Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.386
KAZUJTE MI ODMA SVE ZA BIK I ZASO OOOOO ZASO NIKAD NE MOZAM DA SI BIDAM SO VODOLIJA...

Па, со мене - како водолија во подзнак, не би можела да бидеш зошто пишуваш со уклучен Капс Лок.

Turn it off.
 
Јас вага (стрелец) а тој е риби??Фалаsvetce:
 
Јас вага (стрелец) а тој е риби??Фалаsvetce:


Ухуху малце комплицирано:).
Во многу работи би требало да сте спротивни.
Меѓудругото, една многу битна: ти сакаш работи по редослед, и сакаш да знаеш точно на што си, додека рибите повеќе уживаат во хаосот и помили им се работите за кои незнаат се што треба да знаат, односно мали тајни и мистерии, па затоа скоро вечно се збунети.
Но сепак, доколку се вљуби во тебе, ќе се изнауживаш.
Страшна длабочина на емоции и многу внимание за тебе:smir:.
Понекад ќе треба да го спасуваш и да го враќаш во реалноста, но тоа се компензира со бистрината на умот и креативноста што ја има а го прави секогаш полн со нешта што треба да се истражат.
И одличен љубовен живот:smir:.
Доста е од мене:)
 
KAZUJTE MI ODMA SVE ZA BIK I ZASO OOOOO ZASO NIKAD NE MOZAM DA SI BIDAM SO VODOLIJA...


Ќе се надоврзам за капс локот, хахах...те зезам
Жена бик е премногу инертна за еден маж водолија кој често бара места за возбуда, неконвенционални ситуации, а сето тоа жената бик не секогаш може да го следи.Прво-ти си романтик, посесивна во љубов(не знам што си во подзнак, ова се груби претпоставки)и имаш малку позатворена природа, за разлика од мажот водолија кој како воздухот, сака да биде секаде, со колку што е можно повеќе пријатели, да зборува, да се шегува, да се менува со секое ново познанство, а тоа на бикот не му е јака страна-овие перипетии за биковското срце се тешки, зошто бикот бавно менува било што во својот живот...Од него можеш да очекуваш се, но да не добиеш ништо.Овие мажи се номадски типови, кои сакаат да видат се, а тоа како што веќе кажав, на бикот му е тешко за одлука, бидејќи е фиксен тип кој се држи до принципите кои смета дека се важни.
 
Сеа ме начекавте, па пребарувате:)
Божице, како лавица, имаш дефинитивно сексуален набој со скорпијата, но твојата светлина, сјај и великодушност се тотални опозити од оние на скорпијата-тој сака тајни, мистерија,и е скржав со емоции,иако ги има како пес болви.Твојата егоистичка природа доаѓа во конфликт со неговата-мажот скорпија е отровен посесивец кога сака да биде, и тука остро би се судриле.Сексуалната тензија секогаш постои, бидејќи скорпијата е привлечена од лавовскиот полет, енергија и пристап, а таа се вљубува во него драматично-има нешто во него што е пакосно, а сепак привлечно.На пријателски план ова е супер однос, но во врска е мошне тешко, не заради нешто друго, поради силните емоции кои пламнуваат-во тебе отворено, а кај него прикриено, и тоа што своеглавоста и на обајцата им е особина:)
 
Сеа ме начекавте, па пребарувате:)
Божице, како лавица, имаш дефинитивно сексуален набој со скорпијата, но твојата светлина, сјај и великодушност се тотални опозити од оние на скорпијата-тој сака тајни, мистерија,и е скржав со емоции,иако ги има како пес болви.Твојата егоистичка природа доаѓа во конфликт со неговата-мажот скорпија е отровен посесивец кога сака да биде, и тука остро би се судриле.Сексуалната тензија секогаш постои, бидејќи скорпијата е привлечена од лавовскиот полет, енергија и пристап, а таа се вљубува во него драматично-има нешто во него што е пакосно, а сепак привлечно.На пријателски план ова е супер однос, но во врска е мошне тешко, не заради нешто друго, поради силните емоции кои пламнуваат-во тебе отворено, а кај него прикриено, и тоа што своеглавоста и на обајцата им е особина:)


THANK YOU very much :back:

Иначем навистина е така, посебно болдираното.
 
Medea ајде ако сакаш близнак и риби :smir:
 
Жена близнак со маж риба се заеднички ригишпил-рибата го врти, и мечтае, а близнакот вреска од радост вртејќи се:)Заедничко им е што и двајцата имаат бујна фантазија, склоност кон забава, меланхолија, флексибилност и сакаат бескрајно да дискутираат за се и сешто.Мажот риба е романтичен и длабоко емотивен, и ќе бара да му се покажува љубовта, а за близнакот тоа не е секогаш лесно-тој чувствува многу воздушесто, стонасочно и често знае да избегне зборови од типот-те сакам, ми требаш(не знам што си у подзнак,ова е за типичниот близнак).Убаво е што и обајцата имаат желба за разнежнување, галење, и солзи понекогаш, со тоа што близнакот лесно може да се откаже од тоа ако не му се допаѓа, а рибата е поприврзана за емотивните задоволства.Треба силна физичка привлечност и компромис за да се одржи оваа врска.
Не ми праќајте репутации, плизз!:)
 
Медеа плиис Јарец и Водолија.. :) :)
 
Јарец жена со маж водолија?Хммм...Интересно.Ти си стабилната, воздржаната, таа што секогаш се труди да биде во право, малку традоционалист во сфаќањата, а мажот водолија е некласичен, најмалку традиционалист,па тоа ужасно може да го иритира јарецот.Оваа врска е спој на амбиции и љубопитност, со разлика што водолијата е вечен трагач кој не го држи место, а јарецот е конформист кој ако доживее успех, не сака промени околу себе потоа.Во сексот-рамнодушноста на јарецот ќе ја излудуваат водолијата, бидејќи тој е игрив, експериментатор, а јарците се студени во сексуална смисла, имаат и тие свои тајни ќошиња, но само кога сакаат, ќе ги откријат.Разлика и во темперамент-водолијата е малку бунтовна, може да биде дрдорлив тип, а јарецот е често тивок набљудувач кој полесно се снаоѓа сам со себе околу со светот.
 
Глеам никој не праша до сега, каква комбинација за врска се Близнак со Близнак?
 
aj ako sakas
napisi koj sto e vo podznak
ako e mozno i ako nema napisano prethodno posto me mrzese da gi citam site 17 stranci
pozdrav :)
 
:smir:АЈ пак ке си прашам, оти првиот пат никој не ми кажа....Како си одговараат Стрелец со подзнак Стрелец(јас), и Јарец со подзнак Стрелец(тој)??Ај ве молам пиштете ми:smir:
 
колку што можев да прочитам ( а читам веке еден саат :vozbud:) никој нема спомнато за карактеристиките на подзнаците :)
Извадоците се од една книга шо ја имам дома и значи не одговарам ако некој не се најде тука хих

Што е тоа подзнак?
Познавајки го вашиот подзнак многу лесно ке дознаете каков впечаток оставате на другите луѓе. Подзнакот може да влијае на Вашиот телесен изглед,облеката и боите кои сакате да ги носите,па дури и ефектот на тоа што го зборувате.
Подзнакот е причина зошто можете да изгледате поинаку од зодијачкиот знак.Ако ви се поклопуваат знакот и подзнакот,влијанието на Вашиот зодијачки знак ке биде многу поголемо.
По 27-мата година,односно по првиот Сатурнов круг,преовладуваат карактеристиките на подзнакот !!

ПОДЗНАК

ОВЕН
Независен,сака да биде главен,амбициозен,тврдоглав,убаво се изразува.Тоа е лице со висок раст,долгоного,со белег на главата.Очите му се ситни а веѓите истакнати.Косата му е бујна.Главата и телото се исфрлени напред а додека чекори постојано брза.Мажот има Адамово јаболко на грлото.ОТВОРЕНОСТ!


БИК
Постојан,благ додека некој не му стапне на нога,мирен,таинствен,резервиран кога се во прашање неговите работи.Искрен е и ја сака уметноста.Стекнува богатство.Добар работник е.Има мали уши,залепени за главата,тркалезна брада,силни вилици,испакнати тркалезни очи.Во чекорот се тетерави.ИЗДРЖЛИВОСТ!


БЛИЗНАЦИ
Амбициозен,љубопитен,сака авантури,сака да учи.Кога нема време, станува нервозен.Сака промени и прогресивен е.Висок,слаб,има долги раце и нозе,челото му е високо,голем нос.Мавта со рацете додека зборува.Широкото растојание меѓу очите е негова карактеристика,а исто така и острата брада.ЗБОРЛИВОСТ!


РАК
Повлечен,сентиментален,семеен,вреден,емотивен.Ја сака шегата ,патувањата посесивен е и претпазлив,особено кога се работи за пари.Склон е кон дебелеење.Има тркалезно лице,мал нос,убаво развиени гради,ситни мечтателни очи,симпатична насмевка.Со блед тен чувствителен на Сонце.Со младешки изглед но косата брзо му побелува.СИМПАТИЧНОСТ!


ЛАВ
Добар,но помалку сноб,искрен,верен,енергичен,витален.Популарен во друштвото,честопати лидер.Премногу е амбициозен.Има силни коски и мускуло.Весел глас,изразена брада ,тркалезна.Подзнакот Лав е склон кон мали накитувања,честопати имаат долга коса,додека мажите,пак,се келави ,со низок раст,тркалзено лице.ДОСТОИНСТВО!

Уф ај за другите ке допишам утре или вечер..И луѓе have fun reading it.. :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom