МАКЕДОНСКИТЕ ХОКЕАРИ БЕЗ ПЛАСМАН НА СП ВО ФИНСКА
Објавено на 07/07/2014 » 202 Прегледи»
ОСТАНАТО
Македонската инлајн хокеарска репрезентација по четврти пат играше на еден европски квалификациски турнир за пласман на Светскиот шампионат кој што ќе се одржи во Тампере (Финска) во 2015. година.
Во “Зимската Палата“ во Софија наши противници беа домашната селекција на Бугарија, Израел и Србија. Натпреварите беа одиграни според официјалните ИИХФ Инлајн правилници со четири периоди од 12. минути.
НА СП се пласираше репрезентацијата на Бугарија која го освои првото место осум бодови, пред Израел (шест), Србија (четири) и последна Македонија без нитуеден бод.
Од нашите хокеари стрелци против Бугарија беа Анастасов, Прокудин и Ташевски, против Израел беа трипати Внук, по еднаш Прокудин, Анастасов и Пендаров, додека против Србија стрелаа Прокудин, двапати Внук и Децковски.
Распоред и резултати.
Петок, 4. јули 2014 год. Израел-Србија 10-8 (1-1, 4-1, 0-5, 5-1)
Петок, 4. јули 2014 год. Бугарија-Македонија 6-3 (2-0, 1-0, 1-1, 2-2)
Сабота, 5. јули 2014 год. Израел-Македонија 14-6 (5-3, 2-1, 1-2, 6-0)
Сабота, 5. јули 2014 год. Србија-Бугарија 3-4 (2-0, 0-0, 1-2, 0-1) OT
Недела, 6. јули 2014 год. Македонија-Србија 4-16 (2-4, 1-3, 0-4, 1-5)
Недела, 6. јули 2014 год. Бугарија-Израел 8-1 (0-0, 1-0, 3-0, 4-1)
За Македонија на овие квалификации настапија: Шарлохар, Илиевски, Внук, Пејановиќ, Грчевски, Ташков, Гоцмен, Наумовски, Гриовски, Анастасов, Пендаров, Децковски, Прокудин, Ташевски и Бачовски.