Џ
Џонтра Волта
Гостин
Дневна доза просечни кладионичар. Сè има на сликава!
Едноставно види му го огромниот едно литарски БИК упаљач.Доле е по износени кратки панталони со џебови од страна и јапанки, точакот со корпа напред му е потпрен пред влез у кладилница, на брзина пишува едно ливче за 30 денари, иде на зелен пазар со список од жена му, успат застанува у Стара Липа седнува со рандом старци пие жолта и зборат за дневно политички теми, пред затварање на пазарот купува по 3 патлиџани и 2 краставици, едвај си доаѓа дома, ливчето веќе одамна не му е во игра, го бутнала првата 1.40 коеф. жена му се дере по дома дека се одрал од ракија, мува не го лази, нареден викенд истото би го направил.
Тежи ко камен, го купуваш еднаш и го користиш пола година. Да потоне ко Титаник коа ќе го извадиш одма ќе запали од прва. Најдобриот и најјакиот отварач на ѕидарско пиво, ја лансираш тапата ко Аполо 13ти. Кара таван можеш да коваш со него. Нема смрт.
Омилен упаљач на сите што пушат по 40 качак цигари дневно, зависници од никотин кои немаат намера да се нервираат ако упаљачот од 10 денари им се распадне кога очајнички ќе сакаат да ја запалат цигарата следбеник на таа што ја угасил пред 4 ипол минути.
Крикет е за шминкери.
Последно уредено од модератор: