- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Како дополнување. Дипломатијата секако не е иновација на Римјаните, ама затоа тие ја довеле речиси до перфекција. Договорот меѓу Филип V и Антиох III Велики всушност бил за освојување и поделба на вонегипетските владенија на Птолемаидите. Антигонидите и Селеукидите заедно имале неверојатен потенцијал и Рим по секоја цена настојувал да не дојде до нивна посериозна дружба. Исто така, Филип се договарал и со Ханибал за истовремени операции против Римјаните, па овие морале да преземат некакви мерки. Додека на запад се справувале со Картагина, Рим со преговори успеал да го предомисли Антиоха (за подоцна, кога е сам да расчистат и со него), на Македонците им спротивставил значителен дел од хеленските државички (тоа е првата Римско - македонска војна, во која всушност римјаните и не учествуваат, туку за нив го прават хелените) во која победникот е Филип v. Но се` тоа е само оддолговлекување во прилог на Рим, кој понатаму, со време, на разединетите (divide et impera) ќе им ја забибери чорбата и ќе им наметне pax romana.Сега колку се јадам што не снимив линк од една Шваба....пишува за тоа зошто Рим толку брзо интервенирал против Филип Петти...всушност Антиох од Сирија(кој бил крал на Селеукидското царство) и Филип (крал на Македонија) се договориле да формираат пан-македонска алијанска против ширењето на Рим на исток,но египетскиот фараон(од македонско потекло) примил совети од грчки советници и не се согласил заради нивните интереси на Егејот и затоа и не успеало да се формира алијансата од самиот почеток на договорот,па Филип и Антиох спремале окупација на Птолемаидите со што Римјаните ги замрсиле плановите...
За линкот се надевам на LouWeed,знам има листано германски автори...
Од литературата, сега ми текнува на Историја на древниот Рим (од Машкин, советски историчар, ако ги занемарите честите идеолошки тупења ака цитати на Маркс, Енгелс, Сталин и Ленин, ова е доста солиден труд, иако постар), и битолската Влаинка, Фанула Папазоглу со нејзините трудови и скрипти за балсканските племиња во антиката и историјата на епигоните (наследниците на наследниците (дијадосите) на Александар, која е познат историчар со европско реноме (кај неа не барајте многу детални анализи за разликите меѓу Македонците и Хелените, нема да ги најдете, а понекогаш и самата си противречи)
од античките извори, верувам дека ќе најдете нешто кај Полибиј