Макс доби титула поради фаворизација. Така да...
За жал, таа сезона ќе биде запаметена по тој потег во последен круг, а се заборава колку беа морони ФИА преку цела сезона и колку за некои работи Хамилтон/Мерцедес поминаа или неказнети или лесно казнети.
Од друга страна дури ни тој потег на Маси ( иако е екстремно дебилен ) не му замерувам ради 1та титула на Хамилтон ( со Глок ).
Ова што годинава го прават ( што со легалност на болиди, што со казни ) не сум го гледал од времето на Шумахер, кога некои сезони ги фаворизираа а некои сезони начисто ги казнуваа за да бидат поспори.
Без да се навраќам на претходни викенди, еве само овој нека биде. Ајде вчера не бил доволно бавен под VSC, у реду нека биде казна. Зошто казнен ?
Верстапен е сеа во ситуација каде за една или 2 казни, ќе мора да одмара цела трка.
Денес, со црвениве знамина, зошто не извадоа црвено одма кога излета Строл, туку чекаа Ландо да биде безбеден Верстапен/Ред-Бул да се аут ?
Ептен е безвезе. Со ова само му прават на Ландо контра услуги. Сите гомна што се јадеа годинава за тоа како Ландо не е кадарен и Британците начисто си ги фаворизираат нивните возачи и му тераат хејт на Верстапен, ќе испаднат во право. Дури и оние што не се, ќе изгледаат како да биле во право.
Со ова заслужуваат, на претпоследна трка, ако разликата е повеќе од 26 бода, Макс начисто да се зачука во Ландо, да не завршат ни едниот ни другиот, па што сака нека биде на последна.