Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Мене ми прави кејф. Светски не е, ама верувам дека во иднина списанието ќе добие таков шмек. Самите издавачи кажаа дека не очекувале дека цело списание ќе го пополнат со Македонски филмови. Има време, и се надевам ќе им се прошири екипата па за брзо да добијат и сајт и повеќе рецензии, интервјуа и сл. Убаво би било и некој постер или цд па макар и зголемиле цена.
Исто. И мене ми прави мерак. И јас верувам дека ќе се надградува, проширува, поправа. Да, кажаа дека не очекувале да го пополнат цело списание со македонски филмови, но понуденото во овој број е само мал дел од сѐ она што е снимено во последно време, што се снима и што ќе се снима кај нас, верувај, што значи - можеше уште повеќе. Иако сите мислат дека во Македонија се снима филм еднаш на 3 години, не е баш така. Филмскиот фонд по два пати годишно распишува конкурс за финансирање на филмски проекти. Поголем дел од парите одат за нашите проекти, мал дел - за странски филмови во кои ние влегуваме со малцински удел. Еве, кокретно, во 2016 - до сега беа прикажани:

-4 премиери на играни филмови во 2016 + Лазар кој ја имаше лани премиерата на Манаки, а годинава ги имаше кино-проекциите. Лани беа 5 играни филмови. 3 играни филма се во завршна фаза, влезени во пост-продукција, 3 се во фаза на снимање, а дури 13 други имаат добиено средства и треба да почнат да се снимаат (некои можеби и почнале, немам информации).
-14 документарни филмови имале премиера во 2015/2016, 3 се во фаза на пост-продукција, 8 се снимаат во моментов, а други 11 треба да почнат со продукција.
-12 кратки филмови имале премиера во 2015/2016, 5 се во фаза на пост-продукција, а уште 18 други се финансирани и треба да бидат снимени
-10 анимирани филмови се снимени/во пост-продукција/се снимаат или добиле финансии за 2015/2016, од кои еден долгометражен, што воедно ќе биде и првиот македонски долгометражен анимиран филм
-Македонија учествувала со свои средства во снимањето на 11 странски играни филмови во 2015/2016, од кои годинава три се во трката за Оскар: косовскиот, црногорскиот и романскиот претставник.
-плус, да не ги бројам копродукциите во кои Македонија има малцински удел на документарни и кратки филмови - сигурно се уште 20-30.

Мене ова не ми изгледа на „малку“, што значи има уште што да се пишува за нашите нови филмови. Држави како Црна Гора и Косово, на пример, вложуваат многу помалку средства во филмската уметност отколку ние, но веројатно они знаат како и каде да ги вложат - на вистинското место (Косово лани, за прв пат на Оскарите, а имаше номиниран филм за најдобар краток (live action)).

И и јас сакам и постери, и ДВД-ја... Што значи - истото го зборуваме. :P
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.799
Поени од реакции
8.221
Покрај филмови интересно би било да пишуваат и за серииве македонски.

Ете сега ќе почне со прикажување на серијата Преспав на Телма, Канал 5 имаат серија од Јани Бојаџи Болка во душата, Алфа имаат серија Комшиски моабети.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Уредникот на списанието, филмскиот критичар Влатко Галевски со коментар за Кајгана коментарите и реакциите. Не' читаат и уредниците :)

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1736912313297690&set=a.1381466175508974.1073741829.100009368136494&type=3&theater

ЉУБИТЕЛИ И ПОЧИТУВАЧИ НA ФИЛМСКАТА УМЕТНОСТ
Читам на Кајгана коментари за ФИЛМ+. Искрено, мило ми е што уште за најавата на списанието има многу коментари. Има одлични реакции, скептични ставови и сомневања дека кај нас нешто такво може да успее. Дел од коментарите и очекувањата се дека без Холивуд списанието нема да биде интересно. А кој вели дека нема да има Холивуд? Нема да ги третираме мејн стрим филмовите, блокбастерите и холивудските лимонади, тоа го имате на сто филмски сајтови! Но, Холивуд и тоа како е значаен во филмската уметност, тој е практично колевката на филмот, произвел брилијантни дела и во минатото а повремено и денес. Тие секако ќе најдат соодветен третман во ФИЛМ+.Ние, сепкак акцентот ќе го ставаме на независните продукции кои како во Америка така и во Европа и останатиот свет носат свеж уметнички здив, Ќе ја покриваме областа на значајните фестивалски премиери, делумно и во живо, а што се однесува до македонскиот филм, сметаме дека пошироката јавност воопшто не е запозната што се снима во Македонија, какви филмски проекти се планираат, кои се нашите млади талентирани режисери, актери, сценаристи, сниматели...сакаме аргументирано и без пардон да се рецензираат сите нови македонски играни, документарни и анимирани филмови. Сакаме да ве запознаеме и со факти кои се често само рекла-казала кога станува збор за финансирањето на филмовите... па самите вие да процените дали парите вложени во филм се разумно и правилно инвестирани. За оние, автори со голема суета, вистината нема да биде пријатна, нема да бидат поштедени од критики само затоа што направиле "македонски производ"! Ве уверуваме дека најголемиот дел од содржините на ФИЛМ+ нема да ги најдете на интернет, нашата цел е да откриваме, критикуваме, пофалуваме и информираме за она што не е стопати преџвакано и таблоидно, и да внесеме сериозна доза на авторство во третирњето на филмот.
Поздрав од екипата и соработниците на ФИЛМ+
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.799
Поени од реакции
8.221
Jaс им пратив кога беше гостин во Петар за појадок и пауза линк од темава :)

Денес го видов списанието во трафика онака пак на брзање и немав време да се задржувам да го купам. Од она што видов е дека има добар дизајн на страниците убава големина на фонт за секој да може да го чита па и оние со послаб вид. Единсвено што не ми се допадна е што нема подебела корица со дебела ивица па да може колекционерите да го стават на полица исправено. Сеуште за содржината не можам да коментирам и затоав утре или во понеделник најкасно го купувам па ќе пиашм некој ден дали ми се допаднало или не .
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.093
Супер чим читаат коментари и критики. А, за Холивуд не знам зошто воопшто се дискутира кога уште на прва страна Сунчица пишува, цитирам:
„Ние навистина сакавме првенствено да бидеме посветени на македонскиот филм, но не очекувавме дека ќе го наполниме целиот број и дека дури ќе нема место за еден поголем преглед за тоа што ќе се случува во светот. Тоа секако ќе го направиме во следните броеви, бидејќи ова покажува една жива и пулсирачка средина во која и тоа како има потреба од вакво списание."
Чекаме втор број!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.799
Поени од реакции
8.221
Да се пофалам и јас го купив списанието. Ми се допадна како е испечатено и каков е дизајнот. Гледам го рекламираат и репертоарот во Cineplexx така да колку толку има и холивудски филмови.
Мене текстовите ми се малку чудни затоа што јас и не сум многу упатен во филмови поготово не во овие европскиве, во овие филмови кој не се до толку комерцијализирани нити па сум бил некогаш на некој фестивал сум отишол во кино на македонски филм освен на Прашина што бев како дете семејно. Но како и да е можеби списаниево повеќе интерес ќе побуди кај мене за филмови.

За македонскиве филмови требале да најдат повеќе фотографии (да не речам слики).

Јас би сакал во некој од броевитеда видам двд филмови во некој од броевите а и постери од наши македонски филмови. Зошто да некој дома нема закачено/урамено на ѕид постер од Џган или Осободувањето на Скопје. Би било интересно кога би се посветило и страни за филмовите на балканот, конкретно Србија и Хрватска каде играат и некој наши актери. Друго покрај филмови нека има и текстови за сериите како што спомнав еден пост тука дека сега ете се снимаат и македонски серии колку толку. Исто така добро би било да има тв програма од филмските тв канали. Другото е се супер и се надевам ќе се развива списанието секој месец и секоја година со повеќе страни и повеќе текстови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Исто. И мене ми прави мерак. И јас верувам дека ќе се надградува, проширува, поправа. Да, кажаа дека не очекувале да го пополнат цело списание со македонски филмови, но понуденото во овој број е само мал дел од сѐ она што е снимено во последно време, што се снима и што ќе се снима кај нас, верувај, што значи - можеше уште повеќе. Иако сите мислат дека во Македонија се снима филм еднаш на 3 години, не е баш така. Филмскиот фонд по два пати годишно распишува конкурс за финансирање на филмски проекти. Поголем дел од парите одат за нашите проекти, мал дел - за странски филмови во кои ние влегуваме со малцински удел. Еве, кокретно, во 2016 - до сега беа прикажани:

-4 премиери на играни филмови во 2016 + Лазар кој ја имаше лани премиерата на Манаки, а годинава ги имаше кино-проекциите. Лани беа 5 играни филмови. 3 играни филма се во завршна фаза, влезени во пост-продукција, 3 се во фаза на снимање, а дури 13 други имаат добиено средства и треба да почнат да се снимаат (некои можеби и почнале, немам информации).
-14 документарни филмови имале премиера во 2015/2016, 3 се во фаза на пост-продукција, 8 се снимаат во моментов, а други 11 треба да почнат со продукција.
-12 кратки филмови имале премиера во 2015/2016, 5 се во фаза на пост-продукција, а уште 18 други се финансирани и треба да бидат снимени
-10 анимирани филмови се снимени/во пост-продукција/се снимаат или добиле финансии за 2015/2016, од кои еден долгометражен, што воедно ќе биде и првиот македонски долгометражен анимиран филм
-Македонија учествувала со свои средства во снимањето на 11 странски играни филмови во 2015/2016, од кои годинава три се во трката за Оскар: косовскиот, црногорскиот и романскиот претставник.
-плус, да не ги бројам копродукциите во кои Македонија има малцински удел на документарни и кратки филмови - сигурно се уште 20-30.

Мене ова не ми изгледа на „малку“, што значи има уште што да се пишува за нашите нови филмови. Држави како Црна Гора и Косово, на пример, вложуваат многу помалку средства во филмската уметност отколку ние, но веројатно они знаат како и каде да ги вложат - на вистинското место (Косово лани, за прв пат на Оскарите, а имаше номиниран филм за најдобар краток (live action)).

И и јас сакам и постери, и ДВД-ја... Што значи - истото го зборуваме. :P
Го прочитав и јас викендот. Едно 100% се согласувам со сè напишано во постов. Значи цело списание „го натрупале“ со македонски содржини. Не баш. Има многу повеќе да се пишува за македонскиот филм. И многу повеќе треба да пишуваат за македонскиот филм.

Секој месец се снима по некој краток филм, документарец, па може репортажи директно од сет со фотографии, интервјуа со актерите и режисерите. Да продлабочат малку соработка со режисерите и продуцентите и да најавуваат премиери, да кажат до кај се овие филмови кои се снимани пред 2 години, а абер за премиера немаат.

За Жртва, Ах,љубов моја, Слобода или смрт (што се снимаа годинава очекувам саглам статија) - до каде се Сведок/Чекај ме, новиот на Теона и уште некој филм имаше мислам, што се снимаа уште пред 2 години, а никаква најава нема за скора премиера.
Статијата за Тајната состојка беше ептен слаба, сите информации од статијата јас и претходно ги знаев или ги имав прочитано, освен што 3 од четирите фотографии ги нема на нет. Можеа да разговараат со Ѓорче што е како е ситуацијата со филмот, зашто според информации од одредени филмски сајтови, филмот нема пари за постпродукција на звук.

Али како за прв број ќе им прогледаме низ прсти.

Препорака за класика треба да има, фини се и муабетиве со филмскиве професионалци што не се застапени баш по новиниве, ми се свиѓаше статијата за Un soir.

Со Тајната состојка и Ана Јакимска искрено потфрлиле - требало нови информации, а не „штури“ информации што ќе ги пронајдеш и на нет.

Плус мора да воведат ДВД од македонски филмови кои би ги купиле и понекој постер (се разбира од нашите филмови).

За Холивуд има мал милион сајтови кај што може да се прочитаат и интервјуа и слики и свашта, за нашиот филм нема. Затоа акцентот треба да го задржат на него и на филмските фестивали низ нашава земја со по некоја препорака за класика, интервју со врвен филмаџија од страна и рецензија на нешто квалитетно европско.

Се надевам дека и во иднина ќе не читаат на Кајгана и ќе ги прифаќаат коментарите и критиките со цел да стане списанието уште подобро. И едвај чекам 2ка.
 
S

sim4e

Гостин
Да се пофалам и јас го купив списанието. Ми се допадна како е испечатено и каков е дизајнот. Гледам го рекламираат и репертоарот во Cineplexx така да колку толку има и холивудски филмови.
Мене текстовите ми се малку чудни затоа што јас и не сум многу упатен во филмови поготово не во овие европскиве, во овие филмови кој не се до толку комерцијализирани нити па сум бил некогаш на некој фестивал сум отишол во кино на македонски филм освен на Прашина што бев како дете семејно. Но како и да е можеби списаниево повеќе интерес ќе побуди кај мене за филмови.

За македонскиве филмови требале да најдат повеќе фотографии (да не речам слики).

Јас би сакал во некој од броевитеда видам двд филмови во некој од броевите а и постери од наши македонски филмови. Зошто да некој дома нема закачено/урамено на ѕид постер од Џган или Осободувањето на Скопје. Би било интересно кога би се посветило и страни за филмовите на балканот, конкретно Србија и Хрватска каде играат и некој наши актери. Друго покрај филмови нека има и текстови за сериите како што спомнав еден пост тука дека сега ете се снимаат и македонски серии колку толку. Исто така добро би било да има тв програма од филмските тв канали. Другото е се супер и се надевам ќе се развива списанието секој месец и секоја година со повеќе страни и повеќе текстови.
Да, а освен тв програмата, во следните броеви можат да стават и интервју со Трупче и рецепт за тирамису.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.799
Поени од реакции
8.221
Да, а освен тв програмата, во следните броеви можат да стават и интервју со Трупче и рецепт за тирамису.
Мислев тв програма само од филмски телевизии HBO, Cinestar, TV 1000....
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Вчера (15-ти) немаше втор број по киосциве :(
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
претпоставувам крај на месец ќе излезе 2ка. Ќе чекаат Синедејс, па да стават некоја рецензија од него и да печатат. :noze: Еве чекам и јас да видам што ќе има во број 2, нетрпеливо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom