Формула за совршено среќен и успешен живот

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Успехот е релативна работа со безброј примери...
-За дете кое сеуште не проодело,успех е да прооди...
-Кога пријателот,партнерот или семејството е во тешка ситуација да можеш да помогнеш...
-Да го задржиш здравиот разум и да продолжиш понатаму и кога многу работи во животот не се најсјајни или не се баш како што би сакал...
-Да го победиш стравот од нешто или пак да бидеш во ситуација да го одбереш доброто наместо лошото......и уште многу слични примери.

Мислите ли дека успешен живот е да имате многу пари,статус во друштво или да имате малку пари,ама затоа да имате лична среќа,среќен брак,семејство,пријатели кои ве почитуваат или пак можеби нешто трето?
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Успехот, како што и сама кажа, секој може да го дефинира различно.
За мене лично, успехот е да го постигнам она што го сакам во животот на професионален план, притоа останувајќи близок и исполнет со љубов кон семејството и најблиските пријатели.
Успехот за мене претставува одржувањето на една константна граница помеѓу приватноста и професионалноста каде и на двете страни би владееле мир, спокојство и совршенство.
Да се успее во балансот помеѓу овие две работи и истовремено да се биде успешен во нив за мене е правата дефиницја на успешен живот.:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не прифаќам ништо под ѕвездите.

Затоа и деновите полни слава, гордост и респект ми се одвратни ако не можам да ги спојам со длабочините од каде потекнува великоста на бојата на виножитото. Не мора токму со виножитото, ќе се задоволам едноставно смислата на боите.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Успехот е релативна работа со безброј примери...
-За дете кое сеуште не проодело,успех е да прооди...
-Кога пријателот,партнерот или семејството е во тешка ситуација да можеш да помогнеш...
-Да го задржиш здравиот разум и да продолжиш понатаму и кога многу работи во животот не се најсјајни или не се баш како што би сакал...
-Да го победиш стравот од нешто или пак да бидеш во ситуација да го одбереш доброто наместо лошото......и уште многу слични примери.

Мислите ли дека успешен живот е да имате многу пари,статус во друштво или да имате малку пари,ама затоа да имате лична среќа,среќен брак,семејство,пријатели кои ве почитуваат или пак можеби нешто трето?
Цело е кога има се, нели?

Се е поврзано едно со друго, неможе да се функционира ако нешто од многуте работи наведени фалат. По некоја логика ќе фали и нешто друго и тоа нешто ќе прави да фали нешто друго.. и така натака.
Не за џабе викаат „Здравје, среќа, љубов и пари“ тие четири работи се потребни за успешен живот.
 

login.php

404 Error on index.php
Член од
5 јуни 2009
Мислења
696
Поени од реакции
28
За успешен живот најважни се парите

Порано може не биле толку важни ама сега како што иде стануваат се поважни и поважни па кој сака нека веле дека не се важни парите.

Иначе јас под пари подразбирам две работи
1. Труд и работа и
2. Наследени пари (луѓе со среќа)

Првите спаѓаат луѓе кои успешниот живот го постигнуваат со труд и работа...

А од вторите јас би ги поделил на два дела
-Луѓе со памет и
-Луѓе без памет
Бидеќи има и од луѓето кои имаат пари а завршуваат со неуспешен живот како на пр: Дрогашите...Али во македонија вакви нема а и да има може 1 %...

За успешен живот
Парите и паметот.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Во различни нивоа од нашиот развој се различни и нормите врз кои го темелиме нашиот успех. А и самиот статус во општеството ни одредува една водилка која ни покажува што треба да не задоволи за да кажеме дека имаме успешен живот. Секако ако бизнисот ни е професија, парите ќе ни бидат мерка за успешен живот, од едноставна причина што потсвеста ни диктира дека единствен начин кој ти го задржува статусот бизнисмен се парите, а со тоа и бенифициите на системот кој ти ги носи со тој статус. Така е со секоја професија посебно. Меѓутоа тоа се лажни мерки за успешен живот и тие виреат се до тогаш додека не постигнеме врв во она што сме го одбрале како статус кој не води низ општеството. Најчесто човек многу касно дознава дека всушност следењето на срцето го одредува и степенот на успешноста во животот, но секогаш тоа доаѓа на крај и касно , секогаш кога човек нема втора шанса. Најинтересно е што тоа секогаш се повторува и повторува и ретко кој за вакви животни избори прима совет од некој кој го искусил она што всушност не било она што требало да биде. За жал.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Да немам многу пари, таман да си имам и среќен да си бидам многу јасно.:smir:

Не е се у парите.:wink:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Успехот го гледам во остварувањето на целите,дологорочните и краткорочните планови.Секако тоа треба да биде проследено со задоволство,можеби не во секој момент но генерално и доколку се остварат целите а притоа не чуствуваме задоволство при нивното остварување,трудот бил залуден бидејки среќата од резултатот трае кратко,и веднаш се поставува нова цел и повторно започнува битката.
Всушност успехот е да победуваш во битките кои ги избираш и да се забавуваш при тоа.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Успехот е многу релативна работа во животот.За мене може успех да претставува да бидам опкружена со што поголем круг на пријатели или да бидам успешна на моето идно работно место.Да бидам посветен родител и сопружник итн итн..
А за друг да е успех колата што ја вози,саат што го носи итн итн...

Според мене успех е кога ќе си ги остварам долгопланираните мои цели, кога ќе ги остварам моите предизвици,кога ќе донесам насмевка на лицата на блиските, кога имам внатрешен мир и целосно исполнет живот:pipi:
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
успех?таков рецепт да барате нема да најдите...не е фиктиво туку е променливо...
иначе мислам за добар живот мн зависи од самиот себе и голем дел од партнерот твој
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Освен што е релативна работа ,успехот знае човекот да го направи пресреќен и презадоволен !Успех е што сум една нормална девојка,што живее нормален живот и што при толку нездрав свет и луѓе останала присебна .Имам цел кон која успешно чекорам ,имам семејство и пријатели кои ми го разубавуваат животот...Најголем успех според мене ќе биде кога ќе дипломирам бидејќи најважниот успех веќе сум го постигнала.

п.с Живот је некад сив некад жут ,живот је ,живот је кад си жив ...живот је за то крив!
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Секоја поставена и после достигната цел претставува успех за една индивидуа е сеа зависи колкави цели имаме и дали сме свесни за нашта спосбност да ги достигнеме кога сето тоа добро ке се усогласе и урамнотеже ке се осекаш успешен без разлика како изглеа од страна...
 

@Dule@

Бананамен )))
Член од
24 ноември 2009
Мислења
119
Поени од реакции
1
Успехот е релативна работа со безброј примери...
-За дете кое сеуште не проодело,успех е да прооди...
-Кога пријателот,партнерот или семејството е во тешка ситуација да можеш да помогнеш...
-Да го задржиш здравиот разум и да продолжиш понатаму и кога многу работи во животот не се најсјајни или не се баш како што би сакал...
-Да го победиш стравот од нешто или пак да бидеш во ситуација да го одбереш доброто наместо лошото......и уште многу слични примери.

Мислите ли дека успешен живот е да имате многу пари,статус во друштво или да имате малку пари,ама затоа да имате лична среќа,среќен брак,семејство,пријатели кои ве почитуваат или пак можеби нешто трето?


ЗДРАВЈЕ,МИР,СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО тоа е среќата на животот се друго после би требало да си дојде


поздрав
 

nonchalant

i4 ne mi 4ue
Член од
27 ноември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
2
Zenite gi sakaat uspeshnite mazi, vo uspeshniot zivot...mhm, da...nastojuvajte da bidete uspeshni momci...na sekoe pole bukvalno vo zivotot.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
успех е секогаш кога ке се надминам самиот себеси
 

Kajgana Shop

На врв Bottom