Значи и Лосон е генерациски талент и треба да е приближно до Макс ама не е
Имаш разлика меѓу генерациски талент и талент.
Лосон треба да е блиску не треба сигурно да е последен.
Ама не можеш да ми кажеш дека од како Макс доби примат и болидот се конструира према него, Рикиардо, Албон, Гасли, Перез и Лосон сите се лоши возачи?
Албон го имаше објаснето ова многу одамна, дека инкрементални подобрувања према фидбек од Макс може да значат 2-3 десетинки проблем за другиот. Во тек на сезона тоа се мултиплицира и се претвара во секунда до две поспор круг. Е сега имаме 5-6 сезони конструирање болиди према Макс нормално е дека вториот ќе каска.
Самиот Макс пак ќе кажам ако ги гледаше интервјуата вчера, си изјави дека болидот е претежок и за него, и дека болидите на вториот тим се многу многу полесни за возење. Ова го потврдил и Лосон кој е најголема мера со оглед на тоа дека ги возеше и двата лани.