Имав трошка надеж дека се' ќе се среди во најдобар ред за тимот т.е. Луис ќе остане за околу 50 мил. за 3 години, ама ништо на крај. Реакцијата после триумфот на Монца мислев дека е само поради шушкањата низ медиумите, ама по се' изгледа уште од тогаш е била јасна работата. Затоа и уопште изгледа не се нервираше во неделата кога му откажа менувачот, си замина како никому ништо. Синоќа кога се вратив од град, сестра ми прочитала на Твитер за преминот на Хамилтон и заминувањето на Шуми од Мерцедес, ама мислев дека е само развлечување на сагата и не е релевантен извор во прашање. Сега кога станувам, шо да видам на фан пејџот на МекЛарен : Луис аут - Перез ин. Експрес реакција од тимот.
Не можам да кажам нека му е со среќа. Дете е на МекЛарен, две сезони му требаа за да се промовира во екстра возач кој со агресивноста своја допринесуваше за луди дуели и понекогаш инциденти на патеката. Умот уште не му е дотеран како што треба, ама срцето на навивачите го освои уште кога ја почна кариерата во 2007ма и сите во него гледаа возач чие име и презиме ќе бидат со златни букви испишани во историјата на тимот. Алал нека му се тие 60 милки од Мерцедес, за 3 години и за 80 нека потпише, ама титула во животот да не види. Возач кој без срце и страст настапува за тимот, на никој не му треба, без разлика за кој спорт станува збор. Догодина МекЛарен ќе има убав спој на искуство и надежен млад потенцијал, кој го препознаа сите (ин)дирекно поврзани со Ф1. Мене лично прв избор ми беше Розберг, ама очигледно Мерцедес се имаат предомислено да го задржат, по што Перез дефинитивно беше втор најдобар избор, барем за мене.
Како ќе поминат, нека поминат останатите 5-6 трки од ова СП, па со нови сили во 2013та на атак на титулата. Со среќа младичу во новото семејство и врати ја титулата as soon as possible.
Првите реакции на Серџо околу трансферот ..
http://www.mclaren.com/page/vodafone-mclaren-mercedes-confirms-multi-year-deal-with-sergio-perez-1