Хокејот во Македонија

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Во сабота хокеј натпревар Скопје-Босна

18.01.2012 - 15:27 |
Македонската хокеј федерација в сабота во главниот град организира натпревар меѓу хокеарските клубови Скопје и Босна од Сараево во рамки на Регионалната „Тотал ТВ“ хокеј лига.
Натпреварот ќе се игра на лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од 12 часот.
- Лизгалиштето по натпреварот ќе може да се користи по промотивна цена од 20 денари со вклучени лизгалки. Сите заинтересирани може да се јават на информативното биро на центарот секој ден од 8 часот и 30 минути до 24 часот, рече на денешната прес-конференција директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски.
За неполни четири дена, информираше, лизгалиштето го посетиле 3.000 луѓе, а во школата за хокеј и уметничко лизгање во рамки на СЦ „Борис Трајковски“ активно тренираат околу 200 млади.
- Испраќам апел до сите родители кои имаат можност да им дадат шанса на децата да спортуваат во оваа школа. Тренинзите во хокеј ги водат руски тренери со долгогодишно работно искуство, а по уметничко лизгање европскиот олимпиец Ксенија Јаштенски која има освоено преку 19 меѓународни медали, додаде Капушевски.
Претседателот на Хокеј федерацијата во Македонија Никола Тасев потсети дека минатиот викенд се одиграл првиот натпревар од Регионалната „Тотал ТВ“ хокеј лига меѓу клубовите на Скопје и Ираклис од Солун.
- Задоволство беше што прв пат после толку години тропна пакот во Скопје. Во следниот период претстојат неколку интересни викенди. Регионалната лига ќе се одржува во главниот град, а ќе учествуваат клуб од Софија, Солун, Сараево и еден македонски тим, а имаме и план да вклучиме и втор клуб од Скопје, рече Тасев.
Целта, како што истакна, е за 4 до 8 години да произлезат квалитетни играчи кои ќе може да играат во македонските клубови и хокеј репрезентацијата, како и да се создаде силна самостојна македонска лига.

http://sitel.com.mk/dnevnik/sport-plus/vo-sabota-hokej-natprevar-skopje-bosna

https://www.facebook.com/events/234085420002540/
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Регионална Тотал ТВ хокеј лига
http://www.plusinfo.mk/vest/30545/Regionalna-Total-TV-hokej-liga
10
Пред околу 100-тина гледачи на лизгалиштето „Кале“, вчера вечер се одигра натпревар од новоформираната регионална Тотал ТВ хокеј лига, во која Босна го совлада македонскиот преставник Скопје со 9-2. Головите за домашниот тим ги постигна Стефан Децковски.
Скопје добро се држеше во првата и во првите 10 минути од втората третина кога резултатот беше 2-2. Тогаш дојде до израз искуството на босанските хокеари кои постигнаа 7 гола по ред и го поставија конечниот резултат. Вториот натпревар помеѓу овие два тима се игра утре (недела) во 9 часот на лизгалиштето „Кале“.
Во регионалната Тотал ТВ хокеј лига учествуваат четири тима од Македонија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина, а се одржува под покровителство на Балканската хокеарска федерација. Следниот викенд натпреварите продолжуваат во Софија.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Одлична вест и фино што почнало :).
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Турција ќе го помага развојот на хокејот во Македонија

Првите луѓе на Хокеарските федерации на Македонија и Турција, Никола Тасев и Орхан Думан, во средата, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, потпишаа Меморандум за соработка.

Договорот предвидува МХФ да добива неколку нивоа на помош меѓу кои обука и посета на кампови на млади македонски хокеари, присуство на судии тренери и други официјални лица од Македонија на натпревари и семинири организирани од Турската хокеарска федерација, помош во опрема и реквизити, како и помош за изградба арена за хокеј на мраз и арена за „ин лајн хокеј“ (хокеј на ролерки).

Според првичните планови арените ќе се градат во Општина Кисела Вода. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски очекува во денешните тешки услови за развојот на било кој спорт поради финансиската криза, поддршката од Турција да допринесе хокејот на мраз да се врати на старите патеки од пред триесетина години кога хокејот се играше во нашата држава и беше дел од нашата традиција.

„Ова е историски момент за македонскиот спорт, а посебно во развојот на зимските спортови. Да се биде дел од семејството на спортот хокеј на мраз е значајна работа, бидејќи хокејот е пред се спорт на големите спортски нации. Аспирациите на Турција и Македонија не се само да бидат дел од овој спорт, туку да претставуваат и значеан фактор во хокејот на мраз, ќе се остварат преку еден концепт кој многу го има во развојот на било кој спорт. Овој концепт предвидува тип на соработка кој ги опфаќа вистинските спортски вредности, а тоа се вредностите на почитувањето, вистинска доверба и пријателство, како и вистински стремеж за спортски успех“, изјави Поповски.

За вложувањата на Турција во овој спорт говорат и фактите дека во последниве неколку години имаат постигнато видни резултати. Следната година Турците ќе учествуваат на три Светски првенства, а во нивната земја има околу 7.000 регистрирани хокари, од кои половината се од младинските категории.

Македонија и Турција, во четврток, во Скопје ќе учествуваат на годишниот митинг на Балканската хокеј федерација во која освен овие две држави членуваат уште седум земји. крај/со/нц


http://makfax.com.mk/286249/
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Нашата младинска репрезентација во Турција на У16 фестивал. Под уставно име и на дресот пишува јасно гласно - МАКЕДОНИЈА



Еве слика на сениорската репрезентација на ролерки, дресот е тој истиот (но во бела варијанта), така поубаво се гледа :D

 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Стефан Децковски во Партизан,прв македонски хокеар во странски клуб.

October 28, 2012 22:29 Категорија: останато

1 0

Нашиот најдобар хокејар кој воедно важи и за најперспективен ,младиот 18 годишен Стефан Децковски потпиша за Белградски Партизан со што стана првиот македонски хокеар во странски клуб во поновата историја.


Стефан Децковски во разговор за Спорт Корнер открива како дошло до трансферот во силниот тим на Партизан кој минатат сезона беше шампионо на Слохокеј лигата односно словенската хокеарска лига во која играше,лига која важи за една од подобрите на овие простори.
Партизан дозна замене на БИХУ турнирот кој се одража во Турција каде што бев во склоп на Македонската репрезентација.На турнирот беше присутна и Српската репрезентација предводена од селекторот Никола Бера кој воедно е и сегашен тренер на Партизан и тренерот на јуниорскиот тим Таш,Рашид Шемшединовиќ со кои после турнирот разговаравме и се договоривме да се приклучам на тимот на Партизан на стартото на подготовките кој започнаа на 1 Октомври.За да се подготвам што подобро минувам доста време на мраз и покрај тренинзите со првиот тим на Партизан,тренирам и со јуниорскиот тим на Таш.-изјави младиот хокејар Децковски.
Стефан Децковски оваа сезона е единствен интернационалец во тимот на Партизан за разлика од претходната сезона кога во тимот имаше 8 интернационалци и тоа од Словенија тројца,од Америка и Русија по двајца и еден Словак.
Оваа година тимот на Партизан за жал нема да ја брани титулата во Слохокеј лигата бидејќи заради финансиски проблеми го откажа своето учеств во ова лига.Ова сезона исклучиво ќе се натпреваруваме во домашната Српска лига која ова сезона имаа солиден број на екипи,веќе се одигра и првото коло во кое Партизан го совлада тимот на Витез со 12:5,натпревар на кој немав право да играм бидејќи сеуште не ми е стигната трансфер картичката од македонската хоекеј федерација,која се надевем ќе стигне во што побразао време и од следната недела да може да играм.-завршува нашиот репрезентативец Стефан Децковски.

Стефан Децковски во репрезентативниот дрес на Македонија на турнирот во Турција
Тимтот на Партизан при прославата на минатогодишната победа во Слохокеј лигата
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Нашите хокеари на прв меѓународен турнир во Турција
Текст: М.Л.
http://kajgana.com/nashite-hokeari-na-prv-megjunaroden-turnir-vo-turcija
Останати спортови | 06 јуни 2013


Овој викенд нашите хокеари на мраз ќе настапат на првиот мастерс турнир во Измит, во организација на турската хокеарска федерација.

Покрај нашите „Лавови“, на турнирот учествуваат и домашните екипи на „Истанбулс“, „Гимиш Патенлер“ и „Осите“ на техничкиот универзитет во Истанбул, како и „Динамо“ од Софија, Бугарија.
Нашите хокеари ја имаат првата средба со Динамо од Софија во сабота (08.06.2013) во 12:15 часот по наше време. Во февруари годинава, нашите хокеари имаа средба со Динамо на турнир во Софија, каде Лавовите изгубија во финалните минути со 5:3.
„Против Динамо имаме отворена сметка. Во Софија минимално го изгубивме натпреварот во финишот, а особено јас имам горчливи сеќавања на средбата. Промашив пенал на почетокот и две сто процентни шанси баш во тој момент кога Динамо зазема водство“, вели Зоранчо Гриовски, кој е еден од поискусните играчи во нашите редови.
„Но, да не заборавиме, Динамо тренира редовно и се натпреварува во бугарска Б Лига, а сето тоа нас ни недостасува во Скопје. Се надеваме барем на еден тренинг пред стартот на натпреварот“ - додава Гриовски.

Нашите хокеари велат дека имаат поддршка од турската хокеарска федерација, која има потпишано меморандум за соработка со македонската федерација. Тие изразуваат особена благодарност до г-динот Тарик Гочмен, кој има потекло од Скопје и е активен тренер на младинските репрезентации во Турција. Трошоците за превоз и ноќевање си подмируваат самите играчи.




PS> I promise, ovoj pat ke im gi butnam tie trite!!!!!
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Првите победи на македонските лавови на мраз! Второ место зад Динамо од Софија на турнирот во Измит Турција!

 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177

Qualifier in Passau
Inline: Three European teams vying for berth in Pardubice
24-07-13
Back

FYR Macedonia’s Ivica Taskov and Latvian forward Ringolds Balodis battle for the puck in the 2012 European Inline Hockey Qualification. Photo: Tzveti Krasteva


ZURICH – The European Inline Hockey Qualification will take place with three teams in Passau, Germany. The winner will play in the 2014 IIHF Inline Hockey World Championship in Pardubice, Czech Republic.

Two qualification tournaments will be played for the two remaining spots in the World Championship.

The European Inline Hockey Qualification is set for 9-11 August in the Bavarian town of Passau with Latvia, FYR Macedonia and Ireland as registered teams. Click here for the schedule.

The winner of the three-team tournament will replace Bulgaria in the Division I after its relegation at the 2013 Worlds in Dresden this past June and will compete in Group C with Slovenia, Australia and Croatia.

A Rest of the World Qualification for teams outside of Europe will be organized later this year. The venue, dates and participants will be announced at a later date. The winner of that event will replace Argentina in the Division I and be seeded in Group D with Austria, Hungary and Japan.

The 2014 IIHF Inline Hockey World Championship will take place in Pardubice, Czech Republic, 15-21 June 2014 with 16 teams in two divisions.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Македонската инлајн-хокеј репрезентација на квалификации за СП 2014

Текст: М.Л
Останати спортови | 06 август 2013


Македонската репрезентација во инлајн-хокеј (хокеј на ролерки) ќе земе учество на квалификациите за претстојното Светското првенство, кое ќе се одржи во 2014 година во Пардубице, Чешка. Квалификацискиот турнир кој на нашите хокеари може да им обезбеди место на СП 2014 се одржува во Пасау, Германија во периодот од 9. до 11. август.

На овие квалификации, нашите репрезентативци ќе се соочат со репрезентациите на Летонија и Ирска. И иако нашите хокеари се мотивирани и спремни за успех, тие велат дека се разочарани поради откажувањето на големиот „мотиватор“ - репрезентацијата на Грција, односно тимот против кој првично требаше да се соочат, уште на самото отварање на квалификацискиот турнир. Покрај Грција, учеството на турнирот во Германија во последен момент го откаќаа и Турција, Израел, Шпанија и Португалија.
„Летонија е фаворит. Тие играат неверојатно добар хокеј, кој е вистинско уживање за гледачите. Минатата година „за влакно“ не се обезбедија пласман во завршницата, односно на СП“ - вели Зоранчо Гриовски, напаѓач во нашите редови.
„Против Ирска се надеваме дека ќе ја оствариме нашата прва и историска победа од кога играме во квалификациите. Нашиот тим е во намален состав поради повреди и периодот во кој се одвиваат овие квалификации. Но, ќе дадеме се' од себе за да ја израдуваме македонската јавност“.

Нашата репрезентација е главно составена од играчи кои настапуваат на домашниот терен, но оваа година за првпат на помош доаѓа и играч од нашата дијаспора. Станува збор за 16-годишниот Самуел Наумовски-Викиус од Шведска, за кого, од нашата репрезентација велат дека поседува исклучителни вештини и талент.
Победникот од квалификациите во Германија ќе обезбеди учество во Б дивизија на Светското првенство кое ќе се игра следната година во Чешка и ќе биде дел од групата Д заедно со Австрија, Јапонија и Унгарија.
http://kajgana.com/makedonskata-inlajn-hokej-reprezentacija-na-kvalifikacii-za-sp-2014
 

Kajgana Shop

На врв Bottom