Палмер за Санчо е Марадона лично, не ти треба статистика, доволно е да гледаш што се случува на терен и кој какви потези прави. Затоа и никој не збори ништо и не постира за Палмер. Дечкото го има фудбалот во малиот прст. Патем, тоа што Палмер е во лош период, и има слична статистика со Санчо, не го прави по автоматизам другиот добар фудбалер. Патем, не ти го разбирам ова, не игра многу. Гугл вика дека во 38 утакмици има учество сезонава.
Санчо е преправљотка од фудбалер. Го носеа во Холандија 4 месеци психички да се врати ликот во сред сезона дур беше на 350к плата, за потоа да се посере на истиот клуб. Исти курац кај и да иде, игра нешто првите 2-3 месеци, потоа е алиби играч, ауто пилот. Ке сфатите и самите, само нека помине време.
Се сложувам со напишаното, мојата споредба повеќе беше за да ставам акцент на тоа во каков кал плови целиот тим на Челзи последните месеци, ако Палмер не може да да ги оправи зошто да очекуваме дека Санчо може да дојде до носител на игра? Кога играше целиот тим играше и тој, не кој знае колку ама ете 2 гола 6 асистенции, на пример и по негова заслуга имаме добиено 2 3 пенали, со што доаѓаме до инволвираност во ~10 гола.
Трансфермаркт вика дека има 26 утакмици сезонава во сите натпреварувања, плус секоја преступна година игра целосни 90 минути на утакмица.
Тоа е за 25 милиони сигурно никој не мислеше дека ќе го гледаме Меси во Челзи, за жал во денешниот фудбал барем во ПЛ за 25 милиони се купуваат играчи за клупа што воедно е и Санчо. Иако и вашата и нашата трансфер политика е за никаде вие го извлековте подебелиот крај, а мислам дека вам тоа и највеќе ви смета па терате на копиум. Ќе признаете и вие дека 25 милиони се смешна цифра во денешниот фудбал, 100% сум сигурен дека Санчо нема да се задржи многу во Челзи, единстевено ако не се повампири а сигурно нема, така да неговата кариера ќе е кратка во Челзи. Ќе се најде некој клуб и ќе биде продаден за профит, и после ќе дојде Данте и ќе се чуди како Челзи потрошил 5 милијарди. За Касадеи што изигра 3 утакмици во ПЛ за 3 години успееа да му израмнат пари плус % од следен трансфер, не па за овој.
Јасно ми е и мене кој е Санчо и какво лигле е и како се испонаша спрема Манчестер Јунајтед, ама и тој не е единствениот кој се карал и со тренери и со кој знае уште со кој во структурата на тимот кај вас. Не ви се ни Санчо ни Рашфорд ни Петко, Трајко криви па да лечите фрустрации врз нив а и врз нас тука на форумот. Самите клубови ги размазиле ваквите примадони да дојдат на оваа ниво, ( во овој случај Јунајтед ) еве според мене и Мадуеке е ист тип на играч како овие двајца веќе спомнати само што разликата Нони не зема 350к неделно туку 50к, па не се ни крева многу галама и се решава тивко а исто така и не му удира на его многу за разлика од овие „фудбалеришта“ што веќе земаат 350к неделно и не може ни збор да им се каже и почнуваат да поставуваат услови и да си играат курташак. Ние за Маунт волку не сме збореле колку вие го масирате за небитниот Санчо а имаме многу повеќе материјал за „бантер“. Ајд секое добро.