http://en.wikipedia.org/wiki/Photography
Фото аматер е човек кој се занимава со фотографија и не вади пари или не слика по порачка, но не мора да значи дека има лоша фотографија. Напротив, може да има и далеку подобри фотографии од професионалец, затоа што може да биде уметник кој вади прекрасни фотографии кои имаат друга вредност (некомерцијална, нематеријална, уметничка)
Професионалец е човек кој работи фотографија за пари и исклучиво ја слика заради материјална корист. Многу нешта спаѓаат тука: сток фотографија, студиска фотографија, фешн фотографија, ... исто така не значи дека во овие порачани фотки нема да има прекрасни фотографии.
Јас иако поседувам прилично добра фотографска опрема, се рачунам за фотоаматер, затоа што многу ретко сликам „професионално“ односно некој ми плаќа за тоа. Имам сликано сток фотки, имам сликано и на мали порачки, но не ми е сеуште „професија“. Ако се решам да сликам сток, да направам мини студио за портрети итн, тогаш можда ќе може да се каже дека сум професионалец.
Но термините аматер/професионалец овде немаат врска со тоа колку добро сликаш. Или си фотограф, или не си. Разликата е огромна меѓу фотограф аматер и сликач со мобилен / компакт фотоапарат, а многу мала или недефинирана меѓу фотограф аматер и професионалец.