Денеска Торес го одигра последниот професионален натпревар.
Играше дома неговата екипа, а противник му беше екипата на Иниеста, Давид Виља, Подолски... Висел Кобе (не стефан)
Утакмицата заврши со пораз за Торес од 1-6
Торес во Саган Тосу одигра 34 лигашки мечеви а даде само 5 погодоци
Чисто за споредба колку јак скор е ова - Дарко Панчев, еден од најлошите трансфери на Интер во 19 лигашки меча постигна 3 гола.
И кога сме кај останативе "европејци" да им ја спомнам и нивната статистика во Ј1 лигата:
Давид Виља - 18 меча - 10 гола
Подолски - 47 меча - 12 гола
Иниеста (што не е напаѓач) 31 меч - 8 гола
И чисто пошто сакам статистика:
Лигашки погодоци на Торес.
Во првите 214 меча - 82 гола (сезоните во Атлетико Мадрид)
А во сезоните откако го направи трансферот во Челзи:
261 меч - 53 гола
Со среќа пензија
Не верувам дека би имал огромен успех како тренер, ама се надевам ќе пронајде нешто во што ќе го бива после кариерава.
Играчиште