Хари Потер

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.169
Поени од реакции
84.883
Ме интересира нешто. Дали некаде може да се најдат книгите Fantastic beasts and where to find them и Quidditch through the ages??? И ако знаете цена во случај да ги има во некоја од нашите книжарници или печатарски куќи!?
Мислам дека првава ја има на англиски и во Македонија само не сум сигурен во која книжара. Ако живееш во Скопје пробај во Студентски збор или Икона или некоја друга книжара што продава книги на Англиски.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Ако сакаш на англиски, тогаш нарачај од тука, free shipping.
http://www.bookdepository.com/

Ако сакаш на македонски... не сакаш на македонски.
Ти благодарам за овој податок, но прво би побарал низ нашиве книжарници, па ако нема би се зафатил за ваков чекор.:)
Мислам дека првава ја има на англиски и во Македонија само не сум сигурен во која книжара. Ако живееш во Скопје пробај во Студентски збор или Икона или некоја друга книжара што продава книги на Англиски.
Прво, одлично подглавје, а второ ти благодарам за информацијава и на тебе, ќе го имам ова на ум.:)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Иако ќе си го негирам својот прв напишан коментар на оваа тема ,сепак би си го искажал своето мислење оклу оваа серија на романи ,но ќе се сконцентрирам само на пораките кои сум ги извадил од книгите затоа што според тоа што го прочитав и увидов до некаде единствено тие податоци фалеа.
Веќе во моето подножје имам запишано неколку од нив, но само кажани од овој лик кој всушност го имам земено како инспирација да мојот прв и единствен профил на форумов да стои под тоа име кое всушност сите кои го познаваат неговиот вештачки изграден карактер знаат и за каков лик станува збор. Но сега би одел општо за сите пораки во романите кои ги знам. Од почетокот, па се до крајот има неколку значајни пораки, а тие се: „Сите сме ние луѓе, а само ретко кои од нас е човек“, „Има и многу побитни работи од учењето во животот, а тоа се семејството и пријателите“, „Разликата е огромна од оние луѓе кои со страв пристапуваат кон одредена работа со цел да си ги остварат своите, но и туѓите цели за разлика од оние кои сето чисто срце и бистар мозок и пред се без страв застануваат да се борат за своите цели, но и да ги штитат целите на другите луѓе кои се плашат или едноставно го заслужуваат тоа“, „Понегогаш треба да се жртвуваме за оние кои ги сакаме, а притоа сме се хранеле од нивната љубов за тие да продолжат по својот пат следејќи ги нашите позитивни примери чекори“, „Во одредени моменти е добро да се прости поради направените грешки, но во одредени моменти пак не е добро да се прости за грешките со цел човекот да разбере дека истите не треба да ги повтори“, „Не прави клуб на миленици затоа што ќе бидеш темна точка кај оние што не припаѓаат во таа група“, „Побарај прошка, само ако мислиш дека истата ја заслужуваш“, „Оној кој вчера не ти бил пријател, не значи дека утре ќе ти стане непријател, но оној кој вчера си го камшикувал веројатноста да утре ти стане непријател е голема“, „Лесно е да пуштиш една црна овца да направи раздор помеѓу белите овци“, „Никогаш не е касно да во твоето срце пуштиш светлина, а со самиот чекор ќе ја избркаш сета темнина и единствената темнина ќе се крие во твојата сенка“, „Херој може да стане секој иако не е ниту во кругот на споредни ликови во животот„ .............
Има многу пораки и поуки, ја ги напишав оние кои ми текнуваат во моментов, ако има некој уште некоја ќе го замолам да пише т.е. да ги допише на темава.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Се разлигавив ко мало дете на сликава :giggle: Сеа пак ќе си ги читам сите делови по ред :love:
+1, прво книга па филм, па книга, па филм... Зарем постои подобар начин да се поминат празниците? :X3:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
+1, прво книга па филм, па книга, па филм... Зарем постои подобар начин да се поминат празниците? :X3:


Мене подобар начин не ми текнува :D Имам и една магична чаша од Хари Потер, ќе си ја најдам за да си го комплетирам моментот :X3:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Имам јас уште нешто, а кога станува збор за Хари Потер серијалот, тешко да е последно.
Се работи за едно интервју на Ема Вастон. Кога водителот ја праша, што е најчудниот поклон што си го добила од некој фан?, таа одговори- Библијата!
Тоа е јасна порака за ставот на тој христијански верник, но вистината не е таква, секоја учебна година тие прават мал училишен одмор за време на Божиќните празници што значи дека и тие го прославуваат Божиќ!
Дали таквиот однос од пред се еден човек, а потоа верник кон друг човек кој само толкува т.е. глуми според напишано сценарио од 3-то лице, е во ред?
И интревуто продолжи со самото тоа што спомна дека моментално има колекција од 4-5 Библии! Самата личност е ведра и насмеана цело време што ја прави позитивна личност и на самото тоа се насмевна.
Е сега сакам и за ова да разјасниме, како би постапиле вие кога би ја толкувале истата улога и некој фан ви дојде со Библија во раката и ви ја подари???
Имам и уште едно прашање ама нема да го напишам со цел да не предизвикам лавина реакции, прашањето е во врска со религијата, но има врска и со оваа тема (да не бидам разбрам погрешно, ја дополнив реченицата).
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.105
Поени од реакции
37.053
Па малце е несекојдневно барем за фанови да подаруваат библии? Шознам , колку што го пратам животот на Ема мислам дека не е мислила некој да навреди со тоа , ептен искулирана и образована е за една славна личност од таков профил.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
--- надополнето: 30 декември 2013 во 15:56 ---
Па малце е несекојдневно барем за фанови да подаруваат библии? Шознам , колку што го пратам животот на Ема мислам дека не е мислила некој да навреди со тоа , ептен искулирана и образована е за една славна личност од таков профил.
Прво и основно да кажам дека се трудам темава да живне, кога веќе има некои луѓе/личности кои се фанови или барем гледале некој филм или разлистале некоја книга од овој серијал па би можеле да напишат свое мислење и критика до она што го проследиле т.е. прочитале!
Она е Французинка т.е. таа е католик, а не протестант па многу е полесно погрешно да те сфатат во друга земја каде преовладуваат протестантите, но и сите ја знаеме онаа мала нетолеранција која владее помеѓу едните и другите. Мислам дека тоа е само провокација.
Колку хорор филмови сме гледале со демони и тие филмови биле номинирани за оскар? Дали тој глумец кои го толкувал ликот на демонот во филмот добил Библија од некој човек што лошо го разбрал филмот? Се случило ли тоа во филмската историја? Глумата за мене преставува уметност каде човекот по вештачки пат многу реално си ги прикажува своите чуства и емоции, затоа има многу малку добри глумци- ретко кој знае тоа добро да го направи.
И уште една паралела, зошто тој фан на некој акционен “херој“ не му подари лисици? Секое убиство е казливо, и си виновен ако има сведоци кои ја докажуваат твојата вина и ќе бидеш се додека не го докажеш спротивното, и обратно!
Гледам спроти мене интелигентна и интелектуална личност, дали ти би кулирал доколку би бил на нејзино место? Јас веројатно да, и искрено би ми било многу незгодно и непријатно.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Поентата на библијата како подарок е тоа што голем број хард кор христијани гледаат на Хери Потер како проповедање вештерство, па пробуваат на некој патетичен начин да и укажат на "грешката" што ја прави.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Поентата на библијата како подарок е тоа што голем број хард кор христијани гледаат на Хери Потер како проповедање вештерство, па пробуваат на некој патетичен начин да и укажат на "грешката" што ја прави.
Мислам дека веќе еднаш ја спомнав драмата Тартиф и повторно ќе ја спомнам. Писателот бил во “војна“ со црквата па дури и погреб не дозволувале да му се приреди, кралот Луј 16 морал да реагира да му се дозволи погреб, што е според мене апсолутно ретардирано однесување од тогашните црковни лица. Зошто тогаш таа книга не се повлече од светските пазари, како и Декамеронот и.т.н.
Светот гледа само на овие новонастанатите книги ,а тие книги кој го превртиле владеењето на црквата во Европа не ги ни пипаат нивните негативни критики ,а и ги читаат. Луѓето некогаш многу чудно размислуваат.
Ако мислиш дека книгата погрешно ќе ја разбереш или нема да ја разбереш, уште на почетокот ,а притоа ќе создаде гнев кај тебе, не ја читај понатаму! (не се однесува директно на тебе туку општо иако напишав во директен говор);)
 
Член од
29 август 2012
Мислења
85
Поени од реакции
18
Иначе дали некој знае колку чини пакет цена за сите 7 дела од Хари Потер книгите (македонските верзии) ? И каде би можел да ги најдам ? Фала однапред :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.993
Иначе дали некој знае колку чини пакет цена за сите 7 дела од Хари Потер книгите (македонските верзии) ? И каде би можел да ги најдам ? Фала однапред :)
Македонски верзии нема цели пакети или барем јас не сум запознаен дека има, но на англиски ти е околу 4,000 денари. А во сите книжарници можеш да ги најдеш последните 2 дела. Првите 5 само на старо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom