Не ме чекај, мајко, не ме барај
јас ти умирам.
Сè што сакав мајко, сè што имав,
аманет ти оставам
Да сум месец, би се родил пак,
да сум цвеќе, пак би пораснал,
да сум птица, јас би долетал
И со мојте деца, јас би поиграл.
Не ме чекај, мајко, не ме барај
јас ти умирам.
Сè што сакам мајко, сè што имам,
аманет ти оставам.
Немој, мила, солзи не рони,
ноќва ти во дворот излези.
Јас ќе бидам облак и ќе заврнам
и крај тебе, мила, јас ќе заиграм
Не ме чекај, мајко, не ме барај
јас ти умирам.
Сè што сакам мајко, сè што имам,
аманет ти оставам.