Имаш поента за ова со Бјанки. На почеток мислев дека ни Халото не би можело да го спаси, но сега кога гледам дека може да издржи скоро 13 тони го сменив мислењето
Но сепак, да се повикаше безбедносно возило додека го евакуираа Зауберот немаше да се случи таа трагедија.
ХАЛО заштитниот систем не го спасуваше Бјанки, тој штити само од големи парчиња остатоци на патеката(гуми) и прелетување на некој болид врз главата на возачот (ова некако не е толку јасно, бидејќи од толку карбонски дело9ви сигурно може некој да се пикне под ХАЛО-то)
Јас колку што се сеќавам инцидентот со Бјанчи се случи баш под безбедносно возило.... ама не можам да се кладам во тоа.
Беше под двојни жолти знамиња!!!
FW41 - НОВА ФИЛОЗОФИЈА, НОВ ПРОИЗВОД
По презентациите на два 2018 болиди, ајде од ХАС тоа и се очекуваше, но Вилијамс ни потврди дека Ферари го имал најдоброто решение барем кога се во прашање страничните отвори на болидот. Нивниот дизајн не беше лесен за копирање за време на минатата сезона, но сега изгледа дека многу од новите болиди ќе го копираат нивното дизајнерско решение.
Секако Формула 1 е натпревар на иновации, но и учење од останатите
.
Од друга страна, Ферари го има ова решение веќе една година, па затоа треба да ги знаат маните и како да го извлечат најдоброто од ова решение. Сега ни станува појасно зошто Тото Волф упорно изјавуваше дека во Ферари ја имаа својата шанса минатата сезона, но не успеаа да ја искористат поради лошата ПЕ, слабата издржливост и возачки грешки.