Хамбургерот од „Седмица“ си иба мамата

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Сеуште нема добра замена за хамбургерот од Седмица. Многу ми беше смешно порано кога хит-замена беше Вили, хамбургерот им е прелош, плус многу гадости се изнаслушав.

Сега со акцијава на Мекдоналдс (2 БигМек оброка за цена од 1) за првпат пробав БигМек и доста ми се допадна, само за 240 денари не вреди. Вака да остават оброк за 120 тогаш ќе може да се прави муабет.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Прават промет од глуп и прост народ кој оди да јаде таму само поради името.

Жу Жу Бургер се моментално бр. 1.
Кога е јадење во прашање, македонецот секогаш го бира најисплатливото.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
130, што е многу, многу е! :)
Сите сендвичари затоа што се “добри“ ги ставаат истите цени како 7ца :) Значи сегде ти е исто, а кога веќе даваш толку пари за сендвич, ќе си земеш од 7ца нормално.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.091
Пошо последно време станав неквалификуван експерт по брза храна(против моја воља како причина студентскиот живот) ,иако не сум го пробал хамбургерот од седмица од пред неколку години , сепак тој денешниот светлосни години напред во однос на тој од вили ,беко и други не толку познати сендвичари.

Иначе вчера за прв пат јадев од жужу бургер ,иста цена како седмица, повеќе компирчиња од седмица + сосовите , но не и повкусен ...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Првпат јадев пред 10тина години, знам идев на англиски во близина на сендвичарата. Цената беше 70-80 денари мислам и се добиваше нешто не видено во тоа време (иако беше поскапа сендвичарата од останатите за 10-20 денари). Сега, немам јадено веќе 2-3 години, но, од последното јадење бев крајно разочаран и ужасно се нервирам кога некој уште ги почитува како сендвичара и сендвичи. Знам јадевме и на пола...за 90(значи по 45) денари.....ти ставаа помфрит во пола сендвич повеќе него кога јадев цел сендвич пред 2-3 години. За нигде се. Цената е и повеќе од дупло зголемена (имам разбрано дека почнале со 60 денари) а квалитетот им е однесен во була, за нигде. Барем да си го држеле стандардот а цената нека рипала (јасно ми е дека не е исто КГ месо пред 20 години и сега, ама па може да се потрудиш квалитетот на тоа КГ месо да ти биде на исто ниво)

П.С. Оддамна се немам фасцинирано од некоја сендвичара во градов. Имаше една на улица Македонија, Твиги се викаше....таму правеа и повеќе од солидни сендвичи, со прифатливи цени (80-90) денари.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
17
вили-полнето пилешко-белите сосови-крастаички-леле ми се пријаде, а јадев пред 5мин :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
У Вили со раце фаќаат пари па после ти го фаќа лепчето па се брише од блуза и пак јово наново цел циклус... многу мрзам нехигиена. Во последно време па и лепчето им е суво, никакво. Мора да запазат малце на хигиена, може санитарна некој ден добро да ги стрефи.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Целата поента со Вили е што рабти после 1 (претежно сендвичарите во градов до 1 работат) и 80% од попуацијава кога јаде, јаде на пијано...така да, не е ни толку битна тогаш хигиена, квалитет....само малку побрзо да ти го спреми, лупаш внатре од сосовите што им останале за веерта и среќен си што си легнал најаден. Јас еве на трезно еднаш имам јадено полнето пилешко и бев разочаран.

А за парите да не праиме муабет. Се осеќам ко у средношколска сендвичара да зиам хамбургер за мал одмор.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
Сега со акцијава на Мекдоналдс (2 БигМек оброка за цена од 1) за првпат пробав БигМек и доста ми се допадна, само за 240 денари не вреди. Вака да остават оброк за 120 тогаш ќе може да се прави муабет.
до кога трае акцијава 2 бигменка за цена од 1 (или пројдена е више)? :)
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.804
Поени од реакции
49.914
Значи немојте оноа Жужу-бургер да го спомнувате како озбилна сендвичара. ВЕЗЕ НЕМА !!
Самиот концепт со сосови од Вили и Плескавица и помфрит од Седмица е промашен. Ако ти е за сендвич од типот на Вили - иди у Вили, овие не се ни пола. Ако ти е за 7ца иди во 7ца, не се ни третина. Истите пари се во двата случаја, чак, за Вили и поефтино ти е.
Мешање на сосовите со плескавицата, помфритот и кечапот и мајноезот прави помија од хамбургер.
Единствено што им вреди се тие 9 кила помфрит што ги акаат во секој сендвич, и евентуално тоа може да залаже, иначе- тиња.
 
O

Orion.

Гостин

Никој не те тера да стаиш сосови:) Мене лично Хамбургерот од жужу ми е повкусен од хамбургерот од 7. Плескавицата во 7 е пуна соја.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.804
Поени од реакции
49.914
Никој не те тера да стаиш сосови:) Мене лично Хамбургерот од жужу ми е повкусен од хамбургерот од 7. Плескавицата во 7 е пуна соја.
да бе да, овде фазан ставаат у плескавицата :icon_lol:
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Никој не те тера да стаиш сосови:) Мене лично Хамбургерот од жужу ми е повкусен од хамбургерот од 7. Плескавицата во 7 е пуна соја.
Обратно е малце (повеќе). 7ца имаат цени зашто нудат и месо и квалитет, а другиве имаат цени затоа што 7ца ставаат цени. Башка 7ца си има своја кланица и месара, другиве кој знае што од кај зимаат. Не е глуп/слеп/без вкус народов што се бутаат да чекаат во редови во 7ца кога имаат толку “добар“ избор и тоа без чекање... Плус што имаат сертификат (или како и да се вика) за квалитет на храна, квалитет на изработка, хигиена....

Пред да јадам нешто од некаде (или пред да се “претплатам“) барам што е можно поточни информации за тоа што ќе го изедам, а не тоа што е поефтино.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom