Наводно Барса им дале рок на Ливерпул до утре да ја прифатат понудата или официјално ќе се откажеле од Кутињо. Тактиката „сега или никад више“ што ја спроведуваат со играчите, пробуваат да ја употребат и на клубот.
Вакви ултиматуми обично упалуваат ако сме 30 август и ако има ценкање за 5-10 милиони фунти. Кај Кутињо ситуацијата на Ливерпул не му е до парите. Клоп малце ја заебава целава ситуација, скарани, нескарани, вака, онака, различно мислиме со управата... Имаш квалитетен играч, еден од ретките што играат за десетка по Суарез, нема што да се караш, не е Ливерпул во таква ситуација да си дозволи Клоп да си расипува односи со играчите, едноставно го врзуваш дома за радијатор и нема мрдање. Настрана што човеков е инат и би го заменил Кутињо со фудбал менаџер трансфер.