- Член од
- 28 мај 2005
- Мислења
- 6.373
- Поени од реакции
- 177
ХК Металург уште еднаш го совлада актуелниот првак Ајс девилс (3-1)
Македонскиот претставник во регионалната хокеј лига (БАХЛ), тимот на Металург, и во вториот меѓусебен натпревар сезонава против актуелниот првак Ајс девил славеше, овој пат со 3-1 (2-0, 0-1, 1-0). Со вечерашната нова, четврта победа во низа, “пиратите” го задржаа максималниот ефект, и притоа лидерското место на табелата.
“Металурзите” одлично го започнаа натпреварот откако во првиот период преку Димитриј Прокудин и Урош Бановиќ поведоа со 2-0, но веќе во следниот период одиграа нешто послабо, што противникот знаеше да го искористи и да го казни со намалување на водството (2-1). Сепак, за осигурување на победата во последниот период се погрижи српскиот интернационалец Бановиќ кој го постигна својот втор погодок на мечот за конечни 3-1.
Металург веќе утре рано наутро, со почеток од 8.30 часот, во нов натпревар ќе ги одмери силите со екипата на Динамо Софија
- Објавено: декември 13, 2014 22:13