Хари Потер

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Нема да биди поврзано никако со старите актери. Читај серијалите ќе бидат 70 години пред Хари Потер и ќе се осврнат на Magical Beasts. Ако ти смета дека си ги полни џеповите не ги гледај незнам зошто исфрустрирано делуваш. И Роулинг не се обогати од ОСУМТЕ филма туку од СЕДУМТЕ книги. Ова ќе биди прв филм кој ќе има сценарио напишано од Роулинг.

Не.. не ме сфати. Муабетот ми беше мислев дека ќе пиши продолжение на книгите и затоа бев малце исфрустрирана, ќе беше ама скроз невкусно после совршениот крај кој го имаше Хари Потер да пиши ново продолжение.. и затоа мислев дека се работи за тоа и само сака да прави повеќе пари. Што се однесува до филмот штом нема врска со Хари Потер онда е океј, па ќе видиме што ќе испадне.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Нема да биди поврзано никако со старите актери. Читај серијалите ќе бидат 70 години пред Хари Потер и ќе се осврнат на Magical Beasts. Ако ти смета дека си ги полни џеповите не ги гледај незнам зошто исфрустрирано делуваш. И Роулинг не се обогати од ОСУМТЕ филма туку од СЕДУМТЕ книги. Ова ќе биди прв филм кој ќе има сценарио напишано од Роулинг.
Мислам дека на Роулинг во договорот со филмското студио назначи дека ќе може да се меша во снимањето. Плус, таа зема процент и од филмовите. Точно дека се обогати преку книгите, ама и филмовите и го зголемија контото.
 
Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Браво што некој започнал дискусија и за одличниот серијал Хари Потер.Прво што сакам да го нагласам ,а и сите што ги прочитале првите 5 дела на македонски јазик приметиле дека ликовите од книгите се изменети,тоа е невидено на еден серијал кој е еден од најчитаните во светот.Незнам која им била целта,веројатно да им биде поинтересна на помалите деца ама изгледа дека не знаеле дека книгите ќе ги читаат и деца над 12,13 па и 15 години кои таквите имиња им се глупави.Но добро што барем последните 2 дела се нормални:cuc:.Потоа секоја чест на Роулинг што напишала вакви феноменални книги,но и затоа што подарила 55 милиони долари во некој дом за деца во Единбург,а ретко кој го прави тој чекор откако ќе се стекне од огромно богаство.И за крај пофалба и за филмовите кои се направени според книгите ,кои се со мали пропусти и со некој пропуштени сцени кои би требало да ги има ,но во секој случај и вакви какви што се одлични.:) И јас колку што разбрав нов филм ќе има но ќе биде прикажуван само во Америка,Британија и Јапонија и ќе биде некој микс од сите филмови заедно.:(
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.153
Поени од реакции
37.364
Дали знаете дека Роулинг првата книга започнала да ја пишува во стан доделен од државата бидејки немала скршен денар , и била самохрана мајка. Well , the rest is history ... :)

И да , за сите критичари ... Јас со моите полни 22 години секојпат кога ќе ја изгледам сцената кога умира Дамблдор плачам како 12 годишно дете. Книгите се магични , филмовите исто , глумците мислам дека глумеа само во првите 3 филмови , потоа се претопија и дури на моменти забoраваа дека тоа е филм , дека они глумат , буквално уживаа во секој момент во секој изговорен збор. Најдобра екипа зберено со најдобра продукција , се до ниво на скоро перфектност. Кога ќе се спомне Хари Потер само фацата на Даниел Редклиф ми излегува пред очи , според мене еден од најдобрите глумци на светот ако не и најдобар.

Среќен сум што ја имав таа шанса да пораснам со книгите и филмовите , среќен сум за тој створен свет и среќен сум што цел реален свет му се поклони , со исклучок на неколку испрдоци кои едноставно .... не коментирам.

Како што кажа Дамблдор во првите редови од книгата ... "Нема да постои дете во нашиот свет коe нема да му го знае името"

Секој што го има доживеано Хари Потер на начин како што јас го доживеав , знае дека во животот му се десија огромни промени и гледа од друг агол на светот. Фала Џоана. <3
 
Ма зборам јас дека книгите не се за деца туку се за луѓе од сите возрасти, ама никој не ми верува.

Иначе планирам и децата мои да ги направам фанови на ХП :)
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Не знам уште колку пати ќе пишам на темава ама едноставно емоциите ми се посилни.. некој ќе рече ма дај плачеш на Хари Потер :cautious: Да плачам! Плачам затоа што со него пораснав, тој беше мојот херој, плачам затоа што ни една друга приказна ни сега ни по 100 години нема да содржи толку љубов и топлина колку оваа. Едноставно не се опишува со зборови.. Само се отвора првата страница и се започнува да се чувствува, се живее секоја реченица.. во тоа е магијата на оваа книга, тоа што Роулинг направи таква магија да не внесе во книгата како и ние да сме дел од неа.
И она што уште повеќе допира до мене е тоа што актерите успеаја совршено да ја доловат приказната, секој од нив даде се од себе..едноставно не можеа да го сработат подобро, постигнаа совршенство во вистинска смисла.. тие не глумеа, тие живееа во светот на магијата..
Кога го гледав последниот дел сфатив дека тоа беше тоа, крајот, не ми се веруваше дека едноставно стигнавме до крајот.. и тука беше решавачкото. не можи човек да не се расплачи.
Па и тие епик моментс во 7 дел.. смртта на Снејп, крајната битка,скокот на Хари и Волдеморт кога му рече „Come one Tom, let's finish where we started, together!“ е тоа беше емоции..
па кога Хагрид го носеше телото на Хари.. не се опишува. :place:
Оваа приказна ќе живее и живее со години.. и еден ден ќе им ги дадам книгите на моите деца и внуци.. и ќе им раскажувам колку беше прекрасно чувството што ете јас бев таа прва генерација што порасна со Хари..
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.153
Поени од реакции
37.364
А шо убаво е чувството кога ликови со никови како Нимфадора и Анимагус ти оставаат лајк на постот. :D

Иначе преѓеска кога ја најдов темата си го пуштив право и првиот филм , сеа одам да одморам малце па вечер се спремам за Хари Потер маратон. :)

Неможам да го слушнам почетокот на мелодијава а да не ми затрепери од внатре ...

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Видов дека е веќе започната дискусија во врска со овој серијал.(y)
Иако сметам дека првите 3 книги се и во соодржина,но и по тежиштето на читање далеку од останатите 4 сепак како целокупен серијал не треба да се двојат едни од други,но и кое дете би прочитало 700-600 па и околу 800 страни,како што се последните 3 дела од истиот серијал.Затоа сметам дека книгите се и да деца и за возрасни.:D
Исто така сакам и да го потенцирам ова за кое кога ги читав книгите ме фрли во длабоки мисли,она тежиште на зборување на секој лик поединечно,односно како расте Хари така и книгите стануваат се посериозни,но и односот со повозрасните и помудрите ликови кои немаат еднакво јазично подрачје и говорно како Хари за разлика од многу други писатели кои пишуваат како во книгата да размислува само еден единствен лик.;)
Но и секоја книга си има своја порака,нејчесто таа е запишана во книгата,но има и главна,а таа е ,,ништо не е побитно од другарството и пријателството,,таа е и мојата цел со која се зачленив на форумов,не дека немам пријатели,но од пријатели никогаш не е доста.Да се доразбереме,секој поединец може да извади различни пораки или заклучоци,немора да се народни,затоа што и тие народните некој ги измислил ,па потоа народот ги применувал.:)
Има уште многу работи кои сакам да ги напишам за темава,но понатаму.И имам едно прашање,колку што ги прочитав разговориме наназад приметив дека некои лица се договориле да ги преведат книгиве на македонски јазик,иако е против законски,ме интересира до каде се и што направиле,секако ако сеуште се активни на форумов.:LOL:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Имам едно прашање,дали има заинтересирани да ги доуредиме наодите за Хари Потер и остантите ликови на википедија?Затоа сакам во блиска иднина да го средам тоа.Или барем да ми помогнете ако ми треба совет или информација за некого или нешто,гледано од наша гледна точка.:)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не знам дали знаете, Џоана има објавено еден вид на приквел на Хари Потер серијалот. Еве појше инфо. Го имам фајлот на компјутер, ако некој го сака ќе му го пратам.

Плус, серијалот фан-фикција на Хари Потер.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.994
Ме интересира нешто. Дали некаде може да се најдат книгите Fantastic beasts and where to find them и Quidditch through the ages??? И ако знаете цена во случај да ги има во некоја од нашите книжарници или печатарски куќи!?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.153
Поени од реакции
37.364
Ме интересира нешто. Дали некаде може да се најдат книгите Fantastic beasts and where to find them и Quidditch through the ages??? И ако знаете цена во случај да ги има во некоја од нашите книжарници или печатарски куќи!?

На амазон ги имаш , а за на македонски незнам.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.799
Вчера ги глеав сите трејлери собрани у едно видено и ко вчера да беше коа почнаа да ги праат филмовиве и да освојуваат симпатии низ цел свет.

Детството ми се разубави со филмовиве, секоја чест.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom