@LordDragonII
Ова ќе биде долга и досадна одјава од темава.
Колку си попаметен, не си помалку склон да формираш глупи верувања (Анон, Шабан и други), само ќе ги браниш попаметно. Клучната алатка е критичкото размислување што честопати е заматено од емоции и/или не е научено како алатка за обработување на информации. Проблемот тука е елементарен и клучни се две морални позиции.
Конзервативци сметаат дека тоа што е нормално е и морално (во контекстов). Така што сексуални девијации не се морални зашто не се нормални. Ова има еволутивно објаснување, све што не припаѓа у племето може да ја сјебе шансата за опстанок и е девијантно. Ваквите примордијални инстинкти не корелираат со интелигенцијата иако некогаш може да го заматат „интелигентното“ резонирање поради што добиваш функционално глупи луѓе (се однесуваат и зборуваат глупо) иако тоа нужно не значи дека се инхеретно глупи. Повеќето луѓе имаат просечна интелигенција. Кај конзервите постои оној страв дека гејовите ќе го контаминираат олштеството и ќе ги направат педери, па ради тоа се гадат и се плашат. Тоа е ко да фатиш лепра. Знаеш дека племето ќе те џитне, нема да имаш што да јадеш и ќе умреш. Ова порано бил добар рул оф тамб, но позицијава е проблематична денеска. Позицијава е и филозофски проблематична.
Пример, во Македонија е нормално ако најдеш милионче, да го спичкаш за твои интереси (повеќе од 50% од Македонците би го направиле тоа), а не даго дадеш за добротворни цели. Во Мавританија е нормално да бесиш атеисти, но интуитивно ние и конзервативците овде знаеме дека тоа не е нужно и морално само бидејќи е нормално (пак користиме емоции, интуиција и емпатија). Стигаме до заклучокот дека тоа што е нормално варира зависно од културата, времето, местото и околностите и не секогаш тоа што е нормално интуитивно осеќаме дека е и морално. Иако со модална логика можеме да почнеме со премиса: „Све што е нормално е и морално“ па од таму да извлекуваме логички заклучоци според кои гејови не се морални. И ова е премиса што не може да ја побиеш како и следната...
Либтардите ко мене тргаат од премисата дека морална акција е акција што не повредува никого. Гејови се возрасни фаци што се ебат дома, не повредуваат никого со нивната акција, ерго се морално прифатливи. Научните докази и све што знаеме натежнуваат кон тоа дека сексуалната ориентација е инхерентна, не е некоја форма на заразна идеологија. И моите морални вредности имаат примордијални еволутивни корени. Не сакам некој мене да ме повреди поради што не сакам да повредувам луѓе, емпатизирам со болката на дискриминираните групи зашто се ставам у нивна кожа (пак е ова его трип пошто проектирам на себе) и сфаќам колку им е гадно, па така, не сакам Алаху и остала фундаментална банда на христијани со традиционални вредности да ми кажуваат мене и на другите што да правиме. Ова е зашто не сакаме да ни се наметнуваат општествени вредности. Знаеш ли зошто? Ова е ебано иронично. Зашто не сакаме да припаѓаме, сакаме да сме спешл сноуфлејци што отскокнуваат. Ако отскокнуваш со нешто позитивно, имаш поголема шанса да ебеш. Затоа сакаме да сме индивидуалци што се уникатни, за да ебеме. Но ако отскокнуваме со нешто негативно, ќе отидеме на другата страна од паричката и ќе сме фрикови. Тоа е лошо, нема ебење, нема јадење и има смрт. Затоа нејќеме да не гледаат ко фрикови и сакаме да ја воспеваат нашата уникатност, но истовремено сакаме да припаѓаме у група за да сме безбедни, па се делиме на либтарди, марксисти, конзерви и тристо други политички, социјални и други поделби. Сите сме животни што сакаме да преживееме и сме развиле еволутивни стратегии кои ни помагаат да го постигнеме тоа. На крајот од денот, никој не боље од некој друг, кој преживече причаче (и ова на еволутивно ниво). Овие предрасуди во групата/надвор од нејзе, со што ги фаворизираме тие од нашата група и ги мрзиме другите се само стратегии за да си го спасиме газот и да преживееме. Интелигенција е алатка за преживување зашто јача шанса. Ако си паметен ќе си ја фаворизираш интелигенцијата (тоа ти е џокерот за да ебеш) и ќе ги сереш другите пошто се глупи. Ќе се дружиш у групи каде што социјалниот статус е да си паметен за да ебеш. Ако си силен, ќе бараш такви социјални групи пошто таму ќе имаш социјален статус. Ако си металец, ќе праиш бенд итн. Не си ти боље од простиот Маќедонец на еволутивна скала, колку и да е страшно тоа да го сфатиш. Тоа е најбизарниот муабет на нихилизмот и простата адаптација што ја боли кур за твоите и моите идеали.
И двете морални позиции се базираат на премиси кои се недокажливи, но се поддржани од примитивни емоции. Сите сакаме да припаѓаме и да формираме групи, не сакаме да бидеме повредени и сите веруваме дека го правиме најдоброто за општеството.
Конзервативците ги прифаќаат информациите што синкаат со нивните стравови и емоции (confirmation bias), а истото го прават либтардите. Ретко кој размишља критички иако во случајов критичкото размислување и емпириски докази натежнува накај позицијата на либтардите. Има либтарди (и марксисти, да не мислиш дека те избацувам од равенката <3) кои прифаќаат определен став поради тоа што нивната социјална група го прифаќа, а тоа не го прават критички поради што се појави цела таа ретардирана SJW банда што вриска глупости (логиката е оружје на патријахалниот маж). Не веруем дека ти си у таа банда, не сум ни ја, иако и двајцата (како и секој човек) повремено сме склони кон истите глупости поради емотивни причини. Логиката е оружје за преживување (на патријахалниот маж
) колку што се и глупите емоции во некои ситуации.
Реалноста е сива и комплексна, луѓето не се глупи или паметни. Тоа се зборови со емотивна тежина, но не и когнитивна. Но знаеме зошто ги лепиме ко етикети. Поради социјален статус, его трип и за да ебеме повише, да не умреме од глад и слично.
Тоа е суровата реалност, мој драги ЛордДрагон.