Формула 1 сезона 2010

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Во врска со Шумахер малце да размислите дека баричело направи голема глупост во тој дел се затвара патеката а он почнува да претркува а јасни се правилата возачот може да ја користи целата патеката за да најде најдобро путање, и сосема неочекувано му дојде од десна страна не викам дека и Шумахер скроз коректно изигра требаше во прв момент да се тргне ама и Баричело направи глупост и одма потрча да плаче а Шумахер јавно се извини јавно иако мислам дека во моментот очекуваш напад од десна страна. Ама ако нека си лечи комплекси Баричело.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Во врска со Шумахер малце да размислите дека баричело направи голема глупост во тој дел се затвара патеката а он почнува да претркува а јасни се правилата Возачот може да ја користи целата патеката за да најде најдобро путање, и сосема неочекувано му дојде од десна страна не викам дека и Шумахер скроз коректно изигра требаше во прв момент да се тргне ама и Баричело направи глупост и одма потрча да плаче а Шумахер јавно се извини јавно иако мислам дека во моментот очекуваш напад од десна страна. Ама ако нека си лечи комплекси Баричело.
Во право си, Шуми можеше која сака страна да си ја брани (затвара). Јас го гледам Баричело како кривец бидејки се пикаше во ѕидот, а од друга страна пак, Шумахер беше спремен да го забие догогодишниот чувар и потрчко од колега - носач на ефтини титули и поени. Така ли му враќа шо му го чуваше грбот? И за што? За еден бод? Ќе се исплатеше? Kaде е пријателството, колегијалноста (ако некад постоела?) Гледаме дека ФИА како надлежни за стјуардите става бивши Ф1 возачи...Хил, Дејвидсон, Варвик...лошо му се пишува на Oldmacher :)

Знаеш како викаат: Што си дробел, тоа и ќе си сркаш...Сега кога го имаат старчето во раце ќе си го млатат т.е ќе ја задоволат правдата...
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Во врска со Шумахер малце да размислите дека баричело направи голема глупост во тој дел се затвара патеката а он почнува да претркува а јасни се правилата возачот може да ја користи целата патеката за да најде најдобро путање, и сосема неочекувано му дојде од десна страна не викам дека и Шумахер скроз коректно изигра требаше во прв момент да се тргне ама и Баричело направи глупост и одма потрча да плаче а Шумахер јавно се извини јавно иако мислам дека во моментот очекуваш напад од десна страна. Ама ако нека си лечи комплекси Баричело.
Може да ја користи целата стаза ??? Можи да врти лево десно, значи кај сака... а ? Пијан да не си ти бе ? Возачот може да си одбере една патека на движење и толку... А Шумахер држеше една линија ? а ?

Уствари, казната од 10 позиции подолу на наредната трка, доволно кажува... Дека тоа бил недозволен потег...Ако било правилно тогаш, Хил, не знај, Вие знајте ?!

Ви се молам...Многу поважни личности од нас го осудуваат тој потег, особено дека беше на човек кој му го донесе сите титули на Шумахер... Треба да му направи златен споменик за Баричело... И она кое не можам да го прежалам, го виде во ретровизорот и со голема намера, сврти десно, за да го затвори... Ако загинеше Баричело или потешко се повредеше баш ме интересираше шо ке изјавеше.... Се возеше 324 км на час.... Страшно

--- надополнето ---

Во право си, Шуми можеше која сака страна да си ја брани (затвара). Јас го гледам Баричело како кривец бидејки се пикаше во ѕидот, а од друга страна пак, Шумахер беше спремен да го забие догогодишниот чувар и потрчко од колега - носач на ефтини титули и поени. Така ли му враќа шо му го чуваше грбот? И за што? За еден бод? Ќе се исплатеше? Kaде е пријателството, колегијалноста (ако некад постоела?) Гледаме дека ФИА како надлежни за стјуардите става бивши Ф1 возачи...Хил, Дејвидсон, Варвик...лошо му се пишува на Oldmacher :)

Знаеш како викаат: Што си дробел, тоа и ќе си сркаш...Сега кога го имаат старчето во раце ќе си го млатат т.е ќе ја задоволат правдата...
Се затвора еднаш, а на повеке пати како што го направи тоа Шумахер... Ако има хајлајтс на ф1.ком, види се, јас го снимив на Макс и не можам да поверувам, сеуште во она што го видов
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Може да ја користи целата стаза ??? Можи да врти лево десно, значи кај сака... а ? Пијан да не си ти бе ? Возачот може да си одбере една патека на движење и толку... А Шумахер држеше една линија ? а ?

Уствари, казната од 10 позиции подолу на наредната трка, доволно кажува... Дека тоа бил недозволен потег...Ако било правилно тогаш, Хил, не знај, Вие знајте ?!

Ви се молам...Многу поважни личности од нас го осудуваат тој потег, особено дека беше на човек кој му го донесе сите титули на Шумахер... Треба да му направи златен споменик за Баричело... И она кое не можам да го прежалам, го виде во ретровизорот и со голема намера, сврти десно, за да го затвори... Ако загинеше Баричело или потешко се повредеше баш ме интересираше шо ке изјавеше.... Се возеше 324 км на час.... Страшно

--- надополнето ---

Се затвора еднаш, а на повеке пати како што го направи тоа Шумахер... Ако има хајлајтс на ф1.ком, види се, јас го снимив на Макс и не можам да поверувам, сеуште во она што го видов
Не сум пијан и далеку многу повеќе сум влезе во автомото спортот за разлика од тебе Шумахер која страна ја одбра десната епа што бара баричело од десно да поминува на место каде стазата се затвра има стеснување во лево? Не го оправдувам Шумахер мораше веднаш да се тргне а не да си ја држи линијата и сам тоа си го призна и рече дека немал намера никого да убие туку сакал да му го отежне преминувањето не бил свесен за ѕидот и поради тоа е казната поради не промислен потег а не за намерен има разлика. Значи Браичело треба да си внимава на животот не треба другите да пазат за него.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Македонец 7 - грешиш за Шуми, точно дека е дозволено да се брани една страна, а Шуми одбра да брани само една (десната).
 
M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Лотус повторно со Рено

Откако по трката во Монако беше објавено дека Рено може да снабдува до четири екипи со мотори, првенствено беше посочен Вилијамс како можен клиент, но сега се очекува таков трансфер да направо Лотус.
Според италијанските медиуми, Лотус ќе го потврди префрлањето од Косворт на Рено во текот на летната пауза, пред трката во Белгија. Наспроти ова, надлежниот за оваа проблематика во француската компанија пред една недела изјавил дека нема да има скорешно објавување на таков договор.

- Имаме капацитет да снабдуваме дополнителни тимови во иднина и ќе бидеме расположени да направиме такво нешто доколку е во интерес на Рено и на спортот во целина. Имаше шпекулации во медиумите и беа споменувани различни имиња, но никакво објавување не е предвидено наскоро, гласи изјавата на Роб Вајт, технички директор за моторот во Рено.

Француската компанија во овој момент снабдува два тима, оној сопствениот и оној на Ред Бул. Се верува дека со повторното воведување на КЕРС, за што Рено лобираше со сите сили, нивната позиција ќе се подобри, бидејќи во повеќе наврати од страна на Ред Бул беше посочувано дека имаат 20-30 коњски сили помалку од конкурентите. Рено во 2009 година користеше сопствен КЕРС, кој ќе може да го понуди и на други заинтересирани, додека независниот систем на Мањети Марели ќе биде исто така понуден на пазарот по цена од еден милион евра.
 
T

Tetro

Гостин
Лауда бара казна за Ферари

Ники Лауда го разбуди светот на Формула од летната дремка, потсетувајќи дека ФИА треба допрва да му суди на Ферари по сомневањето дека биле употребени тимски наредби на трката во Германија........
 
T

Tetro

Гостин
Пирели започна со тестирање на пневматиците

Пирели конечно се врати во Формула 1 со отварањето на првото тестирање на нивните нови пнемватици во Муѓело, Италија.

Тест возачот Ник Хајдфилд со болидот на Тојота од минатата сезона во вторникот и средата беше човекот кој беше задолжен за евалуација на гумите.

- Ова е првиот чекор кон вракањето во Ф1 и задоволни сме од податоците што ги собравме за време на ова тестирање. Сконцентрирани сме на финализирање на профилите на задните и предните гуми – процес кој ќе трае на следните тестирања – изјави директорот за моторспорт на Пирели Пол Хембри

- Муѓело има подглога која брзо ги гранулира пнемвамтиците , а сето тоа е надополнето со долги и доста брзи свиоци. Се наоѓаме во ситуацијата во која посакувавме и сега имаме многу за анализирање – заврши тој.

Покрај Ф1 тестот, на тестирањето се појави и возачот Бен Ханли кој ги тестираше пневматиците на Пирели за потребите на ГП2 серијата со болидот на Далара.

Следниот тест е закажан во Монца следната недела.

Извор на веста
 
M1K1 007

не у еу
Член од
7 јули 2009
Мислења
1.796
Поени од реакции
571
Дедо Берни ја сака Даница

Со вклучувањето на САД ГП во Остин, Тексас, Берни Еклстоун и промоторот на оваа трка Tаво Хелмунд се сигурни дека учеството на американски возач во Ф1 шампионатот би било добро за овој спорт. Ф1 е без американски возач од 2007 година кога Скот Спид го напушти тимот на Торо Росо.

"Во однос на американски возач, ние се обидовме во таа насока, но очигледно она што недостасува е вистинскиот став. Можете да се тркате успешно во САД без огромните напори што требаат да се успее во Формула 1. Но, да се има некој како Даница Патрик во Формула 1 ќе биде совршена реклама за овој спорт."- изјави Еклстоун.

"Се разбира дека ќе биде фантастично да имаме американски возач", се надоврза Хелмунд. "Но, постои еден млад мексикански возач Перез, кој прави одлична работа во GP2 во моментов. За него САД Гран При-то би можело да биде еден вид на домашната трка, бидејќи растојанието од Остин до Мексико е само 250 километри."
 
Kaj moze amaerikancite da se trkaat koga znaat samo na levo da vrtat :pos2:

Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Не сум пијан и далеку многу повеќе сум влезе во автомото спортот за разлика од тебе Шумахер која страна ја одбра десната епа што бара баричело од десно да поминува на место каде стазата се затвра има стеснување во лево? Не го оправдувам Шумахер мораше веднаш да се тргне а не да си ја држи линијата и сам тоа си го призна и рече дека немал намера никого да убие туку сакал да му го отежне преминувањето не бил свесен за ѕидот и поради тоа е казната поради не промислен потег а не за намерен има разлика. Значи Браичело треба да си внимава на животот не треба другите да пазат за него.
Е де знам, сите се некој и нешто на форумов... Ти да не возиш за некој таен Ф1 тим ? А ?

Шумахер возеше на левата страна, која беше страната на „совршената линија на стазата“, се префрли на средина, и кога Рубенс имаше поголема моќност од него, премина на десно... Кога Шумахер го виде во ретровизор, веднаш нагло сврти десно.... Ако се беше чисто, објасни ми молим те, поупатен дека си, зошто е казната ??? Ти се молам..

Оди на www.f1.com и види го хајлајтсот и ке видиш... Бев почитувач на титулите на Шумахер, но увидов дека не го залужува ниту тоа
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Е де знам, сите се некој и нешто на форумов... Ти да не возиш за некој таен Ф1 тим ? А ?

Шумахер возеше на левата страна, која беше страната на „совршената линија на стазата“, се префрли на средина, и кога Рубенс имаше поголема моќност од него, премина на десно... Кога Шумахер го виде во ретровизор, веднаш нагло сврти десно.... Ако се беше чисто, објасни ми молим те, поупатен дека си, зошто е казната ??? Ти се молам..

Оди на www.f1.com и види го хајлајтсот и ке видиш... Бев почитувач на титулите на Шумахер, но увидов дека не го залужува ниту тоа
Ако беше писмен ке прочиташе зашто е казната ама изгледа не си писмен. И за твоја информација не возам за таен Ф1 тим ама сепак сум во тркачки тим поздрав
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.542
Поени од реакции
5.772
Ај нема врска, сеа џабе, јас едно, ти друго... Само не кријам дека не го сакам Шумахер и тоа е тоа...

И бтв, ама потписот е закон... Нема маж... Колку се смеев, сам, ко матуф...

Поздрав
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.958
Конечно. Поминаа 3 недели и Ф1 тимовите влегуваат во завршната, одлучувачка третина од првенството. Првата од последните 7 трки почнува овој викенд, а тоа е одличната Спа во Белгија. Вебер влегува со предност од +4 бода во однос на Хамилтон, а после нив следуваат Фетел, Батон и Алонсо, сите петорица збиени во 20 бода. Понеизвесно, здравје.

Ферари во последните 3-4 ГП ја подобрија драстично својата форма, со што и Алонсо дојде на ''само'' -20 во однос и лидерот, а и се подобрија доста во генералниот пласман. Големата самодоверба, на крилата на добрата форма му донесе и 2 најдобри времиња на Алонсо денес по дождливо време. РБ изјавија, а тоа и денес се потврди дека Спа, па и Монца (кои се всушност и двете последни Европски патеки) не им одговараат баш нај нај, со што би можело и да го расипат пласманот, доколку се разбира другите 2 конкурента експлодираат. Голема надеж во поглед на подобрување на формата кај МекЛарен влеваат денешниве солидни резултати, да не кажам рамо до рамо со Ферари. Метеото на f1.com покажуваше дожд за време на трката, до вчера, а денес стои облачно време. Така да најверојатно и тие не се 100% што и како стојат со дождот. Сепак имало или немало дожд, не е многу битно, и вака возбудлива трка е повеќе од загарантирана.

http://www.formula1.com/results/season/2010/836/6773/
http://www.formula1.com/results/season/2010/836/6774/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom