Формула 1 - сезона 2012

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Ох ох ох мераци само надоле од сега за лименките ,браво за црнчето соло трка си извозе ама човек на денот дефинитивно Перез таква вожња одамна не сум видел .:cuc::cuc::cuc:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Се се враќа , се се плаќа.Претходната трка завршија Батон,Фетел,Вебер,а се откажаа Алонсо и Хамилтон.Денес беше сосема спротивно.На почетокот Маса проба да стори нешто во врска со Хамилтон и Батон,но не успеа сосема односно го помина само Батон.Потоа следуваше контранапад и Маса се врати на стартната позиција 3.Алонсо како што и очекував имаше фуриозен старт и целата стратегија на Ферари беше заснована на тоа да Алонсо заврши пред возачите на РедБул и колку може поблиску до Хамилтон.Искрено сум презадоволен од трката,и од тоа што Ферари понуди викендов.Нели кој победил на тркава не успевал никогаш да го освои шампионатот,па тогаш Хамилтон нема шанса посекако.

Исто така и да го пофалам Перез и неговата сјајна тактика,едноставно дечкото денеска покажа како се вози со МУДА.


Очекувам победа на следната трка во Сингапур,му лежи таа патека на Алонсо.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
а што се деси со Ветел?
Прво казна, поминвање низ боксот заради туркање на Алонсо надвор од патеката, после проблеми со моторот, му беше наредено од боксот да го запри болидот!
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Eптен профи трка :)
Ајде честито на Хамилтон за победата што тотално си ја заслужи.
Алонсо просто растури и покрај инцидентот пак му се врати на Фетел и го помина па послем тоа Фетел си заработи казна.
Маса го немам пофалено многу одамна поради знаете што но ако продолжи вака до крајот на сезоната можно е да се избори за нов договор али мора да го задржи овој перформанс од денешнава трка.
Перез е дефинитивно следна ѕвезда во Ф1 и најголем потенцијален шампион од rookies-ов :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Ќе остане непрежален Батон за оваа злато вредна, а испуштена 1-2 победа на МекЛарен. Со компирот на лименките, тоа ќе беше порнич делкање на предноста во конструкторите, ама тоа е. Малери дрмат, две трки по ред доминантни победи на едниот возач, а другиот со празни раце. Добра работа завршија механичарите во финишот од Евро турата, многу повеќе поени можеа да приберат и да се стесни дебело разликата при врвот. Глупо е малце, МекЛарен единствен тим со 5 победи сезонава, по 2 повеќе имаат од РБ и Ферари, а по 30, односно 40 поени заостануваат во двата ранкинга.

Ова е прв пат, после 2008ма, МекЛарен да врзи 3 победи по ред. Тогаш триумфираа во ВБ, Германија и Маџарска (два пати Хамилтон и еднаш Ковалаинен).

Перез :cuc: !! Јака муда покажа типот по трет пат оваа сезона. Изгубив кладба со другар, кој погоди дека тактиката со 1 бокс ќе му се исплати и ќе биде блиску до Шпионот. Посебно јако му беше претекнувањето на Маса, кога откако буквално му се залепи со носот на задните гуми, го сецна воланот на лево и го прелета како Катерам да е у прашање. Тој е тој потег синко :drk:..

Толку од Европа. За две недели враќање назад во Азија, со ГП на Сингапур. Очекувам јакнење на формата на РБ во поголемиот дел од преостанатите 7 трки. Со исклучок на Абу Даби, Индија и САД (која е анонимус), останатите 4 трки се од позатворен карактер, со брзи свиоци, каде на лименките им се отвара можност за одбрана на двојната титула. Надеж ми дава јаката форма на МекЛарен последните месец дена и круцијалната улога на тактиките со гумите, кои се покажаа како неверна Нада годинава - може да ти донесат многу, но и може да те клецнат јако.

Браво Луис за првата победа на Монца, ги покори сите 4 легендарни патеки ! (y)

 
Член од
22 мај 2011
Мислења
134
Поени од реакции
34
Солидни трки гледаме годинава..честитки за Хамилтон..
Перез..зверско возенње ..ама и стратегијата имаше голем удел ..како и да е има иднина у него , исто и Ди Реста..стабилен ми делува.
Инаку сум се газел од смеење на тимските наредби од ферари...комедија се лугето али тоа е,
Мое мислење ..мислам дека Маса ја вози последната сезона у Ферари..
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
После инцидентот со Ветел Алонсо имал големи оштетувања на задниот болид и од тимот викаат дека било чудо што го донел болидот до крај. Наводно ги имал следниве дефекти оштетено задното ослонување, левиот амортизер повеќе немал никаква функција, дупка на подот и скршен дифузер. Во последните кругови добил известување да не се качува по тротоарчињата откако од тимот увиделе што се дешава со болидот :cautious:. Некако не ми е за верување ова како може да се има добро темпо со вакви дефекти.
 

Lenny

Seventh Son of a Seventh Son
Член од
16 февруари 2012
Мислења
335
Поени од реакции
406
Не сум фан на Фетел ама ми се чини дека го оштетија човекот , истата ситуација се деси лани на истата кривина но тогаш за Алонсо немаше никаква казна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom