Фото аматер vs. фото професионалец

Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
Важно ми е да ги чујам вашите мислења по ова прашање .
Кого можеме да наречеме фото аматер , а кого фото професионалец ?

Ајде да расчистиме еднаш за секогаш , кој е кој ?
 

mmm121

Pentaxian
Член од
27 јуни 2006
Мислења
545
Поени од реакции
21
Наједноставно, според мене професионалецот живее од фотографијата односно од парите кои ги вади со тоа, а додека аматерот ја има фотографијата како хоби или пасија. Ова е само мое мислење, немора и другите да се сложат.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.551
Па да се сограсувам со ммм121 до некаде е така , ама лошо е тоа што има луѓе што живеат од фотографија а немат врска од добра фотографија, на пример имаат добар фотоапарат и штракаат само по свадби кичести фотки.
Јас ги класифицирам по тоа дали има некоја диплома , за нешто поврзано со фотографија сертификат некој, и така се знае најдобро.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Па да се сограсувам со ммм121 до некаде е така , ама лошо е тоа што има луѓе што живеат од фотографија а немат врска од добра фотографија, на пример имаат добар фотоапарат и штракаат само по свадби кичести фотки.
Јас ги класифицирам по тоа дали има некоја диплома , за нешто поврзано со фотографија сертификат некој, и така се знае најдобро.
се согласувам со ова,,а за тоа со дипломата не мора да значи,, може некој да се разбира во тоа и да се занимава со тоа како хоби,,не мора да му е тоа професија и да има диплома..:pipi:
 
D

Daftie

Гостин
Се согласувам со mmm121, но би можело донегде да се процени и од фотографиите.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
452
Фото аматер:
Личност која фотографира за лична сатисфакција и нема некое огромно познавање. Фотографиите се претежно направени „на среќа„. Базата на знаење е голема ама не е во целост искористена од икс причини.

Фото професионалец:
Личност која огромен дел од животот има поминато во фотографирање, и знае буквално како дише апаратот. Стара школа, хард кор на кој не сакаш да му преречеш нешто затоа што едноставно ќе те изеде:)
Работејќи професионално со неговата професионална опрема и искористување на целосното негово знаење го прави совршен. И полн кеш:)

Секој аматер може да стане професионалец....ако сака:)

Јас сум аматер, онака чисто за мене фотографирам, иако ми се има најдено и фотографијата во графичкиот дизајн, поточно студиската фотографија:)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
42
Поени од реакции
0
Fotoamater... za svoja dusa, fotograf koj koristi literatura i tugi fotografii za svoja edukacija, mada literaturata ja koristat i profesionalci, megutoa so potkovani temeli vo oblasta na fotografijata(kvalitetna edukacija)...ima talent i vizija, no potesko mu odi so realizacijata

Profesionalen fotograf... delumno za svoja dusa, vo smisol deka ne go interesiraat materijalnite strani i sredstvata sto bi gi dobil ako ja iskoristi bilo kako fotografijata. Talent, vizija i sovrsena realizacija(blisku do sovrsena, nisto ne e sovrseno)
 
Член од
22 август 2006
Мислења
459
Поени од реакции
957
хмм па имаме ние фото аматери и фото професионалци . има лујџе шо работа со фотографија то му е професија, а се однесуваат ко аматери во работата значи можи секој да биди професионалец односно аматер во то шо го работи...сеа професионалец со тек на време мн искуства, тон фотографии , талент и др...а сите останатите да си бидиме аматери. :wink:
 
К

*Каталонец*

Гостин
Фото професионалец го сметам оној кој ја работи таа работа и си ваѓа пари од неа, фактички живее од тоа.

А фото аматер е оној кој слика од задоволство, и нема големо знаење во тоа, освен само да чкрапне :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Андреев во кои спаѓа? ако воопшто се вбројува во било кој:tapp:
 
Член од
22 мај 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Jas mislam deka celta na Viktorija e da ni go proba umot.
Ova prasanje nemoze ednostavno da se odgovori ili pak ednostavniot odgovorne dava netocna definicija koj e koj. Dali Viktorija mislis koga zboruvas za amater na fotograf koj bas i ne go biva ama pak znae da se perci ili pak na fotograf koj sto da receme ne zarabotuva za zivot od fotografiranjeto no sepak ima dobra tehnika (ne mislam na tehnicka stoka), i sto spored mene e najvazno, dobro oko i smisol za kompozicija.
Istoto vazi i za drugata kategorija na fotografi - profesionalci. Edni od niv zarabotuvaat za zivot od fotografijata, i toa dobro, a ne mrdnale nadvor od hotelska sala i od masina za izrabotka na fotografii, i dokolku gi odneses vo priroda i gi zamolis da ti napravat da receme nekoj pejsaz, ke se skines od smeenje koga ke vidis sto ti donele. Dodeka ima i vistinski profesionalci na koi sto parite im se vo vtor plan a mnogu povazna im e samata fotografija koja sto dokolku e navistina uspesna ke gi ispolni no i ke gi proslavi. Posle toa parite sami ke si dojdat. Spored mene takvite luge se profesionalci (no neretko se slucuva i amaterite, onaa vtorata grupa, da se mnogu blisku do profesionalcite, ako ne vo nekoi slucai i nad niv). Znaci mozeme so nedeli da se kontrime koj e koj i sto e sto zavisno od toa vo koja grupa samite spagjame ili pak so kogo krsime kopja okolu ova prasanje.
Na kraj kraista pa i zosto e tolku vazno koj e sto? Pa neli delata sami ke pokazat!!!
 

Kriticar

дискриминатор
Член од
7 мај 2007
Мислења
1.037
Поени од реакции
5
Се сложувам до некаде со последниов пост.Во светот на оние професионални фотографи постојат и многу кој врска немаат од фотографија.Зборам претежно за оние кој се зазнимаваат со фотографија овде кај нас.Во Скопје од толку фотографски студија има само 2 до 3 кој се во сопственост на професионални фотографи, на останатите газди се обични луѓе кој немаат ама баш никаква врска со фотографија.Малку избегав од темава...
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
http://en.wikipedia.org/wiki/Photography

Фото аматер е човек кој се занимава со фотографија и не вади пари или не слика по порачка, но не мора да значи дека има лоша фотографија. Напротив, може да има и далеку подобри фотографии од професионалец, затоа што може да биде уметник кој вади прекрасни фотографии кои имаат друга вредност (некомерцијална, нематеријална, уметничка)

Професионалец е човек кој работи фотографија за пари и исклучиво ја слика заради материјална корист. Многу нешта спаѓаат тука: сток фотографија, студиска фотографија, фешн фотографија, ... исто така не значи дека во овие порачани фотки нема да има прекрасни фотографии.

Јас иако поседувам прилично добра фотографска опрема, се рачунам за фотоаматер, затоа што многу ретко сликам „професионално“ односно некој ми плаќа за тоа. Имам сликано сток фотки, имам сликано и на мали порачки, но не ми е сеуште „професија“. Ако се решам да сликам сток, да направам мини студио за портрети итн, тогаш можда ќе може да се каже дека сум професионалец.

Но термините аматер/професионалец овде немаат врска со тоа колку добро сликаш. Или си фотограф, или не си. Разликата е огромна меѓу фотограф аматер и сликач со мобилен / компакт фотоапарат, а многу мала или недефинирана меѓу фотограф аматер и професионалец.
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Стекнувањето на статусот ФОТОГРАФ не е толку макотрпна работа колку што пишувате во постовите. Чисто колку за споредба - да завршиш факултет ти требаат минимум 4 години, односно да го поминеш предвидениот материјал, додека да станеш фотограф со диплома потребна е само една година.

Фотографирањето го споредувам со програмирањето бидејќи постојат само неколку правила и прописи, а останатото е само логика!

Кога почнав да се бавам со фотографија и да собирам разни материјали по интернет и библиотеки, најголемата книга со податоци беше едно 100-тина страници. Најдов и книги по 250-300 страници но тие имаа примери со фотографии...

Мислата ми беше, со едногодишно максимално посветување на фотографијата се станува најдобар аматерски фотограф кој без никаков проблем би преминал во професионалец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom