Океј.
n00b alert
Може да ми кажете што значат бројките на објективот, пример 15-85 or w/e...
И еве пример сакам да си земам еден полупрофи апарат, до кај 500 евриќи (макс, моѓже и ефитиније)...
Што треба да гледам во спецификациите?
Имаш повеќе броеви на пример 18-55mm 1: 3,5-5,6 Ф58mm
Првите бројки 18-55 значат фокална должина то ест колку мм е оддалечена леќата на објективот од сензорот (во старите времиња од филмот) кај фиксните објективи таа е изразена само со една бројка на пример 24, или 35 или 50... мм, што помала бројка то поширок агол на “гледање“ на апартот, што поголема бројка тоа помал агол но и поголемо доближување (зум) а кај зум објективите е изразена со две бројки (18-55 или друга) така да на 18 имаш најширок агол на слика а на 55 имаш помал агол но предметот ти е зумиран (доближен), колкав е зумот добиваш кога делиш најголемата со најмалата бројка, на пример 55:18=3 зачи има 3х зум, кај на пример 17-85 би имал 5 пати зум. (Во цела ова прикаска има влијание и големината на сензорот али пошто си почетник за сега нека остани до овде.
Другите бројки се f бројките (на некои објективи ги има на некои нема обележани) тоа е отворот на блендата, значи колку широко може да се отвори блендата или колку може да се стесни. Широко отворена бленда значи и повеќе светлина ќе влезе во апаратот значи можност да се слика при слабо светло и без користење на блиц. Обично стандардно ф бројките се од 2,8 па нагоре. Кај објективите помалиот број значи поотворена бленда, така да 2,8 на пример е поотворена бленда од на пример 5,6 или 8. Објективи кои се погодни за сликање при слабо светло се од 2 надолу (1,8 1, 4...) со голем отвор се добива и ДОФ или ефектот кој предметот го прави јасен и фокусиран а озадината замаглена и нејасна, додека со помал отвор и предметот и позадината се јасни (пробај сликај иста сцена еднаш со најголем отвор (на пример 2 или 2,8) и истата сцена со отвор од 16 или 22 и ќе видиш разлика.
Следната бројка е 1:3,5-5,6. (кај разни објективи се и разни бројки - не е стандард) тоа значи колку може максимално да ја отвори блендата апаратот од 18 (минимум) до 55 (максимум) фокална должина, значи на 18мм ја отвара блендата максимум на 3,5 додека на 55 може да ја отвори само 5,6 (не може и таму да ја отвори 3,5.
имаш и ознака за макро која обично има симбол на макро и вредност во метри или фита (стапки) тоа значи минимум далечина на која објективот може да фокусира. Се мери од предметот па до сензорот на апартот (за кој постои ознака на самиот апарат а не на објективот.
Бројката ф58 мм означува големината на навојот на објективот напред кај леќата значи при земање на филтри или худови треба да си бараш големина на филтер или худ колку мм ти е навојот.
Има и други ознаки кои кај разни производители значат класа на објектив (ниска, средна или висока (профи) или дали е објективот со стабилизација, дали е стаклото посебно третирано, дали е макро....
Ова е само на кратко и со што помалку детали.
Е сега апаратот...
Ако земаш ДСЛР гледај да земеш добро тело, со добар сензор, процесор. Објективи се менуваат али тело - то е веќе нов апарат. Јас сум Канон “фанатик“ и лично јас би избрал Канон.
У ствари јас би зел пред и се Фуџи С5 про али поради одредени специфичности кои ми требаат. Инаку генерално земено би зел Канон.
Сега за сега работам 450Д и 50Д, објективи Канони 18-55, 17-85, 70-300, како и Сигма 50 макро, како и неколку мануелни (од 24 до 200мм) токина, тамрон, пентакс, вивитар хелиос и карл зајс. Рачунај дека ќе ти треба и блиц (кој е доста скапа инвестиција али можеш да поминеш и со некој мец, сигма нисин, вивитар...) а со вградениот блиц слабо дека ќе извадиш пристојна слика. Тука се и картица, торбица, статив, филтри (барем УВ да го штитат објктивот)
За 500 евра... па би можел да почнеш со солиден апарат а другото (блиц и додатни објективи) со тек на време. Може да те фати фотографска зараза а може и да останеш со него и еден кит универзален објектив....