Иако ќе си го негирам својот прв напишан коментар на оваа тема ,сепак би си го искажал своето мислење оклу оваа серија на романи ,но ќе се сконцентрирам само на пораките кои сум ги извадил од книгите затоа што според тоа што го прочитав и увидов до некаде единствено тие податоци фалеа.
Веќе во моето подножје имам запишано неколку од нив, но само кажани од овој лик кој всушност го имам земено како инспирација да мојот прв и единствен профил на форумов да стои под тоа име кое всушност сите кои го познаваат неговиот вештачки изграден карактер знаат и за каков лик станува збор. Но сега би одел општо за сите пораки во романите кои ги знам. Од почетокот, па се до крајот има неколку значајни пораки, а тие се: „Сите сме ние луѓе, а само ретко кои од нас е човек“, „Има и многу побитни работи од учењето во животот, а тоа се семејството и пријателите“, „Разликата е огромна од оние луѓе кои со страв пристапуваат кон одредена работа со цел да си ги остварат своите, но и туѓите цели за разлика од оние кои сето чисто срце и бистар мозок и пред се без страв застануваат да се борат за своите цели, но и да ги штитат целите на другите луѓе кои се плашат или едноставно го заслужуваат тоа“, „Понегогаш треба да се жртвуваме за оние кои ги сакаме, а притоа сме се хранеле од нивната љубов за тие да продолжат по својот пат следејќи ги нашите позитивни примери чекори“, „Во одредени моменти е добро да се прости поради направените грешки, но во одредени моменти пак не е добро да се прости за грешките со цел човекот да разбере дека истите не треба да ги повтори“, „Не прави клуб на миленици затоа што ќе бидеш темна точка кај оние што не припаѓаат во таа група“, „Побарај прошка, само ако мислиш дека истата ја заслужуваш“, „Оној кој вчера не ти бил пријател, не значи дека утре ќе ти стане непријател, но оној кој вчера си го камшикувал веројатноста да утре ти стане непријател е голема“, „Лесно е да пуштиш една црна овца да направи раздор помеѓу белите овци“, „Никогаш не е касно да во твоето срце пуштиш светлина, а со самиот чекор ќе ја избркаш сета темнина и единствената темнина ќе се крие во твојата сенка“, „Херој може да стане секој иако не е ниту во кругот на споредни ликови во животот„ .............
Има многу пораки и поуки, ја ги напишав оние кои ми текнуваат во моментов, ако има некој уште некоја ќе го замолам да пише т.е. да ги допише на темава.