќе видиме, можно е дури и Цел Западен Балкан да се интегрира во ЕУ,само МКД не, бидејки овдека има луди и неписмени политичари..:tapp:
Не познавам држава со име МКД во западен Балкан.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
незнам шо толку ко точаци на удолница се силите за во та европската... тури му кур и бркај си работа.

Поглупи коментари не сум читал од твоите, ништо лично.

Темава не е за нас туку е за Хрватска. Хрватите заслужија уште одамна да се најдат во унијата. И секако дека ќе имаат огромни предности во користење на фондови, работа во странство. Еврозоната и интеграција во ЕУ не е исто.
Што се однесува до нас ние мора да влеземе, бидејќи ќе не снема од карта ако тоа не се случи во следната деценија.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
10.034
Поени од реакции
15.135
Supervisor: заборави да напоменеш и редуцирање на вработеност покачување на се можно од цени и така натака.

Ни најмалце не е рај како се обидуваат да ја прикажат!!!

Од снемување - тешко, и порано не немало и порано имало неправди, но еве не и ден денес си чатуваме на форумчево !!!

Ќе не снема ако ни направат геноцид ни фрлат нуклеарка и слично. Освен на тој нема друг начин како би не снемало, не постои !!!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Абе ниедна земја од Западен Балкан нема да избега од интеграцијата... Јас не знам како мислевте вие дека овие земји ќе се изолираат. Тие не гледаат корист кај нас, да гледаа одамна ние ќе бевме членки тоа е точно. Сега моментално губеа тие што се во Еврозона како Словенија и Словачка што користат Евро и плаќаат за Грција. Јас не сум запознат за проблемите со Хрватска многу ама знам дека луѓето вчера и денес се среќни што Балканот го оставија зад нив.

Republika Hrvatska nova clanica unije
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
10.034
Поени од реакции
15.135
Абе ниедна земја од Западен Балкан нема да избега од интеграцијата... Јас не знам како мислевте вие дека овие земји ќе се изолираат. Тие не гледаат корист кај нас, да гледаа одамна ние ќе бевме членки тоа е точно. Сега моментално губеа тие што се во Еврозона како Словенија и Словачка што користат Евро и плаќаат за Грција. Јас не сум запознат за проблемите со Хрватска многу ама знам дека луѓето вчера и денес се среќни што Балканот го оставија зад нив.
тоа што читаш по весници или она што кажуваат медиуми ? имам многу пријатели во хрватска комуницирам со нив на дневна база , и како што самите викаат допрва пеколот им претстои . Ти мислиш дека се им е сјано таму , тие се бетер од нас со невработеност и немаштија. Ама тоа е многу брзо верувате во она што ви се сервира од некој друг , идете прашајте како им е на луѓето таму па после бидете среќни за нив !!!!
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
34.137
Поени од реакции
51.807
Епа нека им е со среќа , вака ќе дочекаме и за Србија и Албанија ,а ние ќе останеме засекогаш сами и изолирани :(
Си го утнал смајлито. Вака треба:
Епа нека им е со среќа , вака ќе дочекаме и за Србија и Албанија ,а ние ќе останеме засекогаш сами и изолирани (y)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
тоа што читаш по весници или она што кажуваат медиуми ? имам многу пријатели во хрватска комуницирам со нив на дневна база , и како што самите викаат допрва пеколот им претстои . Ти мислиш дека се им е сјано таму , тие се бетер од нас со невработеност и немаштија. Ама тоа е многу брзо верувате во она што ви се сервира од некој друг , идете прашајте како им е на луѓето таму па после бидете среќни за нив !!!!

Ако веќе почнуваш да пишуваш свашта пиши барем нешто конкретно. Стандардот во Хрватска за нашиот е превисок и сиромаштијата е на многу пониско ниво. Ние и Хрватска е како да ја споредуваш Германија со Романија. Никој од ЕУ не им рекол дека ќе им исчезнат сите проблеми пошто тоа е невозможно и за една Германија, туку дека со текот на времето ќе имаат поволности а најголема од сета е мобилноста и можноста да се преселиш во друга држава и да користиш нивни погодности без никој ништо да ти рече. Не знам јас што мислите вие дека Македонија ќе прави без ЕУ, тие ако треба и насилно ќе не втурнат ние сме никој и ништо и не можеме да избегаме од глобализацијата. Нашите етнички проблеми ќе се решат само со интеграција во Унијата.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
11.662
Поени од реакции
9.300
Демек стварно не сакате Македонија да стане членка на ЕУ, затоа у источиот дел трчаат по пасоши. Едноставно знаете дека нема да влезе земјата и ај да лупаме глупости
 

Kajgana Shop

На врв Bottom