Хокеј на мраз, Сочи 2014

Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899

Хокејот на мраз е можеби најатрактивен спорт на Зимските Олимписки Игри, но како спорт најпрво се појавил на Летните Игри во 1920 година, во Антверпен, а потоа да продолжи на Зимските, од 1924 година во Шамони, Франција.​
Хокеарскиот турнир привлекува најголемо внимание на игрите, и салите каде што се игра се секогаш исполнети.​
Како најуспешна земја е Канада, која во почетокот, освојувајќи вкупно 8 злата, последното на игрите токму на нивно тло, во Ванкувер 2010.​
Втора земја по успешност е СССР, после растурањето на сојузот, медалите останаа во сопственост на Русија, па севкупно имаат 7 златни медали..​
На турнирот учествуваат 12 репрезентации, поделени во 3 групи од по 4 тима.​
Како што напоменав погоре, бранител на златото од игрите во Ванкувер, е репрезентацијата на Канада, која во финалето беше поуспешна од репрезентацијата на САД, бронзата ја освои Финска.​
Распоред на натпреварите

Група А
Прво коло
Русија - Словенија​
Словачка - САД​
Второ коло
Словенија - Словачка​
САД - Русија​
Трето коло
САД - Словенија​
Русија - Словачка

Група Б
Прво коло
Финска - Австрија​
Норвешка - Канада​
Второ коло
Канада - Австрија​
Финска - Норвешка​
Трето коло
Канада - Финска​
Австрија - Норвешка​
Група Ц
Прво коло
Шведска - Република Чешка​
Летонија - Швајцарија​
Второ коло
Република Чешка - Летонија​
Швајцарија - Шведска​
Трето коло
Летонија - Шведска​
Република Чешка - Швајцарија​
Хокеарските натпревари на игрите ќе се играат во Bolshoy Ice Dome / Shayba Arena
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
САд канада или русија ќе земе еден од нив, фаворити мисе русите

Sent from my LG-E400 using Tapatalk 2
 
M

Mamba.

Гостин
Русија има добар голман, Бобровски.
Напред - Дацјук, Ковалчук, Овечкин, Радулов, Тарасенко...

Америка има јаки голмани, Милер и Квик.
Напред - Вилер, Павелски, Калахан, Кејн...

Словачка исто добар голман, Халак.
Напред двајцата Хоса се заебани...

Словенија - Копитар...

Канада има добри голмани, Луонго и Прајс.
Напред - Стамкос, Шарп, Куниц, Крозби...

Финска исто добри голмани, Раск, Лехтонен и Ниеми.

Норвешка - Зукарело...

Шведска - добар голман му е Лундвист, и Густавсон може.

Чешка голман Павелец...
Напред - Соботка...

Швајцарија голмани - Рето и Хилер.

Шо ми текна на неколку подобри играчи...сигурно сум испуштил неколку...
Русија, Канада, Шведска, Америка...е виа се тиа според мене...ја сум за Русија нормално. :icon_mrgr:
 
C

cige

We are the champions! We are the champions! Подршка за братот од Маркхам!
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Финалето во Ванкувер Канада-САД беше нешто неверојатно. Не пратам многу многу ама во завршницата ќе се вклучам, не знам дали Русите би можеле да изненадат како домаќини.
Овие Канаѓаните и Америте секогаш идат со најсилните НХЛ ѕвезди, не знам Русите дали имаат во НХЛ?
 
Бобровски ( Колумбус )
Варламов ( Колорадо )
Јемелин ( Монтреал )
Никитин ( Колумбус )
Тиотин ( Колумбус )
Воинов ( ЛА )
Анисимов ( Колумбус )
Дацјук ( Детроит )
Кулемин ( Торонто )
Малкин ( Питсбург )
Ничушкин ( Далас )
Овечкин ( Вашингтон )
Тарасенко ( Сент Луис )

Од тимот на Русија шо играат у НХЛ.
Овечкин, Малкин, Дацјук и Тарасенко се појаки. И голманот Бобровски е добар.
 
Ќе можат да се надигрувааат со Канаѓаните и Американците?
 
M

Mamba.

Гостин
Ќе можат да се надигрувааат со Канаѓаните и Американците?

Па би требало...Бобровски и Варламов се добри голмани, Дацјук, Малкин, Овечкин и Тарасенко се едни од најдобрите у НХЛ
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
На последно СП шо беше, се искиксаа ептен (за нивно ниво) Канада и Русија. Така да очекувам да надокнадат на овие ЗОИ, посебно канаѓаните - оти го бранат златото. Се надевам дека ќе гледаме многу атрактивни и ефикасни натпревари. :)

Јас пак ќе си навивам за Канада, а посебен притисок и гризење очекувам од русите. Нели домаќини се и се' освен медаља ќе биде разочарување за нив мислам.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.309
Едно време го пратев хокејов ама сега појма немам што се дешава :D За Чесите ќе игра Јагр ? Инаку ќе си навивам за Канада повторно :X3:
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Финалето во Ванкувер Канада-САД беше нешто неверојатно. Не пратам многу многу ама во завршницата ќе се вклучам, не знам дали Русите би можеле да изненадат како домаќини.
Овие Канаѓаните и Америте секогаш идат со најсилните НХЛ ѕвезди, не знам Русите дали имаат во НХЛ?

Брат руската лига можи да се кажи дека е многу блиску до НХЛ. Така да Русите се едни од главните освојувачи на злато заедно со Канада. Мислам дека Америте ќе потфрлат
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
852
Канада и Русија се најголеми фаворити за златото, да ги загрозат од втор план можат само Шведска и САД. Чешка, Финска и Словачка на коњ да се ако стигнат евентално до полуфинале. Од останатите селекции единствено Швајцарија има некој ептен минимални шанси да изненади некој од фаворитите другите се 3 класи послаби.
Друг факт е што ќе се игра по интернационални правила а не по НХЛ така да тешко се снаоѓаат Канаѓаните и Американците кога Олимпијадата се одржува надвор од Северна Америка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom