Да !
А за посвојување на деца, па што и ако посвојуваат деца, па знаете ли бе колку само многу лоши личности има излезено од семејстав и бракови склучени помеѓу мажи и жени ? За од едно дете да излезе здрава и добра личност потребна е љубов, хармонија, разбирање, а овие елементи ги нема кај многу бракови и семејства помеѓу мажи и жени. Се си зависи од средината и условите кои што можат да бидат пружени од страна на смејеството, па ако двајца коишто се хомосексуалци или две жени лезбејки можат многу повеќе финансиски да му пружат на детето што би сакале да посвојат, јас би им дозволил да посвојат дете. Па подобро бе децата нека растат и живеат во семејства на хомосексуалци и лезбејки и нека имаат добри финаскиски услови и можности за живот, образование и напредок во живот, отколку да седат по сиропиталишта без никаква љубов и разбирање од страна на вработени во таквите установи. Од тоа што децата посвоени во семејстав на хомосексуалци и лезбејки корист ќе има во иднина и државата, повеќе деца со добро образование ќе има и ќе има ефекти сето тоа. А кога ќе пораснат и ќе почнат да размислуваат тие деца, па од кај знаете дека и тие ќе бидат хомосексуалци или лезбејки, тоа ако би биле во такви семејства не значи дека и тие такви ќе бидат, од кај сте сигурни за тоа. Сум за геј бракови и дозвола да посвојуваат деца хомосексуали и лезбејки, под услов да имаат добар стандард и добри примања,со кои ќе можат на посвоените деца да им обезбедат многу добри услови за живот.