Не верувам дека агенти на еден играч насвоја рука ќе договараат нешто, сеа ти ако веруваш во тоа, ондак тоа е друг муабет и џабе ке се натегаме.
Знам дека ова со роналдо е договорено уште во јануари, пишав за истото тука мислам или у темата за интер, заминувањето на роналдо и зидан до некаде и беа очекувани за управата, и беа спремни за тоа, заминувањето на модрич не, ова е муабет што искочи тек после светското првенство кога веќе почнаа подготовките.
Можеби да имаше адекватна замена за него, ќе попуштеше перез, вака иам кажано 200 пати, и со него во тим сте послаби од моменталнава барса која е страшна годинава. Лани ако не се лажам цели 17 бодови заостануваа реал зад барса, сеа без роналдо и зидан, плус без модрич, у ниеден универзум не би можело да им се парира, и вака тешко дека ќе им парирате, а па без модрич. Плус и лупетеги е енигма, перез знае да погоди ама знае и бајаги да утне со тренери.
Така да далеку од тоа дека сум имал големи надежи дека ке дојде модрич, имав пишано во еден наврат дека најпаметно ќе беше сместа да го договорат видал дур барса не ни беа у игра, а се натегаа за него добри недела дена ( од искуството со сите досегашни трансфери и што известија сите медиуми на тема видал, он требаше да биде договорен минимум 5 дена пред да влезе барса у комбинација ), па за модрич да пробаат наредна година, не гледав сценарио у кое реал од европски првак ке се спушти на нивото на валенсија у едно лето, со губење на 2 главни карики и тоа не било кои плус тренер.