Формула 1 сезона 2010

Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
^ Хах, они го средија криминалот, на чекор се до двојна титула, па сега на 2 месеци пред крај на Првенството ќе објаснуваат .. :tapp:

Btw денес му е роденден на М.Вабер и сите од тимот со торта му го честитале во боксот. Еве го и интервјуто на Марк после денешниве подпросечни времиња на РБ.

http://www.formula1.com/news/interviews/2010/8/11171.html
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
луѓето работат и не спијат... милиарди долари-евра се во прашање...
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.769
Во недела се вози можеби „класиката“ на Ф1... Една од трите според мене, заедно со Монте Карло и Монца... Овие три, се неизбежни во Ф1, патеки кои не умираат... Со оглед на формата, сигурно е дека Ред Бул се фаворити и на оваа трка... Она кое можам да го очекувам е добар пласман на Мекларен, бидејки брзите свиоци и правци се она кое им одговара, па не би ме изненадило и прв ред утре на квалификации или исто таков на крај на трка... Првиот и третиот сектор се оние кои би требало да им припаднат на Мекларен, а вториот на Ред Бул или Ферари... Алонсо е во супер форма на последните неколку трки, па очекувам и тука така да продолжи... Можеби сум скептик за Фетел и Марк, но мислам дека на оваа стаза, и немаат многу многу шанса, бидејки тие крила нема место кај да дојдат до изглед, освен реков во спорите свиоци во вториот сектор, кога се вози со мала брзина, а патеката има успони и падови... Кругот започнува на старт на целна рамнина, па имаме свиок, кој се поминува во прв степен на пренос... Понатаму, имаме еден успон нагоре, опасно место, каде Ковалаинен пред некоја година, имаше удар, и се вози со околу 300 км, се до крај на првиот сектор, место кое е доста долго и одлично за престигнување... За време од 40 секунди, се врват тие спори завои, каде имаме еден десен и еден лев, веднаш по завршувањето на рамнината... Понатаму имаме комплекс од бавни свиоци, па 2 свиоци кои се доста брзи, влево и се минуваат до 4-5 степен на пренос.. Последниот комплекс на спори кривини се минуа со десен и лев, и подоцна се излегува на голема рамнина, каде и започнува третиот сектор.. Се вози со максимална брзина едно 10 12 секунди се додека не се стигне до комплексот на шикани пред старт на целната рамина... Кругот низ Спа завршува, тука...


Се читаме недела


Поздрав
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Повторно катастрофална грешка на ферари на вакво променливо време се одлучија да прават втор круг на крај од квалификации :kesa:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.590
Поени од реакции
6.952
Лудница квали. на Спа - 3 пати заврна, а најголема гужва настана во Q3 кога 20ина болиди беа на патеката, сите со суви гуми, а пола патека мокра .. Имаше неколку вртења и излети, а најдебелиот крај го извлекоа 2та болида на БМВ и Петров.

ППта ја фати Вебер - Неверојатен и неочекуван роденденски подарок со оглед на тоа дека (доста) стагнираше денес во однос на (по)високите конкуренти, но се до првиот негов брз круг во последната сесија, со што прв извади време под 1.45:toe:!! - Сигурно и тој сам не знае како му успеа и уште 100 круга да одвози СИГУРНО нема да го повтори тоа време, но тоа е .. РБ дава крилја! Најавите за добар викенд, МекЛарен ги потврди - Батон П5, а на Хамилтон за 0.85 стотинки му избега ПП. Од вториот ред ќе стартуваат Фетел и Кубица, чие Рено денес штимаше неверојатно. Не знам што точно беше проблемот, но Ферари ужасно потфрли во Q3 (П8 и П10). Удар е тоа голем за шампионските амбиции на Алонсо, но коментаторот на ХРТ кажа дека Ферари (најверојатно) болидот го имаат наштимано за дожд - Доста хазардерски потег, па утре пред трката сите од Маранело ќе палат свеќи да заврне.

И покрај ППта мислам дека Вебер нема да може да пружи голем отпор утре, пред се мислам во однос на Луис, па и на др. од позади како Фетел,Кубица и Батон кои покажаа одлична форма и константно добри времиња.

Мој тип за утре : 2.Фетел - 1.Хамилтон - 3.Батон
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.409
Поени од реакции
2.517
Ферари катастрофа :kesa: Браво за Вебер
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Повторно катастрофална грешка на ферари на вакво променливо време се одлучија да прават втор круг на крај од квалификации :kesa:
Мене ми изгледаше дека форсираа низ цели квалификации. И кога беше суво и кога беше мокро, и двајцата ко балерини се вртеа по патеката.
А тоа шо викаш на крај од квалификации нема врска со времето туку со перформансите на Ферари општо. Ако примети баш на крајот во последните секунди двата мекларена извозеа прилично добри кругови, Хамилтон дојде на 2ро место со ептен мало заостанување, а Батон 5ти.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мекларен 1-2 утре... Можеби ќе ја поеби работата ако биде суво, и Батон нема да може да дојде до второто место, ама затоа ѓупалето гази :)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.769
Денес имаше среќа Вебер поради сплетот на околности... Утре најавуваат облачно време со дожд, без сонце.. барем таква најава има на официјалната страна...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
им ги прееба кокошките дождот... заврна само на пола патека:pos2:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Гледав сабајлево GP2 (на Спа секако), патеката беше влажна, доста излетувања...се надевам дека нема да се исуши до 14:00...
 
T

Tetro

Гостин
гледаме многу поинтересна трка од цела сезона, конечно :je:
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Зошто мораше да го удри Батон ... не можеше ли поштено да се изврти без штета на други. Фетелчо ми личи на Монтоја (страшно го сакав!), бескомпромисен шофер. Несомнено дека е брз ама штета што на пат кон собирање искуство и друѓи патат од него. Е сега да удреше во Маса или Алонсо ќе бев среќен, ама го опна Батон и го искинав од пцуење :).

Добра трка, посебно ми е мило што МекЛарените одлично се однесуваа на патеката, башка да ѓи замолчат оние кои веќе ѓи отпишаа...
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Тоооо Хамилтоне мајстор!!! ТИ ИБАМ ВЕТЕЛОТ СЕЉАЧИШТЕ НЕВИДЕНО...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom