Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Пак никако да одговориш на прашањето направи споредба на домашни титули и европски титули кој се во број повеќе и ќе видиш дека глупи ти се муабетиве. Лш секогаш била и ќе биде многу потешка да се освои него домашна Лига. Не за џабе сите побитна им е Лш.
Абе јас се согласувам дека е потешко да освоиш ЛШ, не знам кај виде дека се бунам. Само реков дека во ЛШ не победува секогаш тој што заслужува, и дека кога играш турнирско натпреварување, може да испаднеш ради сплет на околности и нема назад. Еве како Трибиани ме разбира што сакам да кажам. Си играл ли некогаш турнир во некој спорт? Или барем на игра? Си испаднал иако имало послаби од тебе што продолжиле понатаму?

ЛШ има јака конкуренција, али не секогаш најсилните остануваат до крај. Немој дс ми кажеш дека Ајакс и Тотенхем, Лион, Лајпциг се поквалитетни од Јунајтед, Атлетико, Јуве, ПСЖ, Реал?

Нормално е да имаат повеќе домашни титули, пошо таму нема испаѓање на сред сезона, и конкуренцијата е далеку помала. Од друга страна, ако заредиш 3-4-5 кола слаби, а имаш јака конкуренција, отиде возот. Затоа и Сити толку се одлепува од останатите во ПЛ. А истиот тој Сити губи во ЛШ од послаби екипи, е како? Затоа што тимови од рангот на Лион, Лајпциг, Ајакс во 90/180 минути ќе дадат максимум, ќе се борат до крај и ќе пројдат некако.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.622
Поени од реакции
5.146
Да, ама паѓаш психички и помали се шансите да се вратиш, обично се дешава тотален распад на тимот. (Зборам при глуп примен гол, изненаден црвен картон, судиска грешка и слично)
Ама ова веќе не е среќа, ова е психа :D
Ти ја сфаќам поентата, ама пак има многу фактори, освен факторот среќа, кој нормално е неминовен. Ама не одлучувачки, т.е никако одлучувачки.

И да, исто и ова. Идете на тоа дека да равњате 30 кола со "една утакмица". Цела сезона во ЛШ е 13 утакмици минимум за да се освои ЛШ, плус да обезбедиш пласман 30+ кола од минатата сезона.

Иначе ако глеаш така и во лига имаш една одлучувачка утакмица многу често, па можеш да кажеш среќа, ете Реал и Атлетико лани. Атлетико дава гол во 82 за израмнување, па пресврт за титула претпоследно коло. Последно коло исто со пресврт до титула. Реал па немаа среќа чист пенал да не им досудат на три кола пред крај против Севиља и да го изгубат водството... Пак е "една утакмица" , пенал/ пресврт во задњи минути што одлучило.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.478
Ама ова веќе не е среќа, ова е психа :D
Ти ја сфаќам поентата, ама пак има многу фактори, освен факторот среќа, кој нормално е неминовен. Ама не одлучувачки, т.е никако одлучувачки.
Се согласувам со тебе, дојдовме до крајот :D

Инаку сега што го тргнаа гол во гости правилото, ќе направи помалите екипи да не играат бункер, па ќе треба да гризаат за да дадат гол повеќе, или евентуално да се надеваат на пенали. Па така мислам ќе има се помалку изненадувања во нокаут фаза.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Не мислам дека некој во дискусијава вели дека е лесно да се освои ЛШ или дека тие кои освојувале, освојувале "на среќа".

Поентата е дека, поради форматот, среќата е фактор поради кој квалитетен тим би можел да отпадни порано во турнирот, иако можда во други околности би поминале.
(Пример, несреќа е пред двомеч со ПСЖ да ти се повреди најдобриот играч кој ја игра сезоната на животот, на факинг утакмица на Полска со Андора.)

Во лига то не можи да се деси и најдобриот тим ќе биде најконзистентен и најверојатно ќе освои. Ретки се сезоните каде до сам крај не се издвоил еден тим со позначајна бодовна разлика, па пак нијанси да одлучуваат, како што е случај со секој натпревар во нокаут фаза.

И дај не се резилете со "шо успеси има Пеп" муабети, типот од ко е тренер само 3 сезони не бил шампион во лигата каде се натпреварува. Не дека немал киксој и глупирања, и да, апсолутно вади од такт то шо со Арапите си играат желботека на трансфер пазарот, ама сулудо е да му се оспоруваат тренерските квалитети.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ако не освои Сити ЛШ тоа ќе биде само заради Пеп. Премногу се глупира на најважните натпревари. Челзи, Лион,Тотенхем, Монако со сите овие противници он измислуваше топла вода.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.786
Поени од реакции
13.473
Значи тој Грилиш кој не го биваше многу и вреди толку само затоа што е Англичанец и игра во ПЛ, а во италијанското имало неколку подобри од него, сега одеднаш станува огромно засилување за Пеп и ќе биде страшно ако "ќелавицата" не освои ЛШ со него?!

И кога тоа Пеп земал најдобри фудбалери или фудбалери кои освојувале златна топка? Можеби се скапи, поточно сигурно плаќаат многу, но не видов да ги купува Меси, Роналдо, Нејмар, Мбапе. Ако го земе Кејн, тоа ќе биде еден од ретките такви трансфери. Иако тука и за Кејн ќе се поведе расправа дали е во топ 3 напаѓачи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.590
Поени од реакции
62.679

Ке биде страшно ако не земе, зошто се ближи скоро до миљарда евра потрошени на трансфери откако истиот дојде во Сити, и има скоро 2 квалитетни 11-ки. 1.000.000.000 на трансфери.

:pos:

Последно уредено:

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.838
Не знам што напнуваат луѓето со ЛШ...и до крајот на кариерата да не освои односно секоја година да освојува ПЛ ќе му биди окарактеризирана како успешна...Премиер Лигата не е некоја селска задруга.....најаката лига во светот со ѓаолска конкуренција и противници кои влегваат на нож секој дуел.....јасно е дека престижот во ЛШ е друг ама пак не се дотолку огромни фаворити како што ги преставувате...моментално ПСЖ и Баерн Минхен по квалитет се на исто ниво со нив...тука се и Манчестер Јунајтед,Ливерпул,Челзи...од сите овие екипи Сити можи комотно да изгубат ...дури со некои од нив нема ни да биди фаворит.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.472
Поени од реакции
5.474

Никој не вика дека ПЛ не е најјаката лига у свет,
АМА
Screenshot_20210802-131605_Samsung Internet.jpg
Од 2016 до сега.

А ќе видиме колку ќе потроши летово. Како и да е ќе иде над милијарда евра за играчи. Епа ЛШ е must во ваков случај, и гарант им е побитно на Сити да земат ЛШ од ПЛ, со оглед на тоа што уште немаат освоено.

А да, лани финалето против Челзи на среќа го изгубија Сити или?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.564
Поени од реакции
52.361
Вчера информации дека после трансферот на Грилиш, тешко дека ќе исплатат и за Кејн. Денес Кејн не се појавува на тренинг во Тотенхем. Ќе биде интересно.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Прегледај го приврзокот 303244
Од 2016 до сега.

А ќе видиме колку ќе потроши летово. Како и да е ќе иде над милијарда евра за играчи. Епа ЛШ е must во ваков случај, и гарант им е побитно на Сити да земат ЛШ од ПЛ, со оглед на тоа што уште немаат освоено.
Ако од табелава заклучи дека ЛШ е must за Сити сезонава, Јунајтед шо треба? Да се самоукинат како клуб дека со полош биланс на излезни/влезни трансфери само една Лига Европа имaат освоено во 5 години?
 
Член од
23 март 2017
Мислења
313
Поени од реакции
521
Никој не вика дека ПЛ не е најјаката лига у свет,
АМА
Прегледај го приврзокот 303244
Од 2016 до сега.

А ќе видиме колку ќе потроши летово. Како и да е ќе иде над милијарда евра за играчи. Епа ЛШ е must во ваков случај, и гарант им е побитно на Сити да земат ЛШ од ПЛ, со оглед на тоа што уште немаат освоено.

А да, лани финалето против Челзи на среќа го изгубија Сити или?
Spored potrosenoto Manchester zaustanuva okolu 100 milioni, igracki zaostanuvaat mnogu zad Manchester city a so ogled na toa deka city imaat 100 mil poise profit od niv, na kraj ispagja deka dvata tima potrosile isto a edniot tim city ima dva jaka tima a utd ne moze uste 1 salam tim da sklopi,..... No comment
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.472
Поени од реакции
5.474
Ако од табелава заклучи дека ЛШ е must за Сити сезонава, Јунајтед шо треба? Да се самоукинат како клуб дека со полош биланс на излезни/влезни трансфери само една Лига Европа имaат освоено во 5 години?
Ја утна малце поентата.
Јунајтед имаа тешка криза од кога си отиде Ферги и уште се оправаат.
Сити од друга страна од кога ги купија Арапите само трошат ко луди и градат тим, Пеп не наследи тим во криза, Пеп наследи асален шампионски тим кој 5 години си го обликува по своја желба со по над 150 милиони потрошени во сезона просек.

Лш е must пошто само уште тоа им остана да освојат на Сити. Табелата е ставена за да се види дека Сити покрај тимот што го имаа, трошеа ко луди од кога дојде Пеп и затоа освојуваа ПЛ толку често покрај нивната конкуренција.

Јунајтед не можеш да го споредуваш, огромна промена им се деси, сплет на лоши одлуки и паднаа премногу, затоа еве сега после толку години конечно пак се враќаат на "прав пат".

Spored potrosenoto Manchester zaustanuva okolu 100 milioni, igracki zaostanuvaat mnogu zad Manchester city a so ogled na toa deka city imaat 100 mil poise profit od niv, na kraj ispagja deka dvata tima potrosile isto a edniot tim city ima dva jaka tima a utd ne moze uste 1 salam tim da sklopi,..... No comment
Не можеш да ги споредиш двете ситуации, пишав и погоре зашто.
Не е исто да си во слободен пад и да имаш веќе прејак состав на кој само докупуваш играчи и истураш торби пари.

Иако нема збор, Јунајтед доста грешки правеше од кога си отиде Ферги но еве изгледа конечно им дојде памет малце.

Табелата беше за друго ставена. Сити од кога го земаа Арапите почна да троши ко луд секоја година, само градеше тим, успеа да направи шампионски тим со прејаки играчи и до ден денес доминира во лигата, ЛШ е неуспех на Пеп Гвардиола пошто со таков тим и на толку потрошени пари од кога е дојден гвардиола во Сити сеуште немаат освоно, а реално последниве години на многу глуп начин испаѓаат / губат. Поточно ради тренерска грешка.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.048
Поени од реакции
1.509
Околу Пеп,ни вака ни така. Арапите сигурно не се нешто многу сентиментални па го чуваат и му лупаат вреќи пари туку сметаат дека успешно води. А Сити е сепак сериозна институција па не е дека овој е најпаметен и ги вози. Дека се глупира во непотребни моменти тоа си стои, треба да го исклучи тој инает за да биде најдобар активен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom