Секојпат кога се сетам на Mosaique, ми текнува на една многу интересна ситуација. Лично познавам двајца членови на овој, според мене, еден од најдобрите состави на современава македонска музичка сцена. Првиот намерно, вториот сосем случајно - се сретнавме на роденден на заеднички пријател и јас без да знам кој е, почнав муабет за музика, па се спомна и Мозаик - на човекот му стана истовремено срам (од моите фалби) и своевидно задоволство што сеуште се спомнува бендот со своевидна носталгија... се сложивме дека иако имаат издадено еден единствен албум со наслов „?“, овој состав претставува фантастичен спој на исклучителни музичари со различна музичка „позадина“.... Мозаик, самото име си кажува...
Иако веќе не постојат како состав, ве почестувам со ова: