Тоа е кога на врвот на фудбалот раководат сенилни старци кој врска си немаат или имале врска пред 50год ама времето ги прегазило.
Сакаат пократки утакмици, а ставија по 10мин продолженија на утакмици. Стопирај го времето кога некој се излежава од повреди и решен случај.
Сакаат атрактивни утакмици, а при тоа на континенталните натпреварувања додадоа екипи од втор ешалон. И послем луѓето нејќеле да гледаат Швајцарија - Катар.
Лупнаа СП во ниедно време во земја со строги закони и никаква фудбалска култура и послем леле стадионот полупразен. Е не сега ќе земам денови од работа за да одам во Декември во Катар да пијам кока кола и гледам завиткани моми и да се дружам со мигрантите од Индија и Индокина.
Ставија милион натпреварувања, плус ЛШ го направија се со едни исти натпревари во годината за демек атрактивност. Не разбираат дека послем некое време на никој нема да значи дека играле Реал и Барен ако секоја година истиот натпревар го гледаш.
Плус со ова што измислуваат нови правила секоја година уште повеќе се закопуваат. За 2-3 години сменија повеќе правила него ли претходните 50год.
Како ти ќе го натераш децата да пратат било каков спорт ако мењаш правила. Нема сигурно некој да каже еј глеј онаа утакмица завршила со 5 гола и 3 плави картони, супер од наредна утакмица гледам.
Треба да ја смениш културата на децата, а тоа се прави во школо само. Преку нови правила во фудбалот тоа нема да прекине да скрола на телефон или гејма фортнајт.