Вчера на Франција-Шпанија
било интересно.
Прво во 47ма постигнува гол Гризман, следува прописно прославување, честитње, местење на топката на центар... а судијата во меѓувреме се консултира со четвртиот судија, кој ја прегледувал снимката и го поништува голот поради офсајд од Курцава, кој асистирал.
После, пред крајот на мечот Деулофеу дава гол, помошникот дига офсајд, поништен е голот... и судијата пак на микрофон со четвртиот судија, кој на снимката гледа дека сепак во регуларна позиција бил Деулофеу и покажува на центарот.
И сеа, ако еве првата одлука да речеме е океј, дали при втората ситуација треба да се признае голот, бидејќи кога ќе видат голманот/играчите дека е офсајд сигурно се опуштаат и не реагираат баш со 100% концентрација? Можеби во конкретната ситуација од вчера и секако ќе погодеше Деулофеу, ама што правиме кога ќе се досуди тесен офсајд на контра, на средина на терен да речеме и напаѓачот излегува 1 на 1 со голманот? Дали ќе треба да се почека едно 10тина - 15 секунди да се види дали ќе даде гол прво (да се доврши акцијата), па после да се прегледува? Оти секако ништо нема да им смени и да им ја вратат топката после тоа.