Манчестерци, ај едно кратко био за Смолинг, до пред некое време многу го фалевте, како стојат сега работите?
Има физикус да е топ 5 дефанзивци во свет, како што рече колегава не е баш склон на повреди, физички силен е, брз, воздушен дуел, се тоа топ. Проблемот кај Смолинг е што е трапав, мене тоа многу ме нервира. Знае да фати некого со рацете во шеснаесетник и да судат пенал (не еднаш се случило), да игра со рака, да избрза со rash одлука што ја викаат Англичанине и да е неконстантен. Значи ќе направи глупост и одма ја има онаа фаца како, не сум крив, ама ја не, друг тоа, ме местат. Нешто како Ловрен е во тој сегмент. Затоа и секој втор хејт пост во фан клуб ми е за Смолинг.
Е сега би рекла дали Еванс дали Смолинг е прашање на финеси зошто Еванс знае да игра со топка и сам да почне напад, нешто што Фергусон го бараше од него и е поопасен од прекин од Смолинг. Но од другата страна пак, има нешто што секогаш го зборам кога се споредуваат играчи, тоа е дека Еванс игра за ВБА. Не добива медиумско внимание како Смолинг кога ќе заебе некаде така што освен скаутите на Арсенал и навивачите на ВБА, тешко дека некој реално би дал мислење дали Еванс созреал овие неколку сезони оставен сам на себе или е истиот Еванс што паничеше кога топката ќе падне во шеснаесетник.
Треба да се види за играта на Венгер кој повеќе би одговарал, скрос различни дефанзивци се.