Требаше да попушти Хамилтон. Иако навивам за МекЛарен, Луис мораше подобро да ја процени ситуацијата и да го остави Малдонадо да помине, кој уште е млад и неискусен во спортот. Ваков расплет беше неизбежен, кога и двајцата тегнеа и не попуштаа. Мислев дека Луис ги има оставено зад себе тие пристрасни потези и маневри на патеката кои претходните сезони го коштаа титули, ама изгледа сум погрешил. Во ваква изедначена сезона секој поен е злато вреден, и на 4та позиција да завршеше ќе беше добро со оглед на проблемите што ги имаше во финишот на трката.
Браво за Шпиончето, прв возач со 2 победи сезонава. Требаше триумфира некој од Лотусите, ќе се продолжеше рекордот.