Хокејот во Македонија

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Металург пирати ќе игра во Балканската хокеарска лига

  • Автор: ekipa
  • Објавено: октомври 30, 2013 15:36
Македонскиот хокеј на мраз кој по неколку години живуркање, конечно го доби првиот посериозен клуб во името на Металург Скопје – Пирати, а на добар пат е да ја добие и првата официјална домашната лига. Новоформираниот клуб Металург Скопје кој ќе биде познат уште под името “Пирати” откако се стекна со сите потребни сертификати е примен во Балканската Лига за Хокеј.
Можам да кажам дека Металург Скопје е првиот сериозен клуб за хокеј на мраз во поглед на организацијата, финансиите и другите пропратни работи. Откако ги коплетиравме потребните документи можам да кажам дека официјално сме примени во Балканската Лига за Хокеј која е приватна лига и во која покрај нашиот тим играат тимови од Бугарија и Грција. Деби сезоната ќе ни послужи како еден вид адаптација и искуство, за во следната сезона веќе да влеземе и во некое посериозно натпреварување од овој тип. Играчкиот кадар на екипата ќе биде составен од моментно најдобрите македонски хокејари, како и од неколку интернационалци од Турција, САД, Грција и од Словенија”- истакна преседателот на Македонската хокеарска федерација, Никола Тасев.
Паралелно со формирањето на Металург, од федерацијата истакнуваат дека веќе сериозно размислуваат и за отпочнување на првата домашан лига.
Веќе го имаме бројот на учесници кој би играле во првата домашна лига чиј старт зависи од тоа кога ќе биде поставен мразот во СЦБТ. Учесници во првата домашна лига покрај Металург ќе бидат и Вардар, тим составен од постари играчи, Скопје, тим составен од странци кој се на привремена работа во Македонија и Косово како и тимот на Ипселон, кој работи со млади играчи. Заради недостигот на судии во Македонија, правдата на натпреварите од нашата лига ќе ја делат арбитри од соседна Бугарија и Србија за да се запазат стандардите. Со одигрувањето на првата домашна лига ни се отвараат портите следната година за пријавување на македонската репрезентација за кфалификациите за СП. Кога сме кај репрезентацијата да кажам дека веќе ние интезивно работиме на тоа, стапивме во контакт со доста играчи од Европа кој имаат македонски корени и кој се спремни веднаш да играат за нашата репрезентација доколку им се обезбеди наш пасош“ – додава за крај Никола Тасев.
Првите натпревар во Балканската Лига за Хокеј, тимот на Металург Скопје ќе ги има на 8,9 и 10-ти следниот месец во Софија каде што ќе ги одмери силите со тимовите на Ајс Девил, Днепар и Динамо.

http://ekipa.mk/metalurg-pirati-k-e-igra-vo-balkanskata-hokearska-liga/
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
http://karas4training.com/mk/news/sc-boris-trajkovski-go-skrshi-mrazot-za-ovaa-sezona

Петок 15.11.2013

14:00 - 15:00 часот ХК „Белкамнефт" (Ижевск, Русија) - ХК „СССР" (Москва, Русија)
17:00 – 19:00 часот - ХК „СССР" (Москва, Русија) - ХК „Kaiserslautern Eagles" (Кајзерслаутерн, Германија)
20:00 - 21:00 часот ХК „Вардар" (Скопје, Македонија) - ХК „Kaiserslautern Eagles" (Кајзерслаутерн, Германија)
23:00 - 00:00 часот – ХК „Вардар" (Скопје, Македонија) – ХК „СССР" (Москва, Русија)

Сабота 16.11.2013

09:00 – 10:00 часот – ХК „Вардар" (Скопје, Македонија) – ХК „Белкамнефт" (Ижевск, Русија)
Свечено затворање на турнирот
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12613206413&id=20&setIzdanie=23047

В година и Македонија ќе влезе на светската хокеарска мапа?
Те цитирав за да го видиш постов :)
Пошто гледам дека си единствен што се разбира од хокејов во Македонија, можеш ли да ми објасниш во кои натпреварувања играат Македонскиве екипи и во кои сали?
Во последно време објавуваат за ХК Металург дека игра во некоја Балканска лига и како што сфатив мечевите ги игра во Софија.
Се играат ли некои мечеви во Борис Траајковски, ама да не се ревијални или пријателски?
Што се случи со ХК Вардар?
Играли во некоја лига?
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Те цитирав за да го видиш постов :)
Пошто гледам дека си единствен што се разбира од хокејов во Македонија, можеш ли да ми објасниш во кои натпреварувања играат Македонскиве екипи и во кои сали?
Во последно време објавуваат за ХК Металург дека игра во некоја Балканска лига и како што сфатив мечевите ги игра во Софија.
Се играат ли некои мечеви во Борис Траајковски, ама да не се ревијални или пријателски?
Што се случи со ХК Вардар?
Играли во некоја лига?

Во моментот постојат два тима. ХК Металург и ХК Вардар. Домашно првенство до сега нема, Металург игра во Балканската аматерска лига. Во главно се игра во Софија, но требаше овој викенд да се игра во Скопје, но грците не сакат тука да играт па ќе ги лупаме во сдофија сега сабота/недела.
Во МК функционира само едно лизгалиште за хокеј и тоа е СЦБТ, Калето за жал од ланската сезона веќе не работи а и нема таму услови, нема кабини нема заштитна ограда над мантинелата итн...

За домшано првенство види тука, треба да имаме мин. 4 тима:

Во план е зимава да се игра првото македонско првенство

Еден од условите за настап на македонската репрезентација на едно официјално светско натпреварување е и постоењето на регуларно домашно првенство со минимум четири екипи и затворено лизгалиште.
- Поради тоа планираме уште зимава да организираме лигашко натпреварување во кое ќе учествуваат Металург, помладите хокеари, потоа Скопје со ветерани, Вардар СЦБТ и Вардар Вингс, со хокеари-странци, по што, најдоцна до март или април 2014 година, ќе решиме дали ќе се пријавиме за настап во претквалификациите - изјави Тасев.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12613206413&id=20&setIzdanie=23047
--- надополнето: 11 декември 2013 во 15:28 ---
Во врска со ХК Вардар незнам дали играат во некоја лига, но еден од хокејарите го имам на Фб: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10200134849693221&set=a.3002576122662.102146.1810135713&type=1&theater
и постојано објавува слики во дресот на хк вардар, веројатно сеуште постои клубот

Клубот постој од оваа зима, но за жал уште нема ношто конкретно. Иначе јас сум тој стоечки десно првиот во дрес што се смее како вол Ч)))))
--- надополнето: 11 декември 2013 во 15:31 ---
ПС:

Хокеј фанови МКД https://www.facebook.com/pages/Hockey-Fans-Macedonia/201723973189958
Металург: https://www.facebook.com/hkmetalurg
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
Металург-Вардар 11-3!
За жал Вардарци денес загубија од градскиот ривал :)
Мило ми е што ја проследив првата хокеарска утакмица во животов, па макар што беше и пријателска. Уште посреќен што се натпреваруваше ХК Вардар.
Од малиот муабет што го направив со @Zoki Lou сфатив дека Вардарци не се натпреваруваат во некоја лига, па се гледа дека не поседуваат којзнае каков клвалитет.
Металург игра воп Балканската лига и се гледаше дека имаат и поквалитетни индивидуалци, а и повеќе воиграни акции.
Можам да го издвојам играчот со број 77. Мислам дека на дресот му пишувапе Децковски и ако не се лажам некаде во коментари од некоја сатија го имаа фалено дека е еден од перспективните Македонски хокеари. Ми се виде дека е младо дете. Он асистираше на голем дел од погодоците. Впечаток ми остави и играчот со број 2. Од Вардар убедливо најдобар играчот со број 4.
Ако не се лажам Вардарци беа сите Македонци. Кај Металург имаше неколку странци кои правеа бајаги разлика.
Убаво би било @Zoki Lou како улчесник на мечов да ги напише составите ако ги знае и играчите на Вардар.
Ме зачуди што и двете екипи имаа по неколку постари играчи. Кај Вардар имаше 2-3-ца што личеа дека имаат по 50 години и можам да кажам дека беа доста подобри од помладите во тимот.
Мечот се гледаше дека беше пријателски. Немаше многу жар, имаше неколку бодичеци, па и мали искри, но брзо се расчистуваше.
Металург почна фуриозно и за три минути водеше со 3-0.
Голманот на Вардар имаше лош почеток, но после се поправи.
Првата третина беше играње викторија пред голот на Вардар, па на пауза се замина со 7-1 за Металург.
Во остатокот од мечот беше позиедначено.
Играчот од Металург со број 13 мислам (или 23) креваше без потребни тензии, ама донекаде и му даде поинтересен тек на мечот.
На трибините скоро сите 50-тина гледачи навиваа за Вардар, па на стартот на втората третина некои жени викнаа ајде Вардар, и типов се раздра демек пази да не не стигнете :tapp:
Претходно им се дереше на соиграчите зошто не давале максимум, а кога даде гол во првата трибина, се дереше Е ВАКА СЕ ИГРА ПИЧКИ ЕДНИ :facepalm:
Па во втората третина имаше еден дуел со играч на Вардар кој заврши со мешаници и туркање. Цело време се дереше по неговите соиграчи да не се заебаваат и да играат озбилно.
Вардар имаше убава акција за третиот гол :icon_mrgr: Интересно беше што Вардар имаше пенал на крајот од првата третина. Не знам зошто али судијата им даде 4 обиди, ама ниеднаш не погодија :icon_mrgr: Фаулот за пеналот беше доста незгоден, прво падна еден играч на Металург и многу педерски со стапот го сопна од позади играчот на Вардар кој беше во налет.

Се на се интересно ќе биде ако се успее во намерата да се направи лига. Засега со квалитетот сме релативно мнооооогу назад. Јас сум лаик за хокеј, така да поднаучив и некои правила денеска. Последен пат хокеј сум гледал Ед Јовановски кога играше за Канада :)

П.с. @Zoki Lou според сликата претпоставувам ти беше играчот на Металург со број 21? :D Ептен беше баксузен денес два пати да те соберат лошо како што приметив :)

П.п.с. со среќа против Грците во Балканскава лига :D
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
3
Поени од реакции
3
Хокеј Арената на СЦ "Борис Трајковски" викендов ќе биде домаќин на Државното првенство во хокеј што ќе представува прв официјален хокеарски натпревар во Македонија по пауза од 25 години кога две македонски екипи учествуваа во тогашната југословенска лига. Ќе учествуваат четири екипи, три македонски ( ВАРДАР, МЕТАЛУРГ и ФАВОРИТ - Кико, како и екипата на Ред Стар од Бугарија.
http://kurir.mk/sport/makedonski-sport/147119-Po-pauza-od-25-godini-prv-oficijalen-hokej-natprevar-vo-Makedonija
 

Kajgana Shop

На врв Bottom