И ај сеа замисли финале ЛШ, даваш гол од тесна ситуација, каде ни самиот не си сигурен дали си бил офсајд и место да славиш треба да чекаш едно 5-10 секунди судијата да се консултира да го потврди голот.
Друго, тоа што го пишав во првиот мој пост..
Како мислиш дека треба да се реагира ако пример Јунајтед прави контра 3 на 2, му ја пуштаат на Марсијал, судијата дига офсајд, ама овој е на линија... И сега дали судијата треба одма да ја прекине играта, или треба да чека да се доврши акцијата прво, па да се прегледа снимката, оти секако ништо ќар нема да има Јунајтед од тоа што после ќе им ја вратат топката.
Ако веќе се оди на технологија тука, се ставаат роботи судии по страните и одма да покажуваат на некој семафор дали е офсајд или не. Вака само ќе изгуби на динамика фудбалот.