Абе јас се согласувам дека е потешко да освоиш ЛШ, не знам кај виде дека се бунам. Само реков дека во ЛШ не победува секогаш тој што заслужува, и дека кога играш турнирско натпреварување, може да испаднеш ради сплет на околности и нема назад. Еве како Трибиани ме разбира што сакам да кажам. Си играл ли некогаш турнир во некој спорт? Или барем на игра? Си испаднал иако имало послаби од тебе што продолжиле понатаму?Пак никако да одговориш на прашањето направи споредба на домашни титули и европски титули кој се во број повеќе и ќе видиш дека глупи ти се муабетиве. Лш секогаш била и ќе биде многу потешка да се освои него домашна Лига. Не за џабе сите побитна им е Лш.
ЛШ има јака конкуренција, али не секогаш најсилните остануваат до крај. Немој дс ми кажеш дека Ајакс и Тотенхем, Лион, Лајпциг се поквалитетни од Јунајтед, Атлетико, Јуве, ПСЖ, Реал?
Нормално е да имаат повеќе домашни титули, пошо таму нема испаѓање на сред сезона, и конкуренцијата е далеку помала. Од друга страна, ако заредиш 3-4-5 кола слаби, а имаш јака конкуренција, отиде возот. Затоа и Сити толку се одлепува од останатите во ПЛ. А истиот тој Сити губи во ЛШ од послаби екипи, е како? Затоа што тимови од рангот на Лион, Лајпциг, Ајакс во 90/180 минути ќе дадат максимум, ќе се борат до крај и ќе пројдат некако.