Формула 1 - сезона 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
One-two, one-two !!

Шпиончето се угуши у Q3. Луис го постави најдоброто време во завршната сесија и овој подпадна под притисокот. Знам дека вчера имаа проблеми Ферари, но денес делуваа доста брзо и верувам дека не е во прашање технички квар посреди, за слабото време на Шпионот во последната сесија. Бајаги време помина од последната 1-2 победа на МекЛарен. Увави поени му се тацна на МекЛарен кои ако ги капитализираат утре, дебело ќе ја делнат предноста на РБ во конструкторите, па и убаво ќе умешат прсти и во трката за Шампионот, судејќи по резултатите на повисокопласираните конкуренти.

Can't wait.
Зар мислиш дека Алонсо би паднал под притисок на кавлификации???
Иначе задниот анти ролбар се скршил на ферарито а имаше темпо за полпозиција :mad:. Го затераа малери у пм.
 
Зар мислиш дека Алонсо би паднал под притисок на кавлификации???
Иначе задниот анти ролбар се скршил на ферарито а имаше темпо за полпозиција :mad:. Го затераа малери у пм.

Знам дека станува збор за двоен Шампион и еден од најдобрите и најискусни возачи моментално на гридот, но сепак верувам дека не е сеедно да бркаш време и прв да го поставиш. Има одделен степен на притисок и стега за избегнување грешка во брзите кругови. Кажав во предходниот пост, ако е посреди нов пех со болидот - тогаш океј, бидејќи имаа проблеми во Ферари уште од вчера. Дефектот не го прикажаа, ниту пак тој го репортираше кај механчирате (барем не го пренесоа на тим радиото), па затоа помислив дека притисокот го има грицнато и има направено некоја грешка.
 
Лотусот не изгледаше толку добар на оваа трка па доколку не се случи нешто непредвидено не очекувам многу од Кими утре. Можеби топ 6 или тука некаде. Хамилтон и Батон би требало да завршат прв и втор а очекувам Ветел и Маса да се борат за последното место на подиумот.
 
Утре Алонсо на стартот ќе има пробив до 6-7 место минумум да ме слушате !! а на крај меѓу топ5 ќе биде !
 
На прва кривина ќе биди бетер од Спа, ќе летаат болиди на сите страни!

Хахаха Бога ми кога ќе видиш кој се ќе стартуваат околу заоколу Шпионот, држи вода муабетот. На ист ред Вебер (кој си има своја историја од предходните години), пред него ди Реста и Кобајаши, позади Малдонадо и Перез. Уф уф уф .... :)

Само 1-2 признавам за МекЛарен денеска !
 
Aјдееее пак има на СК пушии МТВ :D
Maса одличен старт одлично до сега само да не го урочам Алонсо си напредува во негов стил феноменално следува јака трка :)
 
Колку е досаден вториов коментатор, не го можам. Како тупи за некои небитни работи, се убацува на среде коментирање од другиот коментатор за некоја глупава работа да каже, и додека ја кажува три круга ќе поминат.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 14:55 ---
Ајде Батон чаоооо (y)
 
Баш си помислив дека конечно ќе дочекаме еден ваков убав момент како што е one two победа оваа сезона, мораше да се случи пех. Ама и веќе сме навикнати на вакви случки. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom