Хокејот во Македонија

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
ОБЕЗГЛАВЕНИ

Богата активност на Хокејарскиот сојуз на Македонија е запрена. По двете години на своето постоење, откако се формираа клубови во секој град во Македонија, кога лигата почна да заличува на НХЛ и кога канадските и американските Македонци заиграа за нашата репрезентација, ХСМ сега не знае што да прави. Обезглавен е. Претседателот им Никола Тасев е "смрзнат".





Ова е извадок од дневниот весник Вест од 2002година(така мислам)....прочепкував по интернет и случајно ова го забележав....


Има некои планови за враќање на хокејот во Македонија?:nesum:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Супер би било да има...

Не знам само зошто е „смрзната“ ситуацијата?
 

KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
баш би сакал да присуствувам на хокеј натпревар :)
И би било убаво да го вратат.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Има најави за градба на хокеј-сала мислам во Тафталиџе. Хокејот е еден од најдобрите спортови и мислам дека заслужува да биде активен кај нас.
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
1.047
Поени од реакции
13
Би требало да се оживее овој спорт во Македонија али не верувам :uvo::uvo:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.878
Поени од реакции
7.264
Македонија се враќа на светската хокеарска сцена

Во февруари треба да се одржи првото државно првенство, се најавува настап на репрезентацијата во Софија и во Сараево, а во иднина и клуб во регионална лига и националниот тим во светскиот систем на натпревари




Хокеарите тренираат под водство на Томислав Атанасовски
Хокејот на мраз се враќа во Македонија. Првпат во историјата можеме да добиеме машка хокеарска репрезентација, која ќе нé претставува на светско првенство и можеби некогаш и на олимписки игри. По периодот од 60-тите до 80-те години од минатиот век, кога македонските клубови настапуваа во тогашната југословенска лига, повторно се прават напори хокејот да заживее во Македонија.

- Се сеќавам кога во 1980-тите години во Скопје имаше 100.000 пара лизгалки на 300.000 жители. Лизгалиштето беше преполно со лизгачи. Хокеарските мечеви имаа одлична посетеност - вели тренерот на репрезентацијата во повој, Томислав Атанасовски.

Најбрзата игра на мраз има многу љубители во нашата земја, а доказ за тоа е сé поголемиот број млади што се занимаваат со овој спорт. Плановите хокејот да ги врати стариот сјај и популарноста постојат веќе 7-8 години. Сепак, малку луѓе кај нас се запознаени со работата на хокеарската федерација и знаат дека воопшто постои школа за хокеј.

- Не сакавме да разгласуваме за нашите планови затоа што има многу скептици, кои мислат дека не можеме да успееме. Сакавме пошироката јавност да биде запознаена во оној момент кога ќе имаме подготвени играчи што би можеле да играат за репрезентацијата и да се натпреваруваат. Сакаме хокејот да се врати на голема врата - вели претседателот на Македонската федерација за хокеј на мраз, Никола Тасев.

Плановите и целите на репрезентацијата се големи како и нивната желба и љубов кон играта.
- Планираме да имаме јуниорска и сениорска репрезентација, како и клуб што ќе настапува во регионална лига. Годинава ќе се одржи и првото државно првенство во хокеј на мраз, кон крајот на февруари, кога лизгалиштето зад салата „Борис Трајковски“ ќе биде пуштено во употреба - најави Тасев.

Според овие планови, Македонија идната година треба да игра на Светското првенство во Третата дивизија, заедно со уште некои од балканските репрезентации, како и Турција, Ерменија, и Јужна Африка. Услов за учество на светски првенства е да се одржува државно првенство две години. Постоеше можност Македонија да биде и домаќин на тоа СП, ако имаше ледена сала. Салата „Борис Трајковски“ не е предвидена за лизгалиште и не постои можност да се постави подлога за хокеј на мраз.

Многумина сметаат дека репрезентација има голем потенцијал, особено ако се земе предвид колкав е бројот на иселениците со македонско потекло што играат хокеј во Северна Америка и во Европа и кои имаат желба да играат за македонската репрезентација. Како и во другите спортови, тешко е да се најдат спонзори, а најголем проблем на репрезентацијата е недостигот од опрема.

- Тешко е да се привлечат спонзори. Сметаме дека е потребно репрезентацијата да го одигра првиот натпревар, по можност на гости за да привлече внимание. Потребен е годишен буџет од 100.000 евра, со кои би добиле првенство и еден клупски претставник во регионална лига. Половина од тие пари би оделе на опрема за играчите, која ни претставува најголем проблем во моментов. Опремата за еден играч чини илјада евра, а за голманите и повеќе. Играчите сами се снаоѓаат, многумина од нив играат во стара и некомплетна опрема. Многу е важно да добијат опрема каква што заслужуваат - додаде Тасев.
Атанасовски: Хокејот едноставно влегува во крв
- Хокејот е спортска игра со најмногу разновидност. Сé се решава во еден момент. Брзината, силата и подвижноста се елементи што се најизразени. Хокејот може да извлече скриена способност од играчот. Хокејот едноставно влегува во крв - вели Атанасовски. - Сакам да ги повикам сите што сакаат лизгање и забава, да дојдат на скопското лизгалиште. Кој ќе дојде да види, останува - се надоврза Тасев.
Се надеваме дека државата ќе ја препознае важноста на овој спорт и ќе им помогне на хокеарите да ја остварат својата желба, да ја претставуваат Македонија на светско ниво. Според нивната желба, посветеност и љубов кон играта тие секако го заслужуваат тоа.

Ветераните на помош
Репрезентацијата во хокеј на мраз планира подготовки и прв меч во Софија (Бугарија), а постои и покана за турнир во Босна и Херцеговина, во март годинава. Присуството на овој турнир зависи од тоа дали ќе се обезбеди потребната опрема. Македонија во моментов има пет млади играчи, кои се подготвени веднаш да заиграат, седум играчи би дошле од странство и заедно со поискусните хокеари, како што се Ѓорѓи Грчев, Емил Белев и Ристе Аиновски, би имале подготвена репрезентација.




Автор: Милко Живковиќ Фотографија:  Филип Поповски

извор


Браво за потегот :aplauz:
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
На нас од провинција само лиги ќе ни течат....али како и да е ..барем во Скопје рокајте..да не бидеме без ич
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
ХОКЕЈ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - MACEDONIAN ICE HOCKEY FEDERATION

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Од март скопјани ќе играат хокеј

Во моментов се работи на подлогата, односно се поставува инсталацијата, а за неколку дена треба да стигне и опремата за хокеј арената, која е нарачана од Канада

Спортскиот центар "Борис Трајковски" почна со градежни работи за монтажната хокеј арена, која ќе се наоѓа на дел од паркингот, веднаш до салата. Во моментов се работи на подлогата, односно се поставува инсталацијата, а за неколку дена треба да стигне и опремата за хокеј арената, која е нарачана од Канада. Игралиштето ќе биде долго 56 метри, а широко 26 метри. Ќе биде поставен вештачки мраз, што значи дека ќе може да се користи во текот на целата година.
"Дел од елементите за лизгалиштето се на царински терминал, а вториот дел треба да стигне за десетина дена. Заедно со деловите за лизгалиштето, со машината за чистење на мразот, ќе стигне и комплетна хокеј опрема за клубовите и за децата што ќе играат и тренираат. Кон средината на месецов треба да стигнат и четворица тренери по хокеј од Русија и еден пар од Украина, кои ќе ни ги пренесат тајните на уметничко лизгање. Станува збор за врвни спортисти, кои во голема мера ќе придонесат да се афирмираат и што поголем број деца да се заинтересираат за овие два спорта", вели Ратко Капушевски, директор на спортскиот центар "Борис Трајковски".
Од спортскиот центар "Борис Трајковски" најавуваат дека хокеј арената ќе почне со работа кон почетокот на март. Дотогаш сите оние што сакаат да почнат да учат уметничко лизгање или да играат хокеј, можат да се пријавуваат кај надлежните во салата. Ќе бидат формирани четири групи, односно еден тренер ќе работи со дечиња од 6 до 10 година, друг со деца од 10 до 14 години, третиот ќе биде задолжен за оние на возраст од 14 до 16 година, а четвртиот за тинејџерите, односно за оние на возраст над 16 години. Освен за тренинзи, хокеј арената еден ден во неделата ќе можат да ја користат и граѓаните што рекреативно сакаат да лизгаат или да играат хокеј.
Изградбата на хокеј арена чини 340.000 евра. (А.А.)

 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Одлично за нас, а и за владата пак ке си лапне паричка 340 000 евра не се баш малце
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Веќе е сигурно дека во лигата ќе настапува Хокеарскиот клуб Вардар кој одново ќе се формира откако постоел во времето на Југославија :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Одлично ајде ајде да почнеме во Ц дивизија па еден ден и во Б здравје :)
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Хокеј на мраз и на 56 години

Легендата на македонскиот хокеј, Ѓорѓи Грчев, се' уште е активен во чешкиот тим Баса

Речиси целиот свој живот му го посвети на хокејот, неговата голема љубов. Иако има 56 години, Ѓорѓи Грчев, еден од најдобрите хокеари во Македонија се' уште е активен, не само кај ветераните, туку игра за екипата Баса од чешкиот град Шумпери, во близина на Острава, која се натпреварува во Третата лига на Чешка. До минатата година играше и за грчкиот тим Тесалоники, кој се натпреваруваше во Првата лига во Бугарија и со овој клуб станаа дури и шампиони на оваа држава.

Ѓорѓи Грчев дојде во Скопје во 1972 година со своите браќа Васко и Блажо да му помогнат на хокејот во Скопје кој ги правеше своите први чекори по светското првенство во Ц група што се одржа во Скопје во 1969 година на новоизграденото лизгалиште во спортскиот центар Кале.

-Кога ме повикаа да дојдам во Скопје, не размислував многу. Моето семејство потекнува од Егејскиот дел на Македонија, иако живеев во тогашна Чехословачка, ме влечеше Македонија, тоа беше голем предизвик за мене, нешто непознато но, сепак, блиско. Заедно со мојот брат Васко останавме во Скопје, Блажо се врати. Игравме за Вардар кој се натпреваруваше во Првата лига на поранешна Југославија, подоцна и за Скопје Макотекс, се' додека не згасна хокејот во Македонија, за голема жал бидејќи немаше разбирање да се развива повеќе овој атрактивен спорт. Ме радува иницијативата на Хокеарската федерација на Македонија да создадеме своја, македонска репрезентација, да играме во квалификациите за светското првенство, за олимписките игри во Сочи. Ништо не е невозможно, има волја и желба за тоа, разбирање. Верувам дека ќе помогне, не само Агенцијата за млади и спорт, туку и Владата. Трипати неделно одам и јас на тренинг на Кале, има многу млади кои се заинтересирани за хокејот, има и ветерани. Меѓутоа, хокејот е скап спорт, особено опремата, а без комплетна опрема, тешко ќе можеме нешто да постигнеме. Затоа и јас апелирам, до сите кои можат да ни помагаат финансиски да одделат малку средства за овој спорт, за кој верувам дека може да направи бум со оглед на големата заинтересираност кај младите. Ќе се формира и репрезентација во хокеј со ролерки, што е многу полесно бидејќи не требаат толку многу пари за опрема и лизгалиште. Веќе ми се јавија некои пријатели од Чешка, Македонци по потекло, сакаат да играат и да помогнат. Добро е тоа, ни рече во разговорот Ѓорги Грчев.

Пред десетина дена тој, како и секоја година, учествуваше на големиот меѓународен турнир на ветерани во Суботица на кој настапија по пет екипи од Србија и од Словенија, по една од Хрватска и Босна и Херцеговина.

-Играв за екипата Катрапс од Суботица која настапи со две екипи, Спартак и овој мој тим, кој кога ќе се прочитаат буквите од назад излегува дека и тој е Спартак. За него играм на овој традиционален турнир на ветерани веќе неколку години. На овој турнир годинава настапија и хокеари од 30 години па нагоре. Следниот турнир во ист состав е на 18 февруари во Нови Сад и на 5 април во Словенија, Ќе играат со мене уште неколку хокеари ветерани од Македонија.

Претседателот на Хокеарската федерација на Македонија Никола Тасев и новоформираниот стручен штаб очекуваат голема помош од Ѓорги Грчев, македонската хокеарска легенда, кој со своето богато искуство може навистина многу да помогне и во организација и во создавање на првата репрезентација на Македонија во хокеј на мраз.



На хокеј и уметничко лизгање во СРЦ „Борис Трајковски“

Од 5 март ќе профункционира монтажно игралиште со мраз, набавено од Канада, со сертификат од Европската хокеарска федерација


Од 5 март во кругот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе може да се игра хокеј и да се изведува уметничко лизгање на монтажно игралиште со мраз. Кон средината на февруари, пак, во Скопје се очекува да стасаат шестмина професионални хокеари од Русија и пар во уметничко лизгање од Украина, кои ќе ги тренираат заинтересираните.

На терен веќе се вршат изведбените активности за игралиштето, просторот е ограден и се поставуваат неопходните подземни инсталации. Во меѓувреме е стасана и дел од опремата потребна за хокејот, набавена од Канада.

Ратко Капушевски, директор на СРЦ „Борис Трајковски“, вели дека игралиштето и сите негови придружни елементи, како опремата и слично имаат сертификат од Европската хокеарска федерација. Тоа значи дека и кај нас ќе можат да се одржуваат меѓународни натпревари, и тоа под отворено небо и внатре во салата со оглед на тоа дека игралиштето ќе биде од монтажен карактер.

„Колку и да звучи несекојдневно, во Скопје повторно ќе се игра хокеј како некогаш, а ќе може да се изведува и уметничко лизгање. Освен осумте хокеарски и две екипи во уметничко лизгање што постојат во Скопје, игралиштето ќе можат да го користат и заинтересирани рекреативци. Целта на проектот е да ги анимираме граѓаните, пред се', младите и за овие спортови, па од тие причини ќе ангажираме и професионалци за одржување тренинзи“, вели Капушевски, кој очекува до 20 февруари во државава да стасаат некогашните хокеари од Русија и украинскиот пар во уметничко лизгање. Тренинзите ќе се одржуваат во четири групи, поделени според возраста. Од спортскиот центар велат дека заинтересираните уште отсега можат да се пријавуваат за тренирање хокеј или за уметничко лизгање.

Инаку, игралиштето ќе биде долго 56 метри, а широко 26 метри и ќе има една монтажна трибина, целото осветлено со специјални рефлектори. Мразот, пак, ќе се одржува со машини што ќе гарантираат дека игралиштето ќе може да биде во функција преку целата година. Неговата набавка воопшто целата реализација на проектот ја обезбедува СРЦ „Борис Трајковски“ од сопствениот буџет. Само за игралиштето од спортскиот центар платиле 340.000 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom