Формирање на македонска политичка нација. Реалност или сон?

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Aко се однесува ова на мене, те молам кажи ми по што утврди дека сум член на некоја партија??? И зошто политичарот не смее да помисли да спомне збор нација?

Од кога и темите станаа предавнички? Можеби тебе повеќе ти одговараат темите за етнички чисти територии. Ако е така слободно кажи.
Da ama samo ako "makedonci" kako tebe si otidat so niv.
Makedonija za makedoncite a ne za malcinstvata.
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120

ТМРО, преку форуми не се покажува кој е поголем Македонец и поголем патриот. И суштината на темата погрешно си ја разбрал. Се работи за интегрирање на останатите етноси во македонската нација и формирање на посилно ткиво во оваа држава (никој не спомна дека тоа одма треба да започне), а не предавнички заложби за искоренување на Македонците.

Околу болдираното, би сакал да си во право, но Македнија на Македонците (како национална држава) беше до 2001, од тогаш е Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати. Во 2001 е ставен крај на приказната за унитарна Македонија. Не ти сум јас крив за тоа.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Зошто малцинството би се декларирало како Македонци (мнозинство)? Нема смисла... во еден дел ги нарекуваш малцинство, и после очекуваш истите тие да се декларираат како Македонци :toe:
ако сакаш толку памет да испаднеш браво за тебе,така напишав за да не ги пишувам сите националности во македонија,гледам дека не се ни потруди да го негираш или да го потврдиш мојот пост,туку се зафати за мои банални зборчиња!!!!!!!

ТМРО, преку форуми не се покажува кој е поголем Македонец и поголем патриот. И суштината на темата погрешно си ја разбрал. Се работи за интегрирање на останатите етноси во македонската нација и формирање на посилно ткиво во оваа држава (никој не спомна дека тоа одма треба да започне), а не предавнички заложби за искоренување на Македонците.

Околу болдираното, би сакал да си во право, но Македнија на Македонците (како национална држава) беше до 2001, од тогаш е Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати. Во 2001 е ставен крај на приказната за унитарна Македонија. Не ти сум јас крив за тоа.
по се изгледа почнаа МАКЕДОНЦИТЕ да попуштаат од влијанието на ЕВРОПА!!!!!!!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
27
Поени од реакции
4
Би сакал да продискутираме околу можноста за формирање на македонска политичка нација која би се засновала на еднаков (или процентуален) удел на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и да се изгради македонски модел на американската нација, која би делела иста култура, вредности, јазик и чувство за припадност. Македонскиот модел по примерот на американскиот (или швајцарскиот) би понудил решение на националистичките и сепаратистичките пројави кај дел од албанското население кое поради одредено незадоволство од правата и положбата во РМ повеќе се идентификува со Албанците во Албанија и Косово (како и самите држави). Македонската политичка нација составена од Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати етнички заедници (делови од народ) во РМ би била силен одговор на злите јазици кои се обидуваат да ја раскинат и раздробат територијалната целовитост на Република Македонија.

Е сега би упатил неколку прашања:

1. Дали сметате дека македонското општество моментално или во некои идни (подобри) денови е (или би било) зрело за ваков процес на здружување (кој се разбира би бил постепен, но долгорочен)?

2. Дали Македонците повеќе ќе изгубат отколку што ќе добијат од формирањето на македонската политичка нација (составена од горенаведените етноси)? Со други зборови, дали Македонецот ќе го изгуби идентитетот во таа мешавина од етникуми, вери и различни култури?

3. Дали формирањето на македонска политичка нација ќе доведе до долгорочна стабилност и безбедност на територијата на Република Македонија и ќе стави крај на меѓуетничките конфликти во нашата држава?

Мое мислење е дека овој концепт (доколку реално би се остварил) е подобро решение, односно замена за широките апетити на албанското население кои одат до бинационална држава, менување на устав, знаме, грб, химна, федерализација, па и можност за сепаратизам, односно отцепување на пределите населени со мнозинско албанско население. Преку влегувањето во македонската нација, "етничкиот Албанец би станал политички Македонец." (позајмено од Денко Малевски)
Културниот плурализам во Македонија во изминативе години, покрај можноста за слободно политичко (верско, културно и сл.) изразување донесе и зголемен раст на национализмот и меѓуетничките тензии. Можеби културното зближување на етносите ќе доведе до поголема толеранција и разбирање, но и сплотеност во однос на клучните прашања за Македонија.

За крај, дали мислите дека формирањето на политичка нација е (нај)добра алтернатива за спречување на евентуалната радикализација на меѓуетничките конфликти во иднина, посебно меѓу македонскиот и албанскиот фактор?
АКО САКАШ ДА НАПРАВИШ ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА- УБИ СЕ! ИЛИ ОДИ ЛЕЧИ СЕ ! :toe:

ТМРО, преку форуми не се покажува кој е поголем Македонец и поголем патриот. И суштината на темата погрешно си ја разбрал. Се работи за интегрирање на останатите етноси во македонската нација и формирање на посилно ткиво во оваа држава (никој не спомна дека тоа одма треба да започне), а не предавнички заложби за искоренување на Македонците.

Околу болдираното, би сакал да си во право, но Македнија на Македонците (како национална држава) беше до 2001, од тогаш е Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати. Во 2001 е ставен крај на приказната за унитарна Македонија. Не ти сум јас крив за тоа.
АБЕ ТИ ВРСКА НЕМАШ ШТО ЗНАЧИ УНИТАРНА ДРЖАВА :pos2:
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
АКО САКАШ ДА НАПРАВИШ ДОБРО ЗА МАКЕДОНИЈА- УБИ СЕ! ИЛИ ОДИ ЛЕЧИ СЕ ! :toe:

АБЕ ТИ ВРСКА НЕМАШ ШТО ЗНАЧИ УНИТАРНА ДРЖАВА :pos2:
Дечко за тебе само еден бан треба, поради тоа што не умееш да дадеш издржан одговор и поради навреда на членови! Кога ќе дадеш образложение на твојот одговор слободно реплицирај на темава.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Пишувам по втор пат за да кажам дека ова може да биде сон, но само сон кој се базира врз моментно пополнување на некоја секунда во времето на пасивната состојба на човекот т.е. одмарајќи се паднат во длабок сон. Ако пак се земе како прогресивна идеја, тогаш таквата идеја е исто така утопија затоа што барем сега, а и во блиска и подалечна иднина не дава никакви, ама баш никакви шанси за реалност. Историјата е хроничар на т.н. прогресивни идеи кои не соодветствувале со времето во кое биле изнесени. Жив пример е и социјализмот како општество, кој како таков го промаши векот за негова реализација. Во конкретниов случај, пак ќе повторам нема ниту една причина врз која би се барало повод за започнување на реализација на ова. Јас пак ќе повторам, колку и да изгледа оваа идеја како прогресивна која нуди решение за решавање на некаков проблем, како таква би создала уште поголем проблем и јаз кај Македонскиот народ и уште поголема разединетост, а чуство на повторно подредена улога на Албанците и останатите малцинства во Македонија.
Прашање:
Како ќе се нарекува нацијата која треба да се формира, знаејќи го фактот дека таа би се формирала како нација од рамноправни субјекти, нема ли и овде да се постави дискусија за името на нацијата со оглед на фактот дека некој се дрзнал да го оспорува името на Македонија. Не е ли ова сопствена замка и јамка околу вратот?
 
Името не е најголемиот проблем. Македонска нација (по името на самата држава). Поголеми проблеми ќе се јават околу јазикот, културата и самата интеграција на албанската заедница конкретно. Можеби концептот не е баш добро поставен и од моја страна, бидејќи алудирав на американското мултиетничко општество кое прераснало во американска нација, но повеќе од јасно е дека тој концепт моментално за нас е невозможен. Ние сме си Балкан во кој сеуште болат историските неправди и сеуште политиката премногу се меша во историјата.
АБЦ, добро кажа: кога ќе имаме македонски СОН, може да се разговара и за македонска нација. Преформулирано: кога македонските граѓани ќе престанат да се замараат со политика, национализам, романтика (кога сите човечки и политички прави на Македонците ќе бидат остварени и прифатени), кога ќе живеат на висока нога и ќе имаат мирен и спокоен живот, тогаш ќе може и поотворено да се разговара на оваа тема.

Јас најдлабоко се извинувам, ако некој помисли дека со оваа тема сакав да направам раздор меѓу македонското етничко ткиво, тоа не ми беше целта. Поентата ми беше како сите граѓани на нашата Македонија да живеат еден подобар, посложен живот, исполнет со меѓусебна почит, толеранција и помагање.
 
Тогаш ќе нема потреба да се разговара за таква тема нели? :smir: :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
27
Поени од реакции
4
Ооооооо оооооооооооо, оооооооо!

Дури и по американски или швајцарски терк?
Ух сега го прочитав овој бисер !
Во европа државите се формирани како национални !
Ова по рамковниот договор е американски концепт кој претходно пропаднал за Кипар, значи ние сме феномен !!!
Швајцарија има друга предисторија, секоја од матичните држави сега соседи на Швајцарија, отстапиле по дел од својата територија за да се избегнат воените конфликти. Но според таква логика Македонија е држава на Срби, Бугари, Грци и Албанци ???
Така ли ја сметаш ? -Каде е македонскиот народ ???
Има ли Македонија друга матична држава?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Aко се однесува ова на мене, те молам кажи ми по што утврди дека сум член на некоја партија??? И зошто политичарот не смее да помисли да спомне збор нација?
Не ни помислив да етикетирам некого (тука во секој случај претпоставувам дека има повеќе симпатизери отколку активни членови)...

Кај нас е премногу осетливо прашањето на тема: нација. Тоа што зборев е во смисла дека во моментов суптилноста и комплексноста на политичките прилики не би требало дополнително да се оптоварува со такви адитиви...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Ух сега го прочитав овој бисер !
Во европа државите се формирани како национални !
А кај нас како се формираат?

Ова по рамковниот договор е американски концепт кој претходно пропаднал за Кипар, значи ние сме феномен !!!
Зашто феномен? Затоа што и покрај тоа што гледаме дека не функционира се правиме на Тошо и ја бутаме главата во земја?

Така ли ја сметаш ? -Каде е македонскиот народ ???
Како каде е? Ке биде конституитивен народ во Македонија заедно со Албанскиот,Србскиот итн. Сите тие етноси ке ја формираат Македонската нација.

Има ли Македонија друга матична држава?
Македонците немаат друга држава, ама еве за 18 години Албанците направија Албанија од Западна Македонија. Така да како што тргнала работава голема е веројатноста да ни се смали нашава Македонија.:jaj: 90% од Албанците ако ги прашаш би сакале да се оддели Западна Македонија и да се припои со Албанија. А ние само им помагаме во тоа со ``правата`` што им ги даваме.:toe:
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
А кај нас како се формираат?

Зашто феномен? Затоа што и покрај тоа што гледаме дека не функционира се правиме на Тошо и ја бутаме главата во земја?

Како каде е? Ке биде конституитивен народ во Македонија заедно со Албанскиот,Србскиот итн. Сите тие етноси ке ја формираат Македонската нација.

Македонците немаат друга држава, ама еве за 18 години Албанците направија Албанија од Западна Македонија. Така да како што тргнала работава голема е веројатноста да ни се смали нашава Македонија.:jaj: 90% од Албанците ако ги прашаш би сакале да се оддели Западна Македонија и да се припои со Албанија. А ние само им помагаме во тоа со ``правата`` што им ги даваме.:toe:

па да прашаш и 90% од Македонците ќе ти кажат ако се отселат Албанциве поубаво ќе живееме!!!!!!!
преиспитај се дечко што кажа??????/ако беше така немаше да се случи 2001,немаше да бараат некакви "права", вработувања кои само кај нас ги има(лабараториски глувци станавме) туку сите ќе ЗАСТАНЕЕ ЗА ЈАКА И МОЌНА МАКЕДОНИЈА но по се изгледа тие/дел од етносите-ТОА НЕ ГО САКААТ!!!!!!!
 
demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Ваква идеjа ке може да се реализира тек тогаш,кога во Македониjа ке се роди Институциjа,коjа што ке издава документи дека ,,даденото лице е Македонец по националност,,

Jас досега немам видено документ,во коjшто стои дека сум Македонец.:toe:

Едноставно,насекаде те пишуваат како ,,државjанин на Република Македониjа,, или ,,државjанство македонско,, но никаде не стои ,,Македонец,,

Многу гнила е таа работа,дури и сомнителна ми изгледа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom