Видук, у реду е. Нема по сто пати да ја правиме истата дискусија. Ќе речам дека сте во право само да не дискутираме истото. Вие сте 20 души на форумов, и нема како да бидете победени против 1-2 членови што ќе ви кажат контра.
Не само за Де Геа, туку и за сите играчи што се во вашиот тим, а гледаме дека дно допираат. Маринети почна со заебанцијата Мондео - Марсијал, па вие со дрва и камења по него, за на крај да испадне полош и од Мондеото. (Не се снашол, не знае англиски, жена му го мачеше со разводи не се изговори).
Еден куп играчи кои играле или играат за Јунајтед, се правени богови, само затоа што врзале месец дена топ утакмици, а после ги нема.
И после ви се смеат кога ќе изеде некој блам Јунајтед, како овој сега со Ливерпул.
Не навлегувам до кого е проблемот, дали е Оле, дали е тимот крив. Ама вие ги правите конкуренти за титула (ништо послаби на хартија од Сити и Ливерпул, а доста појаки од Челзи).
За Де Геа убаво памтам кога бранеше како издрогиран (врвна форма, надреална) беше тука ставан како број 1 на сите времиња. А реалноста е дека типот освен брзи рефлекси, нема баш нешто добро со кое би се пофалил.
Го ставав можеби во ист кош со Харт, и некои рандом голмани, ама па вие го ставате во самиот врв како што се Буфон, Касиљас, Облак, Ноер и други.
Нема потреба да се повторуваме, тие што не се фанови на јунајтед, знаат за што зборам цело време.
Нека ви биде полесно дека сте некаков фактор конкурент во лига, а реалноста е дека сте топ 4 екипа со повремени блесоци, далеку зад Сити, Ливерпул и Челзи.
Де Геа никогаш не бил главен проблем на Јунајтед, а најмалку сега.