Во недела се вози можеби „класиката“ на Ф1... Една од трите според мене, заедно со Монте Карло и Монца... Овие три, се неизбежни во Ф1, патеки кои не умираат... Со оглед на формата, сигурно е дека Ред Бул се фаворити и на оваа трка... Она кое можам да го очекувам е добар пласман на Мекларен, бидејки брзите свиоци и правци се она кое им одговара, па не би ме изненадило и прв ред утре на квалификации или исто таков на крај на трка... Првиот и третиот сектор се оние кои би требало да им припаднат на Мекларен, а вториот на Ред Бул или Ферари... Алонсо е во супер форма на последните неколку трки, па очекувам и тука така да продолжи... Можеби сум скептик за Фетел и Марк, но мислам дека на оваа стаза, и немаат многу многу шанса, бидејки тие крила нема место кај да дојдат до изглед, освен реков во спорите свиоци во вториот сектор, кога се вози со мала брзина, а патеката има успони и падови... Кругот започнува на старт на целна рамнина, па имаме свиок, кој се поминува во прв степен на пренос... Понатаму, имаме еден успон нагоре, опасно место, каде Ковалаинен пред некоја година, имаше удар, и се вози со околу 300 км, се до крај на првиот сектор, место кое е доста долго и одлично за престигнување... За време од 40 секунди, се врват тие спори завои, каде имаме еден десен и еден лев, веднаш по завршувањето на рамнината... Понатаму имаме комплекс од бавни свиоци, па 2 свиоци кои се доста брзи, влево и се минуваат до 4-5 степен на пренос.. Последниот комплекс на спори кривини се минуа со десен и лев, и подоцна се излегува на голема рамнина, каде и започнува третиот сектор.. Се вози со максимална брзина едно 10 12 секунди се додека не се стигне до комплексот на шикани пред старт на целната рамина... Кругот низ Спа завршува, тука...
Се читаме недела
Поздрав