- Член од
- 28 мај 2005
- Мислења
- 6.373
- Поени од реакции
- 177
Во сабота хокеј натпревар Скопје-Босна
18.01.2012 - 15:27 |
Македонската хокеј федерација в сабота во главниот град организира натпревар меѓу хокеарските клубови Скопје и Босна од Сараево во рамки на Регионалната „Тотал ТВ“ хокеј лига.
- Лизгалиштето по натпреварот ќе може да се користи по промотивна цена од 20 денари со вклучени лизгалки. Сите заинтересирани може да се јават на информативното биро на центарот секој ден од 8 часот и 30 минути до 24 часот, рече на денешната прес-конференција директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски.
За неполни четири дена, информираше, лизгалиштето го посетиле 3.000 луѓе, а во школата за хокеј и уметничко лизгање во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ активно тренираат околу 200 млади.
- Испраќам апел до сите родители кои имаат можност да им дадат шанса на децата да спортуваат во оваа школа. Тренинзите во хокеј ги водат руски тренери со долгогодишно работно искуство, а по уметничко лизгање европскиот олимпиец Ксенија Јаштенски која има освоено преку 19 меѓународни медали, додаде Капушевски.
Претседателот на Хокеј федерацијата во Македонија Никола Тасев потсети дека минатиот викенд се одиграл првиот натпревар од Регионалната „Тотал ТВ“ хокеј лига меѓу клубовите на Скопје и Ираклис од Солун.
- Задоволство беше што прв пат после толку години тропна пакот во Скопје. Во следниот период претстојат неколку интересни викенди. Регионалната лига ќе се одржува во главниот град, а ќе учествуваат клуб од Софија, Солун, Сараево и еден македонски тим, а имаме и план да вклучиме и втор клуб од Скопје, рече Тасев.
Целта, како што истакна, е за 4 до 8 години да произлезат квалитетни играчи кои ќе може да играат во македонските клубови и хокеј репрезентацијата, како и да се создаде силна самостојна македонска лига.
http://sitel.com.mk/dnevnik/sport-plus/vo-sabota-hokej-natprevar-skopje-bosna
https://www.facebook.com/events/234085420002540/